Верски чуда (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


JovanaJ -> Верски чуда (9.4.2012 11:21:07)

Несекојдневна појава се случи вчера на празникот Цветници во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија. Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од свеќите што ги палат верниците, почнаа самите се прочистуваат и да ја добиваат својата природна боја.
Прочистувањето почнало од фреската Воведение на пресвета Богородица на влезот црквата, а потоа и на фреските Вознесение Христово, Оплакување Христово, Св. Апостоли Петар и Павле, Свети Архангел Михаил и на другите фрески.
Природните бои најмногу се враќаат на ореолите над насликаните светци, а исто така и на дел од нивната одежда која е насликана со златната боја.
Ваков феномен, како што велат свештениците во Свети Димитрија, е забележан само во Русија во 30-те години од минатиот век, кога во една црква почнале да се враќаат природните бои на фреските и иконите.




AnnaMolly RR -> RE: Верски чуда (9.4.2012 12:46:36)

Јас ќе бидам кратка и јасна.

Не верувам во вакви „верски чуда“.




dostickage -> RE: Верски чуда (9.4.2012 12:49:20)

jas mislam deka e najpametno da se ostavat svetcite i ikonite na raat.




miana -> RE: Верски чуда (9.4.2012 14:44:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

jas mislam deka e najpametno da se ostavat svetcite i ikonite na raat.

[sm=smiley20.gif] i jas mislam taka




Olivia -> RE: Верски чуда (9.4.2012 21:37:39)

Јас денеска поминав повеќе од два часа во црквата св. Димитрија, верувам во Бог и неговите чуда воедно на моите очи!




Annet -> RE: Верски чуда (10.4.2012 7:47:01)

Gospodova rabota,nie ne treba mn da se mesame vo toa.za arno neka e samo,da ne cuva od losi raboti........Jas mnogu veruvam ama mislam deka ne treba do tolku kako sto stana rabotava da se spobudaluvame.........tuku malku da se potcukneme ,sto pravime nie narodov,sal se molime na Gospod a kolku gresime,sekojdnevno.eee baba mi mi pocina ama pogolem vernik nemase od nea..zatoa ziveese tolku..i taa velese ostajte deca toa e Gospodova rabota..




Mihaela 2010 -> RE: Верски чуда (10.4.2012 8:29:37)

Izlegoa glasini na TV deka navodno nekoj covek e viden kako na skala kacen gi cistel ikonite,za ete da se napuni crkvava so pari po povod Cudoto sto nastanalo.No vcera se vidov so komsiive bile i vika nema sansi da bilo namesteno.I nemalo sansi ikoni stari mozebi 100 god tuku taka nekoj da se kaci i da gi iscisti..Neznam sto da kazam,veruvam deka postoi visa sila ,veruvam i vo Boga,ama deka do tolku nesto bi se slucilo ne veruvam.Sepak bi sakala da pojdam vo crkava i da go vidam toa cudo..




Junona -> RE: Верски чуда (10.4.2012 11:24:24)

Според мене ова е само еден многу успешен обид да се оживее црквата повторно.сега има посетители илјадници,сигурно ке има и толку венчевки и крштевки,се продаваат неколку илјади свеки на ден и исто толку бројаници.




Octavia -> RE: Верски чуда (10.4.2012 12:08:57)

Чистењето фрески е бавна, мачна, пипава и долготрајна работа. Не знам колку човек треба да биде неупатен па да каже „се качил клисарот на скала и ги зачистил“. И никако не може да се направи преку ноќ, за никој да не види, тоа трае со месеци, и го прават само експерти. така што... Реално, ако има некое научно објаснување за ова, би сакала да го слушнам. Се до тогаш, убаво ми е да верувам дека сме сведоци на ретко и необично нешто, па кој сака нека го нарече Божје чудо, кој сака нека го нарече неверојатно, кој сака нека го смета за интересна реткост... секому по волја. Ниту некој што не верувал ќе стане верник заради ова, ниту пак тој што верувал ќе смени мислење.




Bogdancanka -> RE: Верски чуда (10.4.2012 12:15:02)

верувам дека оваа е чудо и дека се случува со причина!




Maca25 -> RE: Верски чуда (10.4.2012 17:59:59)

Баш сега го прашував мм колку време е потребно за да се исчистат иконите и ми рече дека со месеци тоа се прави. Ако некој ги чистел иконите, со месеци ќе требал тоа да го прави и сигурно некој ќе го видел.
Јас немам објаснување за ова што се случува во црквата, а сакам да видам со свои очи. Баш во оваа црква јас и мм си ветивме дека ќе бидеме засекогаш заедно [sm=smiley27.gif]




kapina -> RE: Верски чуда (10.4.2012 18:46:54)

jas veruvam i toa mnogu vo gospod i veruvam oti toa si e bozja rabota




mamicki -> RE: Верски чуда (10.4.2012 19:20:27)

Верувам во Бога и во неговата моќ да ни се покаже дури и онаму каде што најмалку го очекуваме, а не пак во црква. Конкретно, за феноменот што се случува во црквата Св. Димитрија, немам став дали е чудо или некаква појава што се должи на составот на боите или на не знам што веќе, но никако не мислам дека е маркетиншки трик на црквата. Што и да е- на арно нека е.




Pepelaska * -> RE: Верски чуда (10.4.2012 19:37:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka RR

верувам дека оваа е чудо и дека се случува со причина!

потпис




kikicka -> RE: Верски чуда (10.4.2012 20:07:31)

Точно и јас истото г мислам.
Додека го читав ова буквално се наежив.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka RR

верувам дека оваа е чудо и дека се случува со причина!





Viktori -> RE: Верски чуда (10.4.2012 22:31:28)

јас мислам дека од ова чудо најмногу ќе се офајди Градски Паркинг. [sm=smiley1.gif]
Инаку не верувам дека е чудо.

Да се дообјаснам [sm=jezicek.gif] верувам во чуда, на луѓе што им се случиле, верувам дека постои Бог и дека се објавува на луѓето. Ама ова ми е некако многу многу..... не знам. Не верувам дека е чудо, ама ич.




humana -> RE: Верски чуда (10.4.2012 22:45:22)

I toa kako veruvam vo cuda.Mene samo Gospod me spasi od smrt nekolku pati a zgora na toa i mi podari i zivo i zdravo bebe,toa e Bozjo cudo,taka da veruvam i ova deka e,samo neka e na dobro




Страница: [1]