RE: Попладневна дремка (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Defne90 RR -> RE: Попладневна дремка (28.5.2014 8:36:52)

Јас многу слабо имам попладневна дремка.Додека се уште имав едно дете често ми се случуваше да заспијам со него.Сега откако се породив со второво ми се случува многу ретко да дремнам а и кога ќе задремам тоа не трае повеќе од 10 до 20 мин максимум.И тогаш да ви кажам право се чувствувам најубаво.Ако пак се случи да отспијам повеќе од половина час после сум ко прегазена,главата обавезно почнува да ме боли и цел ден ми е за никаде и сум уште повеќе поспана.А и ако дремнам попладне после навечер нема да можам да заспијам докај 3.Така да си преферирам да не дремнувам а и кога ќе се случи таа дремка тоа е кратка.




Dilina -> RE: Попладневна дремка (28.5.2014 9:04:48)

И јас порано немаше шанси да заспијам преку ден... ама и кога бев прва смена си идев дома во 7-8, а втора да не зборам.... сега одкога останав бремена си ги обожавам попладневните дремки, цел живот толку се немам одморено :D Си доаѓам у 5 и нешто, јадам и се труснувам на спална без разлика дали ќе спијам или ќе дремам или ќе гледам тв, само да сум во хоризонтала хаха.... [sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Попладневна дремка (10.7.2014 9:27:34)

Пред да имам дете, секогаш после работа си дремнував еден саат. Кога ќе си дојдев, ќе ручав, и право во кревет. Сега со дете, тоа е невозможно, а и не сакам, сакам цело слободно време да го поминам со син ми, во играње, шетање и сл.




Felly RR -> RE: Попладневна дремка (10.7.2014 10:35:43)

Море си дремнувам и сега со дете, тоа заспива, си легнувам и јас. Мојата дремка е пократка додуша, таа може и два саати да си спие, а мене доволен ми е и пола саат. Не секогаш, ама кога имам потреба си дремнувам.




caciana -> RE: Попладневна дремка (27.11.2014 8:18:47)

Skoro sekoj den si imam popldnevna dremka.Mora DA legnam barem 1cas,onaka DA si gi napolnam bateriite.




Ilina87 -> RE: Попладневна дремка (27.11.2014 13:53:38)

Заборавив што беше попладневна дремка [sm=smiley1.gif]. Порано секој ден си преспивав, но откако се роди син ми се нема време за ништо.




Snowhite RR -> RE: Попладневна дремка (27.11.2014 18:03:21)

Што беше тоа попладневна дремка?
Додуша никогаш не сум ја практикувала, ама последно време радо би прилегнала, доколку ми се пружи шанса, ама тоа тешко[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Попладневна дремка (27.11.2014 23:00:18)

Не спијам преку ден после ми е мачно и глава ме боли [sm=smiley13.gif]




marchi -> RE: Попладневна дремка (24.11.2015 14:47:36)

za cudo jas sekogas koga go uspivam stefan me fakja dremka.




Палешка РР -> RE: Попладневна дремка (21.1.2016 14:23:08)

Јас денес си дремнав на работа [sm=zz_eek.png]
Навистина задремав и тоа со исправена глава. Се препалив кога ги отворив очите, сигурно траеше неколку секунди ама јас мислам со саати спиев [sm=zmeden.gif]




lukajana RR -> RE: Попладневна дремка (21.1.2016 15:11:40)

Палешка рр такво нешто уште не ми се сличило [sm=smiley36.gif] сигурно си била преморена или ти било ептен досадно [sm=smiley36.gif].
Јас сега слабо имам време за дремка а и додуша си поспивам наутро па и не ми се спие.
Кога одев на работа после ручек обавезно легнував со Лука и дремнувавме малку а сега кога ке ја заспијам Јана ако сум станала рано може да дремнам десетина минути




Sunshine88 -> RE: Попладневна дремка (6.2.2016 0:17:11)

Никако дремење кај мене преку ден, ако се случи тоа значи дека нешто не е во ред со мене. Прво, ќе ми требаат 2 саати да задремам и за џабе се тоа кога ќе се разбудам уште поуморна, со главоболка. А вечерта нема да се успијам. Така да не ризикувам една попладневна дремка ќе ме чини повеќе од 24 часа неспиење.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]