|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:22:29   
mis.
Мартин имаше доста расипани заби и ги поправивме и сега по препорака на стоматолог пие флуронатрил.Е сега што ќе се случи и ако пие млеко со флуор???Можат ли учителките да ги контролираат секое дете колку млеко испил и истото да го евидентира кога во група барем кај моето дете се 31.Полесно е ние да му даваме дома флуор бидејќи родителот ќе може да исконтролира колку фроур прима неговото дете а преку градинката и млекото со фруор немаа контрола ни учителките а камоли ние родителите.Знаете како викаат постарите.Дете рането од две мајки на крајот останува гладно.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:24:11   
mis.
Во 16 часот имаме предавање од доктор на оваа тема во градинка па после ќе ви кажам како сме поминале.user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:27:28   
kiki_riki
мис и ние земаме флуонатрил, па те молам убаво распрашај го докторот за ваква ситуација


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:30:55   
mis.
Синоќе разговарав со две мајки дечињата ни одат заедно во градинка и воопшто се незапознаени со ситуацијата,неинформирани.Мислат дека е добро за нивното здравјеи му ја обогатуваат исхраната.Секако со сомневање се но и со позитивен став.Ме збунија.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:37:41   
kiki_riki
и јас се изненадив од некои мајки вцера, не само што не се информирани, туку и делувааа воопшто не заинтересирни кога ја отворив дискусијата, бог да чуваuser posted image , а јас и уште неколку поинформирани можеби и премногу сме загрижени и револтиорани

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:57:02   
ostoun
Barav na internet za fluonatrilot i ima najrazlicni stavovi. Od toa deka ne se voopsto stetni do toa deka se stetni za crniot drobuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 12:05:19   
ostoun
Na upatstvoto pisuva deka nema odatoci za stetni posledici vrz zdravjeto na bremenata zena i deteto, a deka nesakanite dejstva se retki i blagi

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 16:59:00   
Буцо
1. Со самото тоа што бараат согласност значи дека работите не се такви, како што ни ги претставуваат.
2. Им кажале нешто од СЗО, ама не им докажале и сега наместо да повикаат компетентни лица да ја образложат целата работа, тие ја префрлаат целата одговорност врз родителите.
3. На сите пакувања со флуор пишува дека треба да се користи 2 часа ПРЕД и 2 часа ПОСЛЕ конзумирање на млеко затоа што калциумот во млекото го разградува флуорот.
4. Ги прикажуваат работите како што им одговара, даваат пример со Британија и УСА (70% од населението се доселеници), а не даваат пример со Словенија каде што е забрането да се дава вакво млеко на деца.

   И затоа сложно да им кажеме НЕ за таквото млеко, а за потребата од флуор да се консултираме со стоматолозите.user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 23:40:06   
mis.
Денеска бев на родителска и се сложувам со коментарите на кики рики и на буцо.Некомпетентни доктори кои немаа одговори на многу прашања па и на дел за што и ние се прашувавме тука на форумот.Бараат писмено одобрение од родителите нормално да не сносат никаква одговорност.Млекото ќе го произведува битолска млекара исклучиво за потребите само на градинките.Децата секоја сабајле ќе добиваат по 200 мл млеко со 0,05%флуор што ги задоволувало нивните потреби и задолжително да НЕ се дава флуоронатрил.Учителките треба да водат евиденција дали и колку испиле од млекото дечињата а секој петок ќе доаѓала докторката да исконтролира.Е сега мојот многу пие млеконо таму не пиел бидејќи имало мрежа внатреuser posted image и како сега јас да знам дали примило или не флуор.Колку учителките можат да водат точна евиденција секој ден и за секое дете кога се 31 во група.Нели е полесно дома да го контролираме колку фруор примил детето отколку учителката во градинката.Моето дете дома пие флуолонатрил и нема потреба од такво млеко.
Лично НЕ одобрив моето да пие од тоа млеко.Може ќе го сменам мислењето кога ќе видам дека дало некои резултати.

(Одговор на членот Буцо)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 23:53:35   
nadica
од толку деца како ќе знае учителката дека беш на твоето не треба да даде такво млеко???????????


нема смисла па срамота е да не прават недоветни и нашите деца да служат како експеримент user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ако треба да се дава такво млеко нека го има во продажба да се купи и ние да им водиме сметка дали се напило детето или не.а што е со тие деца кои не одат во градинка тие се од друг општествен слој или ...


во секој случај безсмислено е

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Млеко со флуор
30.9.2009 8:16:25   
mami
значи не ми се верува што се случува со светов..па како може така..убаво вика Надица- од кај ке знае дека баш на моето не треба да му даде млеко или тоа од стрв не се напило од кај некој...
немаме искуство со градинка, ама гледам дека ке ни биде баш весело кога ке почнеме..ке треба да се карам таму секој ден

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Млеко со флуор
4.10.2009 10:55:55   
ostoun
Дали почнаа да им го даваат млекото со флуор и дали се согласивте со тоа?
Сега гледав на бебе магазин и кажаа дека ќе им го даваат на сите деца кои посетуваат градинка а не кажаа дека треба согласност од родителите. Детето секој ден ќе добивало 200 мл. млеко а воспитувачката ќе запише колку испило а децата во школска возраст ќе добивале таблети. А то ќе се случи ако детето е подолго отсутно?user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Млеко со флуор
4.10.2009 11:03:55   
mami
леле што нема веќе да кажат..па не е едно дете таму- тукусе 30 во најмала рака, од каде нааставничката евиденција кој колку испили или изел? и што ако денес испил пола шоља млеко? утре ке му дадат шоља ипол???
имавме неколку воспитувачки во градинка овде на форумов, ги молам да се јават

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 12:58:01   
big_mama817
Па­ни­ка од флуоризирано млеко
Родителите се сомневаат дека негувателките во градинките ќе можат во целост да кон­тро­ли­ра­ат кое дете колку флуоризирано млеко испило и се плашат од предозираност
Од 15 октомври во детските градинки низ државата ќе почне да се дава
мле­ко збогатено со флуор. Децата на возраст од 3 до 5 години секој ден, од­нос­но пет дена во неделата ќе пијат по една чаша од флуоризираното мле­ко. Проектот ќе се спроведува само во државните градинки, а ќе се ре­а­ли­зи­ра преку Министерството за здравство.
Вос­пи­ту­ва­чи­те во градинките ќе имаат задача да водат дневник и секој ден да запишуваат кое дете пиело млеко и во колку часот.
Во моментов во детските градинки се прават анкети на родителите, кои тре­ба да се изјаснат дали сакаат нивните деца да бидат вклучени во про­ек­тот. Доколку родителите не прифатат, тогаш нивните деца ќе добиваат обич­но млеко, како и досега.
"Бев­ме повикани во градинката и стоматолози ни објаснија зошто децата тре­ба да земаат флуоризирано мелко. Но не нe убедија дека навистина тре­ба да го прифатиме тоа", велат дел од родителите. Тие стравуваат де­ка во градинките ќе се јави проблем во делот на контролата кое дете кол­ку испило од флуоризираното млеко.
"Вос­пи­ту­вач­ки­те имаат по 30 деца во група, и се плашиме дека нема да мо­жат да ја вршат контролата за секое дете. Кој ни гарантира дека детето не­ма да испие две чаши и да се предозира. Доволно се две секунди мешаница и нев­ни­ма­ние на воспитувачките, и децата да направат беља и да ја испијат до­за­та на другарчето. Самите воспитувачки ни рекоа дека тоа е голема од­го­вор­ност за нив. А ако е толку добро и можат да ја преземат од­го­вор­нос­та, зошто нe анкетираат, зошто, едноставно, не им го дадат на децата", ве­лат загрижените родители.
Д-р Оливера Саракинова, координатор на проектот, вели дека не постои опас­ност децата да се предозираат со флуор.
"Ние живееме во демократско општество и ред е да се прашаат ро­ди­те­ли­те. Децата дневно ќе пијат една чаша млеко, која ќе содржи 0,5 милиграми флу­ор, и тоа е оптималната доза за нивната возраст. Не постои можност де­ца­та да бидат предозирани. Нема да се дава репете. Млекото во гра­дин­ки­те ќе се служи во посебни, шарени чашки, и нема да се меша со обич­но­то. Исто така, флуоризираното млеко нема да го има во слободна про­даж­ба", вели Саракинова.
Таа тврди дека децата што во градинка ќе пијат флуоризирано млеко не мо­жат да се предозираат ако дома користат паста за заби збогатена со флу­ор.
"Флу­о­рот кој го има во некои детски пасти не е во големи количини кои мо­жат да му наштетат на детето. При миење на забите, се става паста кол­ку едно зрно грашок. И да голтне детето од пастата, не е ништо страшно", ве­ли докторката.
Про­ек­тот за флуоризирано млеко се реализира по препорака на Свет­ска­та здравствена организација и претставува само еден сегмент од др­жав­на­та стратегија за стоматолошка превенција. Во Македонија децата, во про­сек, имаат по седум расипани заби. СЗО препорачува дека на ова под­неб­је просекот треба да биде до 3.
"Во Данска, на пример, просекот е нула, зашто децата воопшто немаат ка­ри­ес", вели проф. д-р. Миле Царчев од Стоматолошката клиника во Скоп­је. "Ама таму строго се контролира внесувањето на шеќерот кај децата. Во про­дав­ни­ци­те слатките се наоѓаат на највисоките полици, за да не можат де­ца­та да ги видат. А кај нас лижавчињата им се на дофат", вели про­фе­со­рот Царчев. Според него, флуорот е најмоќното средство против ка­ри­е­сот.
"Ко­га ќе се измисли вакцина, тогаш тоа ќе биде најдобро решение. Секоја суп­стан­ција која не е правилно дозирана, има штетни влијанија. И пре­до­зи­ра­ност со шеќерот, солта, мастите е опасна за здравјето, исто како и флу­о­рот", вели професорот.
Про­ек­тот за флуоризирано млеко е финансиран од британската фон­да­ци­ја "Боров" и се спроведува во Бугарија, Велика Британија, Тајланд и во Чиле.
Р.Фотиновска

Зошто флуор само за децата од 3 до 5 години

Иа­ко на оваа возраст децата сe уште имаат млечни заби, стоматолозите ве­лат дека во овој период во вилицата на децата почнуваат да се раз­ви­ва­ат трајните заби. Кога ќе никнат, поради флуорот, новите заби ќе бидат по­от­пор­ни на кариес, ќе имаат поцврста структура на глеѓта и ќе бидат по­маз­ни.
Флу­о­рот може да се користи до 12 години. Возрасните немаат потреба да го користат зошто тој отпосле не може да им ја подобри структурата на за­би­те.

Де­ца­та не пијат вода

Во некои земји, на пример во САД, се користи флуоризирана вода. Но нашите ис­тра­жу­ва­ња покажуваат дека децата пијат многу малку вода. Најчесто пијат га­зи­ра­ни или густи сокови. Затоа одлучивме флуорот да им го да­де­ме во млекото, зашто, освен флуор, тие секој ден преку млекото ќе вне­су­ва­ат и калциум.
Ги испитавме сите води во шишиња кои ги има на пазарот во Македонија, и ниту една не содржи флуор. 

Зошто е добар флуорот?

Флу­о­рот помага во создавање на поквалитетна глеѓ, односно ја подобрува струк­ту­ра­та на забите. Површината на забите за гризење вообичаено е рел­јеф­на и има многу места каде што кариесот лесно се создава, поради теш­ка пристапност при четкање на забите. Со флуорот тие набраздени по­вр­ши­ни стануваат помалку набраздени и како такви се поотпорни на кариес. 

Опасност од предозирање

Флу­о­рот може да биде штетен ако децата се предозираат.
Пр­ви­те знаци на предозираност се покажуваат на забите, односно се по­ја­ву­ва­ат жолти дамки.
Док­то­ри­те предупредуваат дека ако децата внесуваат 2 милиграма флуор, мо­же да им се наруши имунолошкиот систем, да дојде до нарушување на работата на бубрезите и да добијат канцер.
Ен­док­ри­но­ло­зи­те предупредуваат дека флуорот претставува ендокрин дис­рап­тор.
"Флу­о­рот го спречува нормалното функционирање на ендокрините жлез­ди, лачењето на хормоните", вели примариус д-р сци. Марина Крстевска -Кон­стан­ти­но­ва. "Флуорот штетно дејствува врз тироидната жлезда, односно го намалува лачењето на хормоните и предизвикува гушавост. Го нарушу­ва нормалното развивање во пубертетот, односно на репродуктивните ор­га­ни. Поради тоа, кај девојчињата може да дојде до предвремено сек­су­ал­но зреење, рано да добијат менструација и да останат со низок раст. Кај маш­ки­те, поради предозираност, пубертетот може да доцни", вели Кон­стан­ти­но­ва.

Предозирани трудници може да родат бебе со микропенис

Бре­ме­ни­те жени и доилките во текот на денот можат да внесуваат мак­си­мум 1 милиграм флуор.
Мај­ки­те што во текот на бременоста се предозирале со флуор, може да ро­дат машки деца што ќе имаат микропенис, скриен тестис или отворот за мок­ре­ње на децата да не им е на вистинското место.

извор:вест


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:03:54   
mami
Затоа одлучивме флуорот да им го да­де­ме во млекото, зашто, освен флуор, тие секој ден преку млекото ќе вне­су­ва­ат и калциум


Е ајде сега тие доктори да ми објаснат зошто кога ни го дадоа Флуонатрилот- ни рекоа- 2 часа пред пиење млеко и два часа после апченцето да не пие млеко???

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:05:06   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: ostoun

Дали почнаа да им го даваат млекото со флуор и дали се согласивте со тоа?
Сега гледав на бебе магазин и кажаа дека ќе им го даваат на сите деца кои посетуваат градинка а не кажаа дека треба согласност од родителите. Детето секој ден ќе добивало 200 мл. млеко а воспитувачката ќе запише колку испило а децата во школска возраст ќе добивале таблети. А то ќе се случи ако детето е подолго отсутно?user posted image


Јас не се согласив да му даваат млеко со флуор и ако веќе задолжително е за сите деца тогаш значи му даваат и на моето без моја согласност а јас дома продолжив со флуронатрил.?????

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:07:19   
mami
е ова ке биде една прекрасна мешаница...за жал

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:23:56   
mother 29
јас не дадов согласност и ке му носам млеко на моето дете кога ке го водам сабајле во градинка.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:35:49   
mis.
матхер29 мислев дека сум единствена што не дадов согласност.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:37:46   
mother 29
експерименти во лабораторијаuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Млеко со флуор
6.10.2009 13:42:23   
Еца
Па добро што е ова циркус? А што е со децата кои не одат во гардинка? Што со тие деца? user posted image user posted image user posted image Значи еден проект не може да се спродеве како што треба, да се објасни убаво, да се направи убава кампања, па да нема вакви циркусиuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Млеко со флуор
21.10.2009 9:21:35   
kapsarovb
Еве неколку линкови за информација во врска со флуорот. Внимателно и со ладни глави истржувајте што му давате на детето затоа што ако му се случи нешто несакано НЕДАЈ БОЖЕ ние самите сме си одговорни!

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%BB%D1%83%D0%BE%D1%80
http://www.bluezone.com.mk/poveke.aspx?id=3940
http://www.onlinelawyersource.com/fluoride-osteosarcoma/index.html
http://www.drugs.com/mtm/fluoride.html
http://www.naturalnews.com/026452_fluoride_health_water.html
http://www.naturalnews.com/026605_fluoride_fluorides_detox.html
http://www.naturalnews.com/026364_fluoride_pineal_gland_sodium.html

полемики:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10149857493&id=9&setIzdanie=21811

"Бев­ме повикани во градинката и стоматолози ни објаснија зошто децата тре­ба да земаат флуоризирано мелко. Но не нe убедија дека навистина тре­ба да го прифатиме тоа", http://www.vest.com.mk/?ItemID=48DE71E5B67FD74B96BEF47FFB6993FD

Ако самите стоматолози не се сигурно дали да им даваме млеко со флуор на децата и на тој начин самите стоматолози да имаат помалку работа, нели помалку деца ќе имаат проблем со забите. Тука има конфликт на интереси и тоа што бараат согласност од родителите е уште еден сомнителен факт зошто не треба да се дава на децата ваква комбинација.

Ако е толку добро за луѓето зошто го нема во природата како такво и зошто ако млекото е ултиматен еликсир за доенчето го нема во неговиот состав флуорот?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Млеко со флуор
21.10.2009 9:26:25   
mother 29
Добро ни дојде,ти благодариме за информациите!Пријатна дружба!

јас лично не потпишав,му носам млеко!

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 21.10.2009 9:27:03 >

(Одговор на членот kapsarovb)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Млеко со флуор
21.10.2009 12:11:42   
Весна
Еве само што читам и во Бебе магазин, каде под наслов „Млеко со флуор за здрави заби“ д-р Царчев не’ убедува само во корисноста на флуорот, секако без да ги напомене оние дозирања и секако можната штетна страна.
Еве и еден кус цитат:
„Нашата програма е уникатна бидејќи сме единствената земја каде што залевањето се врши на ниво на целата земја. Резултатите што ќе ги постигнеме ќе бидат објавени во билтенот на СЗО и нашиот пример ќе го следат и другите земји“. user posted image
и уште поапсурдно е што неконзумирањето на „оваа кампања“ ја поврзува со нашата неинформираност. user posted image О, боже!!!

Ај секако и самите ќе прочитате. user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Млеко со флуор
21.10.2009 12:44:26   
ostoun
Jas ne potpisav , zboruvav so maticniot pedijatar taa ni rece deka fluonatrilot treba da se zemaat so pauza t.e. nekolku meseci da zema a potoa isto tolku da napravi pauza a za stetnosta kaza deka e steten ako se zeme vo pogolemi kolicini od 2 mg. Prv znak za predoziranost se beli fleki na zabite t.e.fluoroza. Taka sega pravime pauza od fluonatrilot a i koga ke pocneme so nego ke ja namalime dozata na samo o,25 mg ( a zemavme 0,5 mg )

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?