Што ќе биде ин во 2011-та? Се прашувате кои се модните трендови за новата 2011-та година? Оваа година дизајнерите понудија едноставни свежи креации, а на модната сцена се враќаат и потпетиците со шпицест врв. Милитаристички изглед Секој модел кој има два реда на копчиња и строга линија на кроење е полн погодок за оваа сезона. Можете да го користите како за дневни така и за вечерни излегувања. Плетена облека Најактуелниот тренд несомнено се креациите кои се плетени. Тука секако спаѓаат џемперите, туниките, шаловите и капите, но и плетените фустани кои доаѓаат во мошне интересни варијации. Чипка Нема ништо посекси од тантела, особено кога е обвиткана по вашите нозе. Токму затоа оваа зима и пролет чипкастите чорапи се особено модерни. Големи нараквици Доколку до сега бевте навикнати на големи прстени, сега ќе треба да се навикнете на големи нараквици. Дрвото со интересни мотиви е особен хит за сезоната.
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
|