RE: Приредба во градинка или училиште (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Felly RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (15.3.2014 21:13:46)

И кај нас приредбата помина ептен убаво. Дечињата весели, родителите уште повесели. И најважно цела градинка празна после приредбата.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Најважното прашање на сите дечиња беше - „Мамо, ќе ме земеш после?“
А приредбата ептен ми се допадна, сите дечиња изрецитираа по една песничка, па имаше и неколку рецитали, и песнички кои ги испеаја сите заедно. Па на крај ни подарија преубави честитки, кои беа изненадување, М цело време ми спомнуваше, ама не ми кажа до крај што е изненадувањето.
И наредниот ден ја гледаме приредбата, што снимав со апарат, и таа гледа некое детенце од групата и вели - „Гледај го овај, како се натажил. Па нема да иди Дедо Мраз!!!“[sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (2.12.2014 12:28:40)

Кај нас веќе почнаа подготовките за новогодишната приредба. Малку е голем текстот што треба да го научи М (има дел од драмски текст и стихотворба од 5 строфи) но знам дека ептен ќе биде мотивирана бидејќи во драмскиот текст ќе биде НОвата Година и ќе биде облечена во долг бел фустан, со круна и се пропратно, [sm=smiley36.gif] а таа ептен сака принцези, затоа знам дека со радост ќе се нафати да учи.




Snowhite RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (11.6.2015 12:16:56)

Многу ми е криво затоа што Михаил немаше завршна приредба, само затоа што е во мешана група, односно, дел ќе одат на училиште од септември, а повеќето не одат и не спремаа и како да се дикриминирани, казнети затоа што се понапредни, поголеми и ќе одат на училиште. Па мислам дека можеа за тие неколку деца да им дадат да научат по една песничка и да се приклучеа во завршната приредба на големата група, тие имаа и свечено доделување дипломи и приредба. А овие од групата на Михаил само им ги дадоа дипломите на 01 Јуни и тоа беше се




lukajana RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (10.10.2015 13:35:36)

Вчера во нашето училиште имаше приредба по повод детска недела .
Бевме заедно со децата и ја гледавме приредбата ,убаво испланирана ,децата рецитираа ,играа ,имаше хор и на крај им даваа на малите налепници за детска недела ,истите што ни ги даваа нас кога бевме како нив [sm=smiley1.gif].
Се на се беше убаво и Л е полн со впечатоци ,цел ден вежба балет [sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (24.3.2016 9:31:46)

Е, стигнавме и ние за приредба [sm=smiley1.gif].
Вчера во нашата градинка ни прикажаа Пролетна приредба, со активности кои досега ги сработиле дечињата.
Подготвиле рецитал за пролетта и екологијата, прекрасно осмислена. Потоа, на истата тема продолжија со балетска кореографија, па со пеење и уште една кореографија, за да завршат со песничка на англиски јазик (научена на часовите по англиски).
Градинката ја обезбеди целосната костимографија и сценографија.
Дечињата (возраст 4-5 години) беа преслатки, а родителите највозбудени [sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Приредба во градинка или училиште (24.3.2016 9:58:22)

И кај нас ќе има приредба ама наредн месец, гледам се спремаат само слушам песнички по дома и возбудена сум едвај чекам да ја видам како ќе се однесува на приредбата




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]