Anushka -> RE: Колку деца имате? (30.4.2009 11:57:16)
|
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image] за жал, сега не. Многу би сакала, ама работите се менуваат. Големите се веќе „испилени„ и си го бираат самите своето место на живеење (студираат), моите се сега со нас. Сепак, како што напишав и во другата тема - сите си ги носам во срцето и постојано мислам на нив. Верувај, гените немаат врска со тоа - ако го сакаш нивниот татко (мајка), ќе ги сакаш и неговите (нејзините) деца. Понекогаш (многу често) другите ми се поважни - зашто знам, нивната среќа, задоволство и спокојство е среќа за нивниот татко. Иако, има туѓи влијанија, многу малограѓанштина, традиција и тесноградост, сепак [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/racka.gif[/image] важна е љубовта и неограничената и огромна желба тие деца да се сакаат такви какви се, да се разберат и одобрат. А најва`на е искреноста со нив. Ни едно дете несака да го лажеш, ма колку да е болна вистината. Треба да се биде со отворено срце и затворени предрасуди.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]
|
|
|
|