RE: Месо (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


deluxe -> RE: Месо (15.5.2014 14:34:44)



телешкото месо ,ке го свариш само местото еднаш да зоврие,ја истураш таа вода,полниш одново и го вариш,додади му компир и морков ,сето тоа изблендирај го како кашичка и ручкајте[sm=smiley1.gif]




Hunny -> RE: Месо (15.5.2014 14:52:40)

Јас колку што ја разбрав Меланија прашува за претходната дискусија во врска со жолчката и месото. Избегнувај да даваш месо и жолчка ист ден.




Felly RR -> RE: Месо (15.5.2014 15:09:06)

Дискусијата за жолчка е префрлена во соодветната тема КЛИК.
Меланија мислам дека веќе со 9 месеци, нема потреба да му даваш само од водичката, слободно стави едно мало парче месо во зеленчукот и изблендирај го заедно. Може да му даваш преку еден ден месо, Кога ќе почнете со жолчка, како што ти пиша Хани - еден ден месо, еден ден жолчка.




Melanija RR -> RE: Месо (15.5.2014 15:56:47)

Мислев на сето тоа [sm=smiley1.gif] благодарам
Помислив да не има поврзаност меѓу месото и жолчката, да не мора заедно зошто жолчка уште нема пробано.
Така ќе го подготвам и одма месо ќе му дадам.[sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Месо (23.7.2014 13:13:47)

Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???[sm=zmeden.gif] Идеја што да правам??




jasmina81 -> RE: Месо (23.7.2014 15:27:49)

zosto samo so telesko mozis da pocnes i so pilesko duso nie sme 6 meseci i jas od kaj 7 planiram da vovedam meso i toa da pocnam so pilesko a ne so telesko




Melanija RR -> RE: Месо (23.7.2014 16:33:11)

Хм зошто до септември? Кога прашав шедијатар што е најдобро за почеток (8 месеци ) ми рече телешко.Досега (11 месеци) сме на тоа,пилешко мислев преку купечки бидејќи наводно пилешкото е нај кљукано со сешто па затоа мисле.Некаде прочитав дека мисиркиното исто било добро но незнам од која возраст.




deluxe -> RE: Месо (23.7.2014 16:45:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???[sm=zmeden.gif] Идеја што да правам??


Martins mom за почеток воведи пилешко месо(по можност да си најдеш пиле од селска фарма,не од продавница),истото важи и за телешкото месо.Јас и двата вида месо до ден денес му ги набавувам од домашна фарма.Доколку живеете со некои луѓе (од село) може од кај нив да си набавиш,не шетај по месарници.




Martins mom -> RE: Месо (23.7.2014 17:41:56)

A juneskoto od koga se dava?




Ilina87 -> RE: Месо (23.7.2014 17:57:03)

Мене ме интересира од телешко месо што давате, само удина? Исто и за пилешкото, јас му давам само од белото месо, а од телешко само чиста удина. Тоа е најскапо, ама некогаш и нема по месарниците само удина, или е само со коска или пак ми нудат јунешко месо. Од кога може да се дава од другото месо, да не се конкретно само овие две?




sandriana RR -> RE: Месо (24.7.2014 10:06:37)

Ilina87, од месо со коска можеш слободно да даваш - ем супа ќе добиеш, ем од месото ќе исчистиш. Јунешко (или бејби биф што го пишува во Веро) исто слободно може да даваш, тоа е чист мускул. Пилешко - батачиња сум давала , убаво изварени (помеко е месото и посочно, отколку белото, иако јас не сум за пилешко, заради хормоните). Над 9-10 месеци секакво мевце (јунешко, телешко, говедско, мисиркино, пилешко) може да се дава, само да е свежо и проверено.




Ilina87 -> RE: Месо (24.7.2014 12:00:45)

Фала sandriana RR. Инаку пилешко му давам само домашно, го земам од луѓе што ги познавам. Ама ете досега само од белото месо му давав, а некако малку е само бело.




Melanija RR -> RE: Месо (24.7.2014 13:53:46)

Информации за добро проверено месо од месари низ СК и другите градови?
Ние зимаме телешко шол од месара Поповски во Лептокарија ,добиваат секој четврток,но ако сте од подалеку прво телефонски проверете дали е дојдено




Snowhite RR -> RE: Месо (26.7.2014 11:27:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???[sm=zmeden.gif] Идеја што да правам??

Мартинс мам, зошто со телешко, јас како што знам од 6 месеци се почнува со пилешко, а може и мисиркино, јас пилешко и воведов ама домашни пилиња од проверен човек ги купувам, а за телешко бидејќи немам проверен човек, ги купувам од месрницава од кај што купуваме за нас, само му кажувам дека е за бебе да ми даде поубаво, почисто.
Делукс ти од каде набавуваш телешко?




hopeless -> RE: Месо (31.3.2015 1:38:16)

Јас почнав со пилешко, домашно на 7 месеци. А на 8воведов телешко. Сега за сега само тоа од месо имам дадено. Ако може некој да ми каже какво друго да воведам и од каде да го набавам (фирма)?




nataly86 -> RE: Месо (31.3.2015 15:08:58)

Ние сме 8 месеци и сакам да почнам со месо, набавив домашно петле па прашањето ми е дали неколку дена да дадам само бујон или одма да дадам месо?




hopeless -> RE: Месо (31.3.2015 16:06:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Ние сме 8 месеци и сакам да почнам со месо, набавив домашно петле па прашањето ми е дали неколку дена да дадам само бујон или одма да дадам месо?

Jaс почнав одма со месо.
Ама како што читам прво со бујон, па после месо.
Но штом е домашно, како сакаш така.




sandriana RR -> RE: Месо (1.4.2015 10:03:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: hopeless

Јас почнав со пилешко, домашно на 7 месеци. А на 8воведов телешко. Сега за сега само тоа од месо имам дадено. Ако може некој да ми каже какво друго да воведам и од каде да го набавам (фирма)?

Може и риба веќе да воведете, каква и на кој начин приготвена има ТУКА.

Инаку, и јас мислам прво бујон со зеленчук, после мевце.




Gardenia -> RE: Месо (27.7.2015 13:34:02)

Планирам деновиве да дадам месо за прв пат,додека најдам пилешко домашно ќе воведам телешко или јунешко.Е сега кажете ми од каде купувате од поголемиве маркети или некоја проверена месарница,земате поголемо парче и сами си го делете на помали? И дали може да се замрзе варено или свежо,а и за бујонот од месото дали се замрзнува?




Melanija RR -> RE: Месо (27.7.2015 14:14:56)

Полемика за месо дали е телешко или јунешко секогаш има [sm=smiley1.gif]

Конкретно ние земавме од Тинекс едно време а сега од Веро.Но еве 1-2 во Веро нема. Незнам колку е точно сите од исто увезуваат.Влези и прашај а често на самото стакло има налепница на која пишува од каде е увозот.

Јас зимам до кај 400гр. го сечкам ка коцки потребна количина за едно варење,мислам дека доаѓа 50-80грама. Бидејќи по варење се кине јас пред да го варам го сечам на коцки.Првата вода кога ќе испени ја фрлам.Некаде нешто прочитав ама незнам каде и така ми остана [sm=smiley36.gif] ставам внатре морков,пашканат,целер,тиквица,карфиол,кромид.... се што сакаш зеленчук.Кога ќе се свари месото се лади и пакувам и вакумирам во кеси за замрзнување ,а водата /бујонот во кеси за замрзнување на лед. Мислам дека до 6 месеци е ок за употреба.

Ако нешто пропуштив прашај [sm=smiley1.gif]




Gardenia -> RE: Месо (27.7.2015 14:44:10)

Фала ти срцка,а кажи ми кога го одмрзнуваш после за ручек,го потоплуваш ли бујонот со месото или само така на собна температура оставаш?




MamaKiki -> RE: Месо (27.7.2015 15:55:29)

gardenija jas ne koristam buljon i mesoto telesko go mrznam na aparcinja i posle si gi varam posebno ama eve ke ti odgovoram kako bi pravela ( sakav da koristam buljon ama seuste ne sum pocnalaa ne mi go bendisva bebe mirisot i vkusot na meso)
primer koga ke pravish zelencukova kasha vo varenjeto ke stavis 2 kocki buljon i taka ke si se vari zelencukot vo buljonot i plus vodicka normalno
a mesoto isto pak ke si varish so zelencukot koj ke go dodavash vo kashata




lukajana RR -> RE: Месо (27.7.2015 17:30:21)

I jas taka go pravam,odmrznuvam i dovaruvam so tecnosta i stavam zelencuk kakov sakam,na blender i ruckanje.
Sega veke ne go blendiram tuku go seckam na sitno i mesoto i zelencukot.
Inace kupuvame meso od mesara istoto sto go jademe i nie,ednas samo kupiv domasna kokoska i ja varev cel den [sm=jezicek.gif] i od togas ne eksperimentiram [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Месо (27.7.2015 22:23:09)

Местот го вадам од замрзнувач и се одмрзнува на собна температура го додавам во блендер со се варената храна или сецкано во готовата кашичка.Бујонот го ставам смрзнат на крај на готвењето таман да се растопи.

Штом месото е варено нема зошто да се преварува а и исто бујонот




lolla RR -> RE: Месо (8.2.2016 11:04:08)

Да споделам како го чувам месото за бебе (на нет го најдов начинов)

Месото го варам. Потоа 30-50 гр префрлам во мали теглички, долевам од бујонот колку да го покрие месото и затворам тегли. Ги ставам во тенџере големо со вода и оставам да врие пола саат па стојат додека се оладат. Теглите може да стојат во фриз најмалку 3 месеци и многу е лесно вака.

Е сега мене уште ми останува дилемата дали реално му треба на бебе 3-5 пати неделно месо. Јас мислам не, и засега давам два пати, еднаш телешко еднаш пилешко. И тоа сметам е многу но немам храброст повеќе да намалам.




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]