vezilka RR -> Zumba Fitness (15.2.2012 15:37:25)
|
Што е Zumba Fitness? Zumba Fitness е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Zumba не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Alberto "Beto" Perez, кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Zumba Fitness инструктори. Накратко Zumba Fitness претставува програма на аеробични вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно. Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Cumbia, Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други. Придобивки од ZUMBA Fitness Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу, меѓу кои се: добивање на чуство на среќа и задоволство за време на вежбањето не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење на масните наслаги и обликувањето на мускулите подобрување на координацијата на телото до крајни граници јака и видлива Анти-Стрес терапија трошење на голем број на калории во рамки од 500-1000 калории на 1 час лесна и не-фрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Не сте ни свесни дека ќе знаете да танцувате по неколку часа зумба, а истото да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти. добивање на позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледате добро, туку и добро ќе се чуствувате :) опфаќање на сите групи на мускули во телото елиминирање на двете клучни причини за откажување од вежбањето: недостигот на време и здодевноста. За време на зумба часот, времето ќе помине брзо токму поради спротивниот ефект на здодевноста :) ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели Каква облека треба да носите? Иако постои облека која е наменета за вежбање на Зумба, така наречена ZUMBAwear, може да се вежба на Зумба часовите со облека која ќе биде комотна и пријатна за вежбачот. Задолжителни се патики што одговараат за вежбање, додека другите комбинации на облека се оставени на избор на вежбачот. Првиот час Најдобро е на првиот час да се потрудите да го пратите инструкторот и да ги научите движењата што се користат. Се препорачува да ги пробувате чекорите кога инструкторот ги објаснува пред почетокот на кореографијата. По можност застанете во првите редови за да можете подобро да ги гледате вежбите и полесно да ги копирате од инструкторот. Најважно е да се препуштите на забавата и да уживате во Зумбата. Дозволено е, а и се охрабруваат вежбачите за време на зумба часот да се забавуваат на свој начин, користејќи врескања, пискања, навивање и други „откачени“ активности :)
|
|
|
|