|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
[Анкета]

Што сте во хороскоп?


овен
  7% (13)
бик
  10% (18)
близнаци
  7% (12)
рак
  9% (16)
лав
  7% (13)
девица
  11% (20)
стрелец
  6% (11)
шкорпија
  11% (20)
вага
  5% (9)
риба
  7% (13)
водолија
  7% (12)
јарец
  7% (12)


Вкупно гласови: 169


(Последен глас : 21.3.2015 14:05:59)
(Гласањето трае до: -- )
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Што сте во хороскоп?
17.10.2011 12:11:21   
ferdunde
Nazalost ili na sreka :) i kaj mene e poizrazena skorpijata :)
pozzzz

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Што сте во хороскоп?
17.10.2011 16:46:05   
Џесика

ИЗВОРНА ПОРАКА: ferdunde

Nazalost ili na sreka :) i kaj mene e poizrazena skorpijata :)
pozzzz

Тоа е поизразено по 25та година user posted image Читав дека до 25тата година од животот преовладува знакот, а по 25тата- подзнакот. Тоа го приметив кај себе. Јас бев типичен Јарец, тврдоглав, упорен, идиот. Последниве години ми преовладува подзнакот, Стрелец. Исто и кај мм, он е бик, во подзнак Јарец, и си остана таков инаетлив, дури и потврдоглав од мене стана user posted image А Борјан е јарец, а во подзнак рак... таман дур ми е дома, ќе ми ја вади душата, а коа ќе се ожени ќе биде душа со жената user posted image


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот ferdunde)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Што сте во хороскоп?
17.10.2011 20:12:00   
temjana
јас сум во подзнак рак и баш пред некој ден читав карактеристики за тој знак(инаку мразам хороскопи и навистина се смеам од срце на луѓе што веруваат)ама ова малку ме остави без зборови. Не ми се веруваше како добро ме имаше доловеноuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Што сте во хороскоп?
18.10.2011 12:04:16   
ferdunde
Џесика ке да си во право user posted image
Јас до пре некоја година бев права лавица....е сега сум се повеке и повеке шкорпија ...user posted image
а што се однесува до син ми поголемиот значи и тој мене ке ми ја вади душата ( шкорпија во знак) а женаму подобро ке помине ( водолија подзнак )user posted image
Барем супер ке поминеме со помалиот и јас и женаму - стрелец со овен супер комбинација е уште од мало се гледа дека е тотална спротивност на поголемкото...колку е тоа темпераментно толку е ова помирно....
Е за мм незнам што е во подзнак зошто свеки не се секава во колку ч го родила ама во знак е Вага но сега како одминува времете може да е некој јарец во подзнак...некако се повеке и повеке ми тера инает user posted image user posted image user posted image
поздрав

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Што сте во хороскоп?
18.10.2011 13:29:50   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

I jas tebe te pozdravuvam..kaj mene nekako poveke skorpijata se poznava 

Eve i jas sum si go pisala toa - a baska imam 25 goduser posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Што сте во хороскоп?
18.10.2011 14:14:35   
AnnaMolly RR
Јас сум лав, мм е девица, а Филип близнаци. Подзнак поим немам што сме.
Ама во списание читав какви се децата близнаци и имаше напишано исто како некој конкретно за Филип да пишувал. Од збор до збор се го опишуваше него.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Што сте во хороскоп?
13.3.2012 0:44:00   
lindicka
Skorpija

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Што сте во хороскоп?
13.3.2012 1:25:21   
jagodica
jas sum bliznaci podznak jarec
mm lav podznak neznam user posted image user posted image
golemata kerka devica
malata rak ( uste sega se gleda kolku e mila )

(Одговор на членот lindicka)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Што сте во хороскоп?
22.3.2012 22:34:01   
mamicki
Bik so podznak Lav. Podznakot dominira vo javnite nastapi, t.e taka me dozivuvaat, kako tipicen Lav, no vo sustina sum Bik od rogovite do kopitata user posted image

(Одговор на членот jagodica)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Што сте во хороскоп?
22.3.2012 22:59:31   
kapina
izmegu skorpija i strelec bidejki sum rodena na 22.11 mm e riba

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Што сте во хороскоп?
22.3.2012 23:13:18   
Cvekelencule
Бик а мм риби

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Што сте во хороскоп?
29.10.2012 6:35:31   
majka na eva
бик а ммuser posted image лав -user posted image ева шкорпија

(Одговор на членот Cvekelencule)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Што сте во хороскоп?
29.10.2012 12:01:37   
Ring
Oven

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 12:40:50   
Ikana
Јас во хороскоп сум скорпија, подзнак јарец, додека месечината ми е во конфликт помеѓу јарец и водолија.....Не е идеална комбинацијава, но сум издржала до сега user posted image .

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 31.12.2012 12:41:18 >

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 12:46:22   
kapina
skorpija

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 12:49:33   
Malecka23
дупла скорпија

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 13:22:50   
Cipi Ripi
Јас сум во хороскоп рак, и тоа дупли.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 13:33:41   
Ikana
Што убаво, па јас цело време мислев сама сум! Одлично што имаме повеќе шкорпии, иако не бие некое реноме, сепак супер сме си, а исто така имаме и ракче, еден од најубавите знакови! user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 14:00:59   
deluxe
bliznak!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Што сте во хороскоп?
31.12.2012 14:38:22   
zzaa
jas sum skorpija,podzak riba,mm oven,Eva riba.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Што сте во хороскоп?
5.1.2013 12:40:45   
mila28
Хороскопските знаци како родители user posted image

Sвездите кои ни откриваат што не прави посебни и поинакви во споредба со другите како родители.

Овен
Што и да мислите за себе, ако сте родени во знакот Овен, децата ќе ве доживуваат како тврдоглава личност која не ја почитува нивната индивидуалност. Зошто? Бидејќи, суетни по природа, вие секогаш ќе „кроите“ големи планови за иднината на своите деца, убедени дека знаете што е најдобро за нив. Но, колку и да ги „отекувате“ пријателите со приказните дека се што правите е за доброто на децата, ретки се примерите кога навистина за нив би жртвувале нешто што ви причинува задоволство. Дури и кога се работи за откажување од пушењето. Значи, децата би требало да ви се прилагодат вам, а не вие ним. Затоа, ќе ви треба многу стрпливост и толерантност ако вашите деца се родени во знакот на своеглавите Овен, Бик, Лав, Шкорпија и Јарец. Додека со цел да ги сфатите чувствителните Ракови и Риби, можеби ќе биде најдобро да се посоветуваат со психолог.

Бик
Ѕвездите тврдат дека најмногу трпение и нерви за своите деца имаат Биковите. Па, ако сте родени во овој знак тогаш не е чудно што сте во состојба по цела ноќ да ги успивате своите расплакани деца. Способни сте со часови да редите коцки со нив. Умеете со свои раце да направите вистински ремек-дела од нивните роденденски торти. Од мигот на нивното раѓање штедите за нивната иднина. И веројатно како повозрасни децата секогаш ќе ви замеруваат за вашата посесивност и желбата да го контролирате нивниот живот. Но, бидете убедени дека тие ја ценат вашата стабилност и знаат дека можат секогаш да сметаат на вашата помош. А, ако се тие родени во знакот Овен, Лав, Шкорпија и Водолија, тогаш ќе ви се допаѓа нивната упорност. Но, честопати ќе ги „вкрстувате роговите“ со нив заради нивниот силен карактер.

Близнаци
Како по некое правило, вие потполно неподготвени го дочекувате раѓањето на детето. А потоа маки мачите со неговото подигање и воспитување. Но, снаодливи какви што Господ ве создал, вие ќе најдете излез од критичните ситуации. Ако ништо друго, секогаш при рака имате по неколку личности што ви се наоѓаат и во добро и во лошо. Сепак, барем се трудите подлабоко да навлезете во светот на вашите деца, во нивниот начин на размислување, умеете со часови да разговарате со нив, да станете дете во детските игри. Притоа, секогаш ќе ви недостасуваат авторитетот и строгоста. Тоа први ќе го забележат и искористат нескротливите Овни и Шкорпии. Децата Бикови, Девици и Јарци ќе бараат да станете сериозни. Раковите ќе ги обожаваат вашите приказни. А, Рибите ќе бараат повеќе грижа и љубов.

Рак
Меѓу родителите на кои децата им се се на светот, вие се наоѓате на врвот од табелата. Па, иако пријателите ќе им се чудат на вашите навики, вие грижливо ќе ги забележувате сите значајни податоци за своите најмили, датумот кога излегло првото запче, мигот кога прв пат кажале тато и мама, денот кога го направиле првиот чекор. Можеби непотребно бидејќи и онака, тие мигови ќе ги помните до крајот на животот. Носталгични по природа, вие ќе ја чувате и нивната облека, првите бенкици и чевличиња, останувајќи цел живот цврсто поврзани со своите деца. И токму тука се јавува проблемот. Честопати не сфаќајќи дека вашите деца имаат право на сопствен живот, вие нема да им помогнете да ја пресечат папочната врвка. Тоа најмногу ќе им пречи на децата Водолии, Близнаци и Ваги. На Девиците вашата емотивност ќе им делува патетично. Додека Рибите вечно ќе уживаат во вашата заштита и галење.

Лав
За вас велат дека просто „зрачите“ со гордост додека ги изнесувате своите деца на прошетка. За вашите принцови и принцези ништо не е доволно добро. Ги фалите на цел глас пред секого и како ранета ѕверка се борите за нив. Но, тука не можете да си помогнете, бидејќи тоа го бара природата на знакот во кој сте родени. А, децата откако ќе пораснат сигурно ќе ви префрлат дека всушност никогаш не сте воделе сметка за нивните желби, туку преку нив сте ги остварувале своите неостварени амбиции. Па, ако се тие родени во знакот Овен, Бик, Лав, Шкорпија или Јарец, тогаш сигурно рано ќе го напуштат домот, превземајќи ја својата судбина во свои раце. Останатите, привикнувајќи се на идејата некој друг да ги решава нивните проблеми, никогаш нема да се оттргнат од вашата сигурна, но цврста прегратка.

Девица
Облеката на вашите деца ќе биде секогаш чиста и прикладна. А, вие ќе ја прочитате целата поучна педагошка литература уште пред тие да се родат. Ќе се трудите кај нив да ја развиете смислата за практично, уредноста, точноста и прецизноста. А, како и не би го сториле тоа, кога од вас зборуваат поривите на една педантна Девица. Но, не заборавајте дека животот со вас знае да биде и напорен. Бидејќи постојано сте загрижени за нешто и претерувате со стравот од секакви зарази и болести. Ако на тоа се надоврзе и потребата да ги критикувате своите деца, тогаш на Овенот и Бикот ќе им замерите за недисциплината. На Ракот за пречувствителноста. На Рибите за нередот. Близнаците, Стрелците и Водолиите ќе ве нервираат поради неодговорноста. Додека децата Шкорпии ќе ве доведат до работ на „нервниот слом“ со својот инает.

Вага
Познати сте како исклучително толерантен, благ и „разумен“ родител, кој настојува сите проблеми со децата да ги реши со разговор. Културата и образованието за вас се највисоки вредности во животот, затоа чести ќе бидат и семејните посети на театрите, музеите и кината. Додека, часовите по балет, музика и цртање, ќе бидат составен дел од секојдневието на вашите деца. А, бидејќи животот на една Вага секогаш се “врти” околу партнерот, односот со него ќе биде пресуден во воспитувањето на децата. Вие не сакате за ништо да одлучувате сами. Па, ако сте вљубени во партнерот, децата би можеле да се почувствуваат запоставени. А, кога бракот е лош, вашата фрустрација ќе се одрази и во односот со децата. На тоа децата Овни и Шкорпии ќе одговорат со агресивност и инает.

Скорпија
Посесивни и принципиелни, вие секогаш ги држите своите деца „на око“, постојано со нешто ги ангажирате. Па вашите миленици уште од “мали нозе” знаат се и сешто. Но, навикнати на тоа, сите во семејството безусловно да ги почитуваат вашите правила, сметате дека е доволно да ги предупредите со поглед вашите деца, за тие да знаат што треба да направат. И нормално тука не помагаат нивните солзи. Затоа децата ќе можат да здивнат кога ќе си заминат од домашното огниште. Меѓутоа, ако се тие родени во знакот Рак, Девица и Риби, дури и тогаш ќе чувствуваат дека го следите секој нивен чекор. Додека децата Овни, Бикови, Лавови, Шкорпии, Јарци и Водолии ќе покажат дополнителен отпор. А, своето незадоволство ќе го изразат преку лошите оценки и преку агресивното однесување кон своите врсници.

Стрелец
И како родители вие го задржувате својот авантуристички дух. Но, имате целосна доверба во своите деца. Па, од најрана возраст ги носите со себе, бидејќи според вас тоа што се мали не е причина тие да останат дома. Се трудите со вистински играчки да ги развиете нивните интелектуални способности. На сите детски прашања одговарате крајно искрено и отворено. Меѓутоа, ако сте навистина искрени, ќе си признаете дека во ситуациите кога не можете да патувате со партнерот и децата, тоа сигурно ќе го направите сами. Вие никогаш заради децата нема да се откажете од забавата, излегувањата и друштвените обврски. Во такви ситуации, оставате вашите деца да ги чува некој друг. И можеби таквите пропусти ќе се трудите да ги покриете со различни подароци и со претераната попустливост. Но тоа нема да ја исполни празнината во детската душа. Поради тоа, Раковите, Девиците, Шкорпиите и Јарците нема никогаш да ви простат.

Јарец
Сериозни по природа, вие и својата родителска улога ја сфаќате многу сериозно и одговорно. Па, додека многумина ве обвинуваат дека сте премногу строги и авторитативни, вие само се трудите да ги подготвите своите деца за животот кој не е премногу благ и милостив. Вие не ја толерирате детската непослушност. На своите деца од најмали нозе им поставувате разни задачи и обврски со цел да им ја всадите желбата за работа и способноста за организација. Но од друга страна вие сте најдобриот раскажувач во Зодијакот. Па, вашите приказни се инспиративни, силни и сликовити, што е гаранција дека нивната поука ќе остане долго врежана во умот на вашите деца.

Водолија
За вас велат дека искинатите панталончиња по „освојувачкиот поход“ на вашите деца и исшараните ѕидови во дневната соба, воопшто не ве возбудуваат. Тоа за вас е нормално, бидејќи се трудите да ја развиете креативноста кај своите деца, да ги охрабрите на самостојност и слободно искажување на иницијативата. А, бидејќи сте свесни дека воспитувате деца за иднината, вие со нив ќе разговарате како со возрасни и што е можно побрзо ќе ги седнете пред компјутерот. Значи, не инсистирајќи на дисциплина вие ќе им бидете „по мерка“ на вашите деца. Но вашата хировитост и претераната променливост би можеле да се покажат како пречка во воспитувањето. Тоа нема да ви го простат Овните, Биковите, Шкорпиите, Раковите и Јарците.

Риби
За родените во знакот Риби, ѕвездите тврдат дека се секогаш распнати меѓу својот внатрешен свет, желбата да го задоволат партнерот и децата. Покрај тоа, вие речиси секогаш сте конфузни и не знаете што навистина сакате. Многу често го менувате расположението, ставовите и приоритетите во животот. Така создавате збрка и во главите на вашите деца. Уште повеќе што заради недостатокот на доследност и цврста рака, вие речиси редовно им попуштате на децата подривајќи го својот авторитет. Затоа децата Девици и Јарци уште од рана возраст ќе започнат да се грижат и за себе и за вас. Близнаците и Стрелците ќе ве нервираат со непресушните прашања. А, Овенот, Бикот, Шкорпијата и Лавот иако ќе ве тешат, ќе се обидат рано да избегаат од вашата близина.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Што сте во хороскоп?
5.1.2013 18:17:52   
Bilence2
Jas oven, tato bliznaci, a deckite skorpija i lav.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот mila28)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Што сте во хороскоп?
6.1.2013 3:53:02   
MamaOhrid
Мама шкорпија, тато девица, двете синчина ми се родени на премин од еден хороскопски знак во друг. Постариот син на 23.09 и незнам дали е девица или вага. Помалиот син на 23.10 и незнам дали е вага или скорпија.user posted image

_____________________________

23.09.2009
23.10.2012

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Што сте во хороскоп?
6.1.2013 12:48:31   
sladjana ms
Jas sum jarec so podznak skorpija, mm bik, a sinceto vaga.

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Што сте во хороскоп?
6.1.2013 13:00:01   
nena lonley
Jas sum vodolija podznak devica a decko mi ribi-rak....kombinacija sadizam/mozahizamuser posted image user posted image

(Одговор на членот sladjana ms)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?