Џесика -> RE: РР дневна соба (4.3.2012 21:10:58)
|
Аааа едвај ве најдов... денес убав ден, сончев, некако овој пат ме заболе за прашината на ТВ-то и за капките на плочките во вц-то и си излеговме тројцата да си шетаме во парк, Борјан се изнатрча, се изнашутиравме топка, ич веѓа не ми мрдна за ефтината струја во недела[sm=smiley36.gif] Во парк цело Скопје, едвај најдовме место за паркирање и баш си помислив, којзнае колку рингерајки се сега овде[sm=smiley36.gif] ама како сум се изнасмеала, така шетајќи се разминувавме со многу кучиња, а Борјан нешто почна да бега од нив, па мм пошто е кучкар се трудеше да го приближи, и онака ни се стрча едно мало бушаво кутре (за раси сум тапа) и Борјан почна да ни се пика меѓу нозе и таа жената го виде дека се плаши и почна на цел глас да си го вика кучето „Џеси дојди, Џеси... ЏЕСИКА ТУКА!!!“ Е не успеав да се воздржам, рикнав на цел глас да се смеам [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|