AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (12.3.2012 12:46:06)
|
Џес, јас кога сакам да му дадам нешто на Филип, а тој не сака, вака правам. На пример за да се научиме да миеме заби имаме една четка на вибрации. Кога ја виде збесна, се извади од памет. Ама јас зедов и демек се мијам, па се радувам, правам будала од себе. После мм. Демек му мијам заби, па се радуваме колку било убаво и триста мајмунлаци изведувавме по дома. И му викам: „Ова е за мама и за тато, не може тебе“. Ова најмногу ми пали сега. Не му давам нешто, а тоа го тера да ме послуша. И пак му викав дека не може него и кога запна сакам, па сакам. И му ја пуштив четката, се утепа и тој од радување и сега немаме проблем. Пробај и така. Ако не успее и тоа, јас би го држела со сила, па колку сака нека плаче ако е за негово добро.
|
|
|
|