Snowhite RR -> RE: РР дневна соба (11.4.2012 8:23:58)
|
Поздрав денеска убав ќе биде денот, а јас па за малку што не почнав да се спремам за на зимовање[sm=smiley36.gif]. А мене да знаете како ми тргна денов. Се спремив од сабајле за на работа, се дотерав, зашто ќе одам на суд, сведок ќе бидам на еден предмет од работа и си одам така важна, одам прво ја земам поштата и потоа продолжувам и излегувам од пошта и кога ми се превиткала ногата, кога сум паднала пред пошта, бруки, станувам, кога ќе видам пантолоните скинати на коленото, леле мајко сега што да правам, па зедов такси, се вратив дома, се преслеков и така. Деновиве само некои глупости такви ми се случуваат, пред некој ден, еден со мотор се удри во мене во колата службената, среќа само јајцата му настрадаа[sm=smiley36.gif], (за вапцување си купил човекот) потоа пред два дена, возам исто со службената кола, на права улица и кога еден излегува од споредно уличе, забрзан, немаше намера да застани, 1мм фалеше да се удри во мене, арно јас што не закочив туку продолжив и го избегнав и сега денеска ова, се надевам овде ќе завршат несреќите, нема да ми се случи полошо нешто[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|