Felly RR -> RE: Рециклирање (12.3.2013 7:32:19)
|
А дали знаете дека освен хартија и пластика може да се рециклира речици 50% од отпадот што го создаваме. Се рециклира и стакло, метал, стари електрични уреди, батерии и сл. А еве што најдов на енергетскаефикасност.инфо. Со преработка на стара хартија се заштедува околу 60% енергија кој би била потрошена за да се добие истиот производ од природен материјал. Со рециклирање на еден тон канцелариски материјал се спасуваат 17 стебла на дрва, а при тоа се заштедува околу 4,200 kWh електрична енергија, како и преку 32,000 литри вода. За разложување на хартиена чаша е потребно околу половина година, додека за разложување на пластична чаша е потребно повеќе од 100 години. За разложување на волнени чорапи и метални конзерви потребно е околу 5 години, додека за пластика потребно е од 10 до 50 година (зависно типот на пластика), за најлон 40 години, додека за разлагање на кожа потребно е 50 години. За разлагање на мастика за џвакање е потребно од 20 до 25 години.
|
|
|
|