mami -> RE: Јајце (30.11.2009 15:33:59)
|
Јајцата се богати со холин и се важен извор на протеини. Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни. Во белката нема холестерол. Половината од составот на жолчката е вода. Една третина од неа припаѓа на мастите, а белковините во неа се 15-16%. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце дневно од здрав возрасен човек не го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Јајцата се богати со холин. Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин. Тоа е речиси половината од дневните потреби. Јајцата се важен извор на протеини. Протеините се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот. Протеините учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата како и на антителата и хормоните. Во составот на протеините влегуваат 20 различни аминокиселини. Од нив 9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Пресметано е дека две средни по големина јајца го снабдуваат организмот со исто толку незаменливи аминокиселини, колку 80-100g месо. Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци. Хемискиот состав на јајцето зависи од храната која се консумира од птицата, годишното време, времето на несење на јајцето и многу други фактори. Пример: витаминот А, кој се содржи во жолчката, количински е многу пати поголем во лето, отколку во зима.
|
|
|
|