Melanija RR -> RE:Мултивитамини за трудници (22.11.2014 13:57:22)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka Јас првите два месеци, како и пред да останам бремена пиев фолна, потоа кога бев за срцева акција, матичната ми ја прекина фолната, продолжив еден месец со ПреМама, мултивитамините на Алкалоид. Тие ги испив едно пакување, и матичната ми рече да направам еден месец пауза, па после пак од нив, и после така наизменично, еден месец да пијам, другиот пауза. Сакав да прашам, и кога почнавте со пиење магнезиум. Јас во првата бременост не го пиев, затоа што не знаев дека треба, а и сега матичната не ми рече, а читам дека многу од вас го пијат. Чекам совет. ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla Мила мамичка, јас пијам прегназон комплет, и тоа без престан, не е сега мислам моментот за паузи од витамини, телото и онака исфрла што нема да искористи. Магнезиум исто е особено важен за мускулатура на матката и мускулите итн итн... и за трудници треба околу 500мг исто без престан. Јас сум голем поборник да витамините се внесуваат преку храната но сега баш мислам и дека не е моментот да се потпрам само на тоа. ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka lolla, тие мултивитамините Прегназон комплит на Health Aid ли се? Затоа што една пријателка фармацевтка ми ги препорача баш тие и планирам тие да ги земам. А исто, попладне, планирам да си купам и магнезиум на Health Aid, ми го пофалија дека е добар. Фала ти на советите. И јас сум секогаш за тоа сите витамини да се внесуваат преку исхраната, па затоа и на син му не му давам мултивитамински сирупи, ама сепак нашето тело сега работи како за двајца, и треба да ги задоволи потребите за двајца. ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla Да, на Health aid се. Имаат и омега што е особено важно нели 2 и 3 триместер. А за магнезиум, ти препорачувам да земеш од морско/ природно потекло заради тоа што е поблизок до природниот, има неколку такви по аптеките. Малку се поскапи ама ништо значно. Тој на хеалтх аид мислам е синтетички. Јас имам на биос лајн, ама па тој мислам само во Виола го има, а од Зегин имам земано друг не ми текнува како се вика. Јас бидејки сум цело време во контакти со луѓе, почнав да земам и Ц витамин од ацерола екстрахиран, по 100 мг дневно иако јадам цитрусно овошје секој ден. Абе човек не може веќе да е паметен, бомбардирани сме со секакви информации, а не сме лекари да знаеме, па си расудуваме според логика. Тоа е, нека не чува господ нас и бебките тоа е сега најважно овој зимски период. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko Јас првите 3 месеци пред да забременам и цело прво тромесечие пиев Огестан витамини,потоа почнав со прегнакер ,некако ептен скапо ми идеа,а и голем апетит ми појавија,па си порачав пренатал витамини од Бугарија.многу се добри,ќе ги пијам до крај и многу се поефтини за разлика од сите други.магнезиум пијам на биолектра,прасак е сто се раствара во уста, навистина помогна.Тоа е за второ тромесечие,во трето почнав и калциум и Д3 и хеферол за крвта [sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23 Јас до сега освен вит.Ц 1000мг по потреба Б6 и Мг и омега3 и секако фолна друго ништо не земам.Со првата бременост бившиот гинеколог уште од старт ме бомбардираше со се и сешто и дури премногу ми се лошеше од витамините па кога отидов кај матичнава одма ми ги прекина.Сега последниот пат кога бев пљк ми препорача да терам со ова пошто и крвната слика ми е супер,генерално внесувам тоа што треба па здравје за две недели ќе видиме што ќе каже.Во секој случај муабетот ми е според нејзе дека апсолутно е против фрлање на пари за синтетски витамини што е огромен бизнис на фар.компании и дека напредокот на бебето општата состојба на мајката како и крвната слика е солиден показател за тоа дали нешто треба дополнително да се воведе и потполно се слагам со неа само ради фактот што ете со првата бременост не можев од шоља да станам кога ги прекинав вит. се се среди ИЗВОРНА ПОРАКА: Ivanushkaa Inaku odejki kaj poveke doktori razlicno si kazuvaat, edni vikaat da se pie vitamini, pa gi kupiv Pregnazon complite, kaj maticnata koga bev mi veli nekako toa vitami toa e se hemija i minerali koi ne mu se bas site potrebni na bebceto, demek se prirodno, za kalcium do 1l mleko ili drugi mlecni proizvodi toa mu bilo najpotrebno i folnata od 0.4 do kraj. Osven toa si pijam i manezium od 250 mg 2x1 od natural wealth, zaradi bolkite koi cesti gi imam, a vo slucaj da se zgolemat, zemam i tri tableti no toa poretko. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Факт е дека фармацевтската индустрија е бизнис, ама факт е дека требаат и суплементи, храната за нас е неопходна, но не е доволна. Јас пијам Фемибион 2, Mг од Natural Wealth по едно на ден, ако имам болки и две, витЦ за имунитет, витЕ за хематомот, и Хемовит за крвта. Не знам дали да земам и обична фолна киселина плус... Не сакам да се трупам со многу додатоци и здрави работи, зашто знам за еден случај - татко на другар, од што пазел на се природно, завршил на детоксикација [sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23 Ne pravime muabet da ne zema nisto.Nego rab e da ne se preteruva i koga treba i koga ne treba. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Да де, за истото зборуваме. Тенка е линијата помеѓу неопходното и претерувањето. ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla Јас ке си кажам искрено за мене. Многу сум против хемии и лекарства ама до 12 недела од бременоста што све не пиев заради ИВФ-то и тој протоколот нивни. Знаете колку ми беше мака секој ден што пиев аспирин, па не знам метформин па ова она, ама што да правев??? И онака си бев исплашена, чекав пола деценија за ова и свесна бев дека најверојатно пола од тоа што го пиев беше чисто заради претпазливост но не можев да ризикувам да не пијам нешто ѓто ми е дадено од лекар. За витамините, и за внесот на храна, кој смета дека не треба нека си го пресмета днвниот потребен внес и реалниот дневен внес па ке е јасно дека ако сакаш можеш цел ден да џвакаш и пак да не внесеш колку треба. И пак ке кажам иако се синтетички, и знам дека се беспотребно многу скапи, ама некако не сакам да ризикувам да не земам пренатални витамини. А верувајте од петни жили се трудам да јадам се што треба една трудница да јаде и огромен дел од денот ми мине во планирање на оброците и нивна подготовка ама не се постигнува. Некој спомна до 1 л млеко дневно. Искрено радо би примала вештачки калциум отколку да пијам кравјо купечко млеко, бидејки и во него нема природен калциум. За млекото да има калциум треба животното/ кравата да е пасена надвор со разновидни зелени растенија, додека фармите ги хранат со вештачки концентрати кои имаа исклучиво калориска вредност а далеку е од хранлива. Значи може само да се залажуваме дека внесуваме природен калциум од кпечко пресно млеко. За јогуртите и остали млечни е малку поразлична филозофијата, таму од самото културирање на јогуртот се створаат хранливите состојки и тој е ок донекаде.... ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka И јас внимавам многу на исхраната, секој ден јадам овошје и зеленчук, и избегнувам нездрава храна, ама баш поради тоа што денес не сме сигурни дали овошјето ги содржи сите витамини што би требало да ги содржи, и сл, сметам дека, барем за време на бременоста треба да се пијат дополнителни суплементи. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Апсолутно треба, се слагам. За да внесам 1гр витЦ треба да се потепам од јадење пиперки, лимони, спанаќи и што се не, а кај се другие витамини и минерали. И јас сум за здрава храна, и страшно многу внимавам на тоа, но секогаш е добро да се земат пренатални додатоци. Јас редовно пијам витЦ, а тек па сега во бременост не ми паѓа на памет да ризикувам само со храна, каква сака нека е. 1кг млеко дневно нема шанси да испијам - освен што ми прави проблеми затоа што сум нетолерантна на лактоза, и не го ни поднесувам, а млекото и не е најдобар извор на калциум. Секако дека и јас пре би зела додаток отколку да си го мачам желудникот... Инаку и јас полудев од ивф терапиите, но апсолутно слушав и слушам се што ќе ми кажат и пијам/ставам се што треба, едноставно не ми се играат играчки. А со хемија немам проблем - се околу нас е хемија, цел универзум [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|