RE: Чај (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Melanija * -> RE: Чај (10.7.2012 9:38:44)

Jas prasuvav pedijatri i i site stojat na toa deka e podobro da pie caj duri i namesto voda, ama moevo preteruva litroipol na den i noke skoro dve sisenca, a se drugo jade normalno, pie veke kravjo mleko po 1 litar na den[sm=smiley36.gif] od skoro preminavme na kravjo, pie mnogu jogurt, ama sok da ne vidi. Edinstveno se plasam za zabcinjata ama vo cajot nema sheker, pa toa malku me teshi. Pedijatrite vikaat deka vo sokcinjata ima shekeri od kupeckite, a sokovnikot slabo go koristam od pricina sto vo ova ludo vreme, tesko se naoga vreme za se[sm=smiley13.gif]




Annet -> RE: Чај (21.9.2012 13:23:32)

Добар ден,мене денес ме интересира дали некоја мајка го користела чајот на Хумана за заспивање за дечиња.Јас го купив ми рекоа дека е подобар од Хип.Ќе ве замолам да ми пишете ако сте го користеле,дали навистина децата спијат поубаво навечер?
Мојата ќеркичка не спие убаво,плаче.се буди,верувам дека се забите,можеби и нешто се плаши,па сепак ќе го пробаме чајчево....можеби тоа е лек за нас,за добар сон.............




Felly RR -> RE: Чај (8.8.2014 0:48:27)

И оваа тема не била активна одамна. [sm=smiley1.gif] М уште од бебе многу пиеше чај. Уште од првата недела и дававме Бекутан, а потоа почнавме и од Хип различни чаеви/вкусови да купуваме. Сека малку паузираме бидејќи е лето, па сакаме нешто поосвежително.
Кој е омилениот вкус на вашите малечки, и колку тие сакаат да пијат чај?




Defne90 RR -> RE: Чај (8.8.2014 1:17:41)

М пие понекогаш чај обично зима и тоа најчесто од нане коприва или некој овошен најчесто од цреша.Тие три му се најубави и го пие чајот без шеќер.Помалото уште не пие не го сака ама и М беше таков и тој не сакаше да пие чај се до пред една година и после си почна.




sandriana RR -> RE: Чај (6.9.2014 17:17:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pukanka

Zdravo, nie sega ke pocneme 4-ta nedela i dosega sme samo na cicanje ama sakam da pocnam da mu davam i po malce cajce... mozete li da mi kazete kakvo cajce im davavte na vasite najmili i po kolku ml. za ovoj period?
fala [sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

a od koja pricina da davas cajce?ako e bez nikakva pricina ne davaj,zasto da davas bez pricina? a ako imate nekoi problemi so stomaceto togas becutan cajce i nikakvo drugo,nemoj da eksperimentiras so bilki,becutan cajceto si e napraveno bas za doencinja ama pak ke kazam ako si imate nekoja maka a bez pricina ne davaj nisto...imate vreme i za caj i za voda,mali ste uste...pozz





sandriana RR -> RE: Чај (6.9.2014 17:22:27)

За толку малечко бебе, доколку имате грчеви, ќе си побарате од аптека соодветен чај за доенчиња - има Бекутан и на Хип, и доволна е мала количина за почеток, 25-50 мл.




Dilina -> RE: Чај (21.11.2014 19:31:22)

Мајки каков е тој чај за заспивање? Илина мн сака да пие вода, па сега размислувам да и дадам чајче дур почнеме со дохрана, за да почекам до 6ти месец. Сега сме 4 и една недела+ па се мислам... знам за бекутан чајче.. и колку количински? 25-50 доволно ли е? После цицање или пред?




sandriana RR -> RE: Чај (22.11.2014 17:06:39)

Чај за заспивање e Hipp Good Night и за од 6 месечна возраст, и се вика уште чај за смирување. Содржи гликоза, маточина и липов цвет и камилица.
За помали бебиња е чајот на Бекутан и неколку видови други Хипови чаеви за доенчиња и за од 4 месеци има.
Се даваат најмалку пола час пред подој.
Количина за бебе кое е само на доење не треба да биде повеќе од 50 мл. на едно пиење, односно 100-120 мл. во тек на денот.




vezilka RR -> RE: Чај (22.11.2014 20:20:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Илина мн сака да пие вода, па сега размислувам да и дадам чајче дур почнеме со дохрана,

Ако многу сака вода, зошто чај да и даваш? Дај и вода, според мене е подобар избор за бебе на цицање. Барем нема шеќери во водата.




tincule -> RE: Чај (23.11.2014 8:12:59)

Сакав да прашам од кога првпат почнавте да им давате чајче, мојава тек сега со полни 4 месеци треба да и воведам кашички и сокчиња, вода си пие во денот редовно 1 или давпати зависи, а за чај сеуште не сум и дала , па не знам дали да почнам да и давам и чај или мислите нема потреба сега. И со каков чај првпат почнавте?




nataly86 -> RE: Чај (23.11.2014 12:25:20)

Ние сме обратно вода не им давам од 2,5 месеци пијат чај од 50-100мл во текот на цел ден зависи кога како сакаат...пијат на бекутан и хипп чај од коморача кој може од 1 недела старо бебе да се дава...моиве многу го сакаат...Јас наместо водичка им давам чај ем за мешето убавко...
Има исто така од бекутан и до 2 месеци тој е коморача и камилица мислам..




caciana -> RE: Чај (23.11.2014 23:39:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Сакав да прашам од кога првпат почнавте да им давате чајче, мојава тек сега со полни 4 месеци треба да и воведам кашички и сокчиња, вода си пие во денот редовно 1 или давпати зависи, а за чај сеуште не сум и дала , па не знам дали да почнам да и давам и чај или мислите нема потреба сега. И со каков чај првпат почнавте?



Dodeka bebeto e samo ma cicanje Ne treba caj.Inaku za pocetok probajte so cajot na Bekutan.




Dilina -> RE: Чај (23.11.2014 23:51:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Илина мн сака да пие вода, па сега размислувам да и дадам чајче дур почнеме со дохрана,

Ако многу сака вода, зошто чај да и даваш? Дај и вода, според мене е подобар избор за бебе на цицање. Барем нема шеќери во водата.


На овој од бекутан пишува дека нема шеќер.. Јас почнав да и давам ама по мн малце може две голтки едвај да ги пие... чисто колку да проба др вкус :) па за дохрана ќе почекаме, а до тогаш водичка ќе си пие нормално..




Felly RR -> RE: Чај (16.9.2015 10:40:11)

Мамички, ми треба потсетување. На М за грчевите и дававме чај од ким, ама не ми текнува како требаше: водата да зоврие, па се става кимот, и се остава да одстои некоја минута, или заедно со кимот треба да врие?
И кој од чаевите ви помага најмногу за грчеви?




AnnaMolly RR -> RE: Чај (16.9.2015 10:46:27)

Фели јас му варев чајче, во водата ставав 3-4 зрнца ким и заедно ставав да вријат, па после покриен 3-4 минути и така му давав, ама не смируваше многу. Најмногу помогнаа Еспумисан капките иако не му ги елиминираа скрос грчевите, беа многу пократки и полесни.




sandriana RR -> RE: Чај (5.2.2016 10:12:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MM15

Maloto mi e 5.5 meseci i pocnuvame poleka so kasicki. Nekoe vreme probuvam da i dadam voda no ne ja prifaka. Probuvam i caj na hipp isto ne go saka. Ednas probav cajce becutan anason so kamilica i go ispi odma. No kolku sto znam becutan caevite imaat dodaden seker. Ve molam za vase mislenje za becutan caevite





lolla RR -> RE: Чај (8.2.2016 10:23:59)

ММ15 мислам дека на почеток на дохрана бебињата послабо прифаќаат течности. АКо цица ке си прими што и треба, ако не треба малку повеќе упорност.
Не сме користеле Бекутан чај, но ако има шеќер не би го давала, или пак би ограничила употреба. Од кај 7-8 месеци давам чајчиња од Хип без шеќер а колку испива дискутабилно е. Гледам повќе вода да нудам.
Како ориентација, моето синче почна сам да си го зема шишенцето со клунче накај 11 месеци и да пие кога е жеден.




MM15 -> RE: Чај (1.4.2016 11:32:21)

Fala na odgovorot malku kasno ama sepak fala. Veke e 7m malata bidejki jade po 2 obroka na den drugoto e cicanje probuvam poveke vodicka da i dadam ama uste tesko ja prifaka. Moze malku da ispie so lazicka ne so sise. Za cajot popustiv na hipp ne mi go prifakase nikako pa povtorno i dadov becutan samo i go pravam porazreden. Sepak ston e specijalno praven za bebinja ne bi trebalo da e steten pak me misli toa sto pisuva saharoza deka sodrzi ama mora nesto da pie. Se vrakam uste malku na rabota pa mora i toj eden posoj megu dorucek i rucek da i se ukine i ke i trebaat tecnosti. Ke probam da dorsiram so voda i ponataka pa ke vidam kako ke odi.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]