Felly RR -> RE: Контрацепција (21.5.2014 14:51:04)
|
Јас пиев Микрогинон 3 месеци. Гинекологот ми нагласи да ја пијам таблетата со цела чаша вода, и повеќе течности да внесувам. Првиот месец поминав добро, но вториот, малку и намалив со течностите (ептен тешко ми оди внесувањето течности, едвај по 1,5 литар вода пијам, и тоа со сила[sm=zmeden.gif]) и секој втор ден имав силни главоболки, дури и со лошење/повраќање и здрвување на едната рака. Продолжив да ги пијам само заради тоа што ми беа дадени заради полип на матката, но се трудев да пијам и повеќе вода, па до некаде ми престанаа главоболките. Друга последица од нив што ми остана се 5-6 кг вишок. И не е точно дека само се јавува зголемен апетит, туку и хормоните влијаат на задржување на течности во телото, а со тоа и на зголемување на телесната тежина а исто го стимулираат и создавањето на целулитот. Никогаш не сум имала толку целулит колку што ми се појави во последниве месеци. Само не знам, дали ако едни таблети го имале тој ефект кај мене, дали и други таблети за контрацепција ќе делуваат исто?
|
|
|
|