RE: Фарбање облека (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


lukas -> RE: Фарбање облека (1.7.2011 9:52:02)

probav so domestos si go izgorev dukserot i pocna da pusta kako bela prasina,bi sovetuvala da ne probuvate so domestos,ako ne izleze so belilo ili so venis,togas kantata ili briska neka bide toa sto ste go zapustile..pozzdravce





Ring -> RE: Фарбање облека (13.1.2013 10:30:14)

Како да избелам бела униформа ? сега ми удира на сиво , затоа што ми залетале црни гаќи со бели алишта....а што ми е уште почудно тие гаќи 100 пати се перени на 60 и неколку пати на 90 и не ми е јасно како уште пуштаат боја
Вариќина не можам да користам затоа што има нешто везено со црн конец и МОРА да остане црно, а ако ставам варикина црното ќе стане кафеаво (една колешка проба и на глава и се качија )
Со Вениш баш и немам искуство ...Поима немам каков да земам
Давајте совети ????




zzaa -> RE: Фарбање облека (13.1.2013 14:01:49)

probaj so Aris-odmrsnuvac,plavo sise go ima po marketite,ke prsnes na flekite,ke tries malku i ke go stavis vo voda taka poprskano da stoi,a potoa se pere,ili so sapunce za perenje vo ima vo site marketi ke tries i na perenje treba da se izvadat flekite,a uste poubavo ako imas domasen sapun so nego se vadi se,ili 3%fidrogen ke isprskas i ke tries bi trebalo da se izvadi.i sum koristela i venis ama ne se vadat site fleki.




Octavia -> RE: Фарбање облека (13.1.2013 18:06:04)

Има во ДМ маркетите средство кое ја отстранува бојата од алишта кои не сакајќи се офарбани. И не е скапо, мислам дека е околу 130 ден. А има и детергент кој демек ја враќа белината на белите алишта. Но сепак, пробај прво со ова средствово од ДМ.




Ring -> RE: Фарбање облека (13.1.2013 22:24:57)

zzaa нема флеки туку целата униформа ми стана светло сива , и не ми е јасно од сите бели алишта само униформата прими нијанса , другите си се бели.....изгледа зависи и од материјалот каков е, некој повеќе впиваат....барем јас имам приметено со омекнувач, некои повеќе мирисаат , некои не , а заедно се перени !
Ај баш ке побарам од тоа средството ДМ ,и ќе пробам...не е скапо...па ќе пишам резултат !
Фала ви девојки [sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]




Beatris -> RE: Фарбање облека (13.1.2013 22:31:50)

Земи од тоа од ДМ за деколоризација, одма ќе ти се врати во нормала. Не ми текнува марката ама во мало бело кутивче се кесички со прашак, нема да го промашиш




kikicka -> RE: Фарбање облека (14.1.2013 0:16:42)

Исто во ДМ имаш и како марамчиња , мало пакување. Тие спречуваат да се фарбаат алиштата при перењето, цела боја што се испушта ја примаат тие и баш кога ќе го извадиш се гледа.




MARJASNA -> RE: Фарбање облека (28.2.2013 20:27:02)

Ве молам помогнете ми. Моите кафеави пантолони ги накапив со една мала точка од цвекло. Не знаев што да направам и ги поминав со влажно марамче, но ми остави бела флека. Ми обелеа на тоа место. Дали е можно да ја вратам бојата на тоа место ? [sm=zmeden.gif] Што да направам [sm=smiley19.gif] ???????




Felly RR -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 9:22:30)

Не знам дали и вие имате ваков проблем - ама со овие неонскиве бои откако се во мода ептен тешно ми е перењето. Па плус и од М дека пола гардерода е во боја - циклама, црвена и сл. Не можам да раат да исперам една машина. Се му пушта боја - од нејзините алишта буквално се од наведениве бои, а и мои имам зелени работи што исто така кога ги перам излегува едно кило боја. Морам да ги перам на рака, или гледам барем 5-6 работи во истата боја да соберам, па ги пуштам во полупразна машина.[sm=zmeden.gif] Го имате ли и вие овој проблем, и како се справувате?




rina13 -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 9:48:54)

Ми се случува доста често, јас сум за медал некој што повеќе фарба алишта од мене не постои.[sm=smiley36.gif]Секогаш внимавам што ќе перам заедно ама и најмалата шарка од некое парче облека ќе пушти боја. Бидејќи решение сеуште не сум нашла исфарбаните алишта едно по едно ги пуштам во машина и колку толку на некои им се вадат флеките. Ако имате некоја посебна постапка би сакала да ја споделите.




vezilka RR -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 10:26:37)

Во големиве маркети има на Dr. Beckman еден производ за отсстранување на бојата од исфарбани алишта. Јас не сум ги пробала, ама сестра ми бидејќи rina 13 RR, изгледа ти е конкуренција [sm=jezicek.gif], ги проба и вика функционираат. Како крпче едно изгледа и го буташ у машина заедно со алиштата и ги вадиш во оргиналната боја. И плус наредно кога ќе переш шарени алишта, ставаш и едно крпче, и сета боја што ја испуштаат алиштата се собира на крпчето, алиштата ти остануваат во својата боја.




rina13 -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 10:54:15)

Баш ќе побарам деновиве и ќе пишам искуство.Морам да ја кажам случкава: исфлекав бело болеро со црвено вино, пери со сапуни со вениш нејќе и викам чекај варакина и вода демек одма ќе обели и ништо. Море викам чекај ќе го зовријам, и гледам во тенџерето обелело си викам супер ќе го исушам и ќе го носам. Го фатив да го исплакнам, како го фаќав така парчиња материјал се цепеа.[sm=smiley36.gif] Добро е што мојот домаќински експеримент не заврши со експлозија[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 11:00:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Баш ќе побарам деновиве и ќе пишам искуство.Морам да ја кажам случкава: исфлекав бело болеро со црвено вино, пери со сапуни со вениш нејќе и викам чекај варакина и вода демек одма ќе обели и ништо. Море викам чекај ќе го зовријам, и гледам во тенџерето обелело си викам супер ќе го исушам и ќе го носам. Го фатив да го исплакнам, како го фаќав така парчиња материјал се цепеа.[sm=smiley36.gif] Добро е што мојот домаќински експеримент не заврши со експлозија[sm=smiley36.gif]



[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Бар не мораш да го белиш веќе. [sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 12:55:37)

Леле Рина ме изнасмеа и мене! Како и да е - ова од Везилка мора да се проба. А значи - ставаш различни бои, и тоа го ставаш, и галје немаат алиштата. ДОбро те разбрав?




vezilka RR -> RE: Фарбање облека (3.7.2013 13:36:58)

Да, да, кога ќе ги извадиш алиштата, крпчето е шаренилаци, а алиштата се вооргинал боја. Не се фарбаат меѓу себе. Чудо на векот е ова. [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




ivana1993 -> RE: Фарбање облека (16.3.2014 2:21:40)

Sakam da prasam dali postoi nekakov nacin da se iscisti fleka od farba so hidrogen zatoa sto za vreme na farbanje si gi upropastiv prekrivacite?




Felly RR -> RE: Фарбање облека (16.3.2014 10:51:08)

Мислам дека не можеш со хидроген да ја исчистиш, може само да обели местото. Не знам стварно дали постои некој начин за отстранување, бидејќи сепак е фарба.[sm=smiley13.gif]
Добредојде на Рингераја, се надевам дека ќе ти се најдат корисни и другите теми низ форумот. Овде можеш да ни кажеш нешто за тебе, да се запознаеме.[sm=smiley2.gif]




Defne90 RR -> RE: Фарбање облека (9.4.2014 1:53:20)

Еве ме и мене овде,и јас направив циркус со облеката завчера.Значи бев собрала да перам шарени алишта и ставив и две црни мајци на маж ми сосема беа нови не беа ниту еднаш перени.И ја пуштив машината од 40 и не ми ни текна да ги ставам мајците прво во вода за да видам дали ќе пуштаат боја.Обично кога ќе купам нова облека прво ќе ја ставам во топла вода и ако пушти боја ја перам на рака.Е ама сега нешто бев во брзање и заборавив.И кога ги извадив алиштата од машина,се запрепастив.Оние што биле алишта со малку посветли бои беа целите со точки.[sm=smiley13.gif] За несреќе ги бев ставила и најновите розеви тренерки што си ги купив пред неполн месец.И се изедов од мака.пробав со вениш,но не бива се си стои.[sm=smiley13.gif] Го барав во еден поголем маркет и она крпчето погоре што го спомна везилка ама го немаше,не беа ни чули продавачите за него.И сега сум на план да и порачам на сестра ми од ск па да видам дали ќе заврши работа,оти се изедов од мака.[sm=zmeden.gif]А освен со тоа крпчето дали можеби знаете и некој детергент што ги вади овие флеки[sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Фарбање облека (9.4.2014 9:08:34)

Го барав во еден поголем маркет и она крпчето погоре што го спомна везилка ама го немаше,не беа ни чули продавачите за него.И сега сум на план да и порачам на сестра ми од ск па да видам дали ќе заврши работа

Во последниот број на ТеаМодерна го даваа крпчето како подарок.Провери дали има уште по дуќаните, може ќе ти се посреќи [sm=smiley1.gif]
А финта на свркрвата на другарка ми за да не се фарбаат алиштата едни со други, кога се перат заедно обоени/шарени: ќе му дојде некоја праверзија на магичново крпче- клопче од стари тенки женски хулахопки (најлон, перлон-како и да се викаат) да се стави заедно со шарената облека во машина, го имало истиот ефект на собирање на бојата.




vezilka RR -> RE: Фарбање облека (10.4.2014 8:51:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

А финта на свркрвата на другарка ми за да не се фарбаат алиштата едни со други, кога се перат заедно обоени/шарени: ќе му дојде некоја праверзија на магичново крпче- клопче од стари тенки женски хулахопки (најлон, перлон-како и да се викаат) да се стави заедно со шарената облека во машина, го имало истиот ефект на собирање на бојата.


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] А ние мислиме измислица на модерниве времиња.




Defne90 RR -> RE: Фарбање облека (10.4.2014 12:34:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Го барав во еден поголем маркет и она крпчето погоре што го спомна везилка ама го немаше,не беа ни чули продавачите за него.И сега сум на план да и порачам на сестра ми од ск па да видам дали ќе заврши работа

Во последниот број на ТеаМодерна го даваа крпчето како подарок.Провери дали има уште по дуќаните, може ќе ти се посреќи [sm=smiley1.gif]
А финта на свркрвата на другарка ми за да не се фарбаат алиштата едни со други, кога се перат заедно обоени/шарени: ќе му дојде некоја праверзија на магичново крпче- клопче од стари тенки женски хулахопки (најлон, перлон-како и да се викаат) да се стави заедно со шарената облека во машина, го имало истиот ефект на собирање на бојата.

Ми се посреќи стасав да го земам таман пред да ги врати весниците.Вечерва ќе ја уклучам машината и ќе го ставам,и се надевам дека ќе заврши работа и ќе ги трегне флеките од тренерките.Ае па ќе пишам што се случи.[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Фарбање облека (11.4.2014 0:39:54)

Ете ме пак и сега пишувам со големо разочарување и тага по моите тренерки.Значи не успеаа да се исчистат.Ете сега ги извадив и гледам дека се истите.И утре ми останува да пробам уште со арис и ако се исчистат убаво,а ако не фино лепо ќе ги спакувам и во контејнер.Па не се поскапи од моите нерви.[sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Фарбање облека (11.4.2014 9:09:44)

Dafne, магичното крпче нема ефект на веќе офарбани алишта, туку е превенција за да не се офарбаат алиштата, кога се перат шарени, заедно.
А твоите тренерки најарно да си ги префарбаш цели, за да не ги фрлаш.




Defne90 RR -> RE: Фарбање облека (11.4.2014 10:55:39)

Добра му е намената на тоа крпчето барем да не вапцувам и друга облека така.А кога го извадив навистина имасе бои по него што значи дека ги собирало.[sm=smiley1.gif] јас си се понадевав дека ќе излезат и боите од тренерките ама имас право сандриана,тоа е за да не се обојат и други алишта.




scared RR -> RE: Фарбање облека (30.11.2014 20:20:16)

не ми се десило до сега да ми се офарбаат алишта, внимателно ги разделувам и сортирам.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>