AnnaMolly RR -> Среќен роденден, Рингераја! (5.3.2012 14:47:55)
|
Март е месецот во којшто нашата мила Рингераја слави роденден! Оваа година одбележуваме три години дружење со Рингераја.мк! Во овие три години се организираа многу дружби со членовите на порталот, многу хуманитарни настани и проекти, како што е и проектот „Прегратка на дар“, којшто беше повеќе од успешно реализиран благодарение токму на членовите на Рингераја и нивните семејства! Бројот на членовите постојано расте, РР семејството секојдневно се зголемува. Три години сме заедно, споделуваме радост и тага, се поддржуваме... Посакувам така да биде уште мнооогу, мнооогу години. Посакувам Рингераја само да се збогатува со нови мајки и бебенца и заедно да растеме во љубов и слога. По повод три години од постоењето на интернет медиумот Рингераја.мк и успешно завршениот проект "Прегратка на дар" утре, 06.03.2012 година, во конференциската сала на Борис Трајковски ќе се организира прослава со следниот: ДНЕВЕН РЕД 12:20 – 12:35 Официјално отворање на прес конференцијата и свеченоста 12:35 – 12:45 Приказната за Миа (Драмска изведба од Детски Креативен Центар) 12:45 – 13:00 Резултати од Прегратка на Дар (Видео Репортажа) 13:00 – 13:05 Обраќање на Министерот за Труд и Социјална политика, Г. Спиро Ристовски 13:05 – 13:10 Обраќање на амбасадорот на Р. Словенија, Г. Ален Брајан Бергант 13:10 – 13:20 Свечено доделување на благодарници до покровителот и спонзорите на Прегратка на Дар Три години семеен интернет медиум на македонски Кога си среќен, песна во изведба на Андријана Јаневска и дечињата од градинката Корчагин од Скопје
|
|
|
|