Viktori -> RE: Што (не) ми се допаѓа во мојата земја! (28.3.2012 9:16:59)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka Уф, што да пишам..Македонија ми се допаѓа, ја сакам и убава ми е, ама не ми се допаѓа на каде е тргната и како функционира. А јас пак обратно од ултранациналист се претворив во, хм, ви текнува на двајцата дедовци од Мапет Шоу, епа таква сум станала, само мрчам и критикувам. хахаха не не, јас исто се жалам само, па со свекор ми на секоја седенка се расправам за политика. Јас се претворам во ултра националист кога некој од надвор ќе ми расправа што и како треба. Еве пример: Се возиме накај градинка со мојата "газдарица". Улицата е едносмерна, ама таа си вози во спротивен правец, затоа што тука видела дека прават така. А кога би била во нејзината земја, нема ни да и падне на памет. Ќе плати пари, ама баш пари, ќе остане без возачка, затоа што така вози во близина на училиште и градинка и ништо чудно и да одговара за загрозување затоа што има 18 месечно бебе со неа. А во друг момент кога касни, се жали на сообраќајот во Мк. Хипокритичност до максимум. Е во тој случај се му се спојуваат жички, а такви случаи имам видено 100 минимум годинава и должна не сум останала. Инаку кога правам муабет со наши, сум вечна опозиција во врска со здравството, социјалата, образованието.
|
|
|
|