Ден на жалост (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Во прегратка на тагата



Порака


Olivia -> Ден на жалост (13.4.2012 17:06:20)

[img]https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/306686_407357102608631_138012946209716_1642418_827383478_n.jpg[/img]
Денеска сум страшно потресена од немилиот настан кој се случил вчера кај Смилковското езеро, загубата на овие четири млади животи нанесе болка на сите нас, хуманоста нека уште еднаш се покаже овде , соочуство до семејствата на овие млади момчиња.




kikicka -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:09:15)

Сочуство жално навистина![sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Love27 -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:20:48)

[sm=smiley19.gif]] соочуство до семејствата на овие млади момчиња.




Pepelaska * -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:29:53)

Сочувство до семејствата,
многу се потресов сабајле кога слушнав и сеуште сум, колку млади животи згаснуваат не ми се верува[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




niki -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:41:40)

Socuvstvo[sm=smiley19.gif]

Se otkri bilo sto, somnezi nekoi ima koj i zosto gi ubil?




lilicka -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:44:16)

Трагедијааа.......[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
Нека почиваат во мир невините луѓе што беа свирепо убиени од некој бездушни[sm=hudicek1.gif]!!!Многу сум вознемирена и потресена од сетоа ова...испадна дека неможеме слободно да искочиме од дома.....ужасссссссс луѓе!!!!!!!




Olivia -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 17:57:16)

Да не заборавам и сочуство до семејството на 45 годишниот рибар кој исто така бил застрелан на истото место за кој се мисли дека бил сведок на грозоморното убивство на овие млади 4 момчиња
[img]https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/538619_3202461017825_1155072153_32515653_2056206262_n.jpg[/img]




miana -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 18:07:57)

Neka pocivaat vo mir [sm=smiley19.gif]
Bog neka im presudi na onie koi sto im go napravija ova...[sm=hudicek1.gif]




Viktori -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 18:10:38)

Јас цел ден читам, барам гледам... ама ова ваке веќе не иде.
И онаа Гордана Јанкуловска кога ја гледам на ТВ ми се повраќа. Бидете смирени, ве молам за трпение, да не се подгреваат тензии бла бла бла...
Да си ја работи полицијата работата секогаш, сеа ќе нема потреба да смирува!
Во каква држава живееме - ќе отидеш по риба, куршум во чело ќе уловиш! [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]




Viktori -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 18:12:46)

[img]https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/553885_338637532857568_100001339717890_859861_238994135_n.jpg[/img]

Нека почиваат во мир! сочувство до семејствата! [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




kikicka -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 18:17:02)

Незнам што да кажам ,ова страшноо веќе ништо не е сигурно на сите им се дозволува оружје да користат.
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Трагедијааа.......[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
Нека почиваат во мир невините луѓе што беа свирепо убиени од некој бездушни[sm=hudicek1.gif]!!!Многу сум вознемирена и потресена од сетоа ова...испадна дека неможеме слободно да искочиме од дома.....ужасссссссс луѓе!!!!!!!





mama toci -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 19:17:39)

[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif],lele strasno,neznam sto da kazam,mnooogu zalno,ne poznavam nikoj,no nemozam da se sozemam,kako nekoj blizok da mi pocinal.....




Melanija RR -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 20:22:29)

Каков ,,човек,, може да посегне по туѓ живот на денешен ден[sm=smiley13.gif] неможам да разберам
Ако нема правда човечка,а најчесто нема,тогаш господовата нека биде побрза
Сочуство до семејствата




humana -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 22:33:58)

Море да донесат смртна казна па да подразмисли народов кога ке посака да усмрти или да силува некого,и за педофиливе една гасна комора ,а не да осудуваат по неколку години затвор,како што направија со детето што го убија кај Козјак.Тоа си умре а овој го осудија 15 години,неколку ќе го помилуваат и гледаш излегол за 5-6.Обеси на плоштат неколку нега гледа цел народ,па ова психопативе нека се запрашаат дали ќе убијат или силуваат некого.Јас се извинувам ако сум малку строга ама ваква трагедија не се простува.Сочуство за семејствата и искрено се надевам дека ке си добијат што заслузуваат психопатите.




AnnaMolly RR -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 22:37:07)

Сочувство за семејствата на жртвите. Јас сабајле дознав и цел ден сум потресена. Свекор ми уште повеќе, тој е страсен риболовец и постојано е по реки да лови риби. Мислам дека по ова долго време нема да излезе.

Се надевам дека убијците брзо ќе се најдат и ќе се казнат.




riba79 -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 22:38:06)

tragedija golema[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]nemam zborovi....
socustvo do uzalenite semejstva...[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
se nadevam deka ubiecot ke bide faten vo najkratok vremenski rok...




Pepelaska * -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 23:02:08)

Извинете ја утнав темата уште еднаш сочувство




suzeto -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 23:06:02)

socustvo do semejstvata.....neka pocivaat vo mir...........strasno nesto ........smrtna kazna.....




ketrin 77 -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 23:10:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Јас цел ден читам, барам гледам... ама ова ваке веќе не иде.
И онаа Гордана Јанкуловска кога ја гледам на ТВ ми се повраќа. Бидете смирени, ве молам за трпение, да не се подгреваат тензии бла бла бла...
Да си ја работи полицијата работата секогаш, сеа ќе нема потреба да смирува!
Во каква држава живееме - ќе отидеш по риба, куршум во чело ќе уловиш! [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]

Нека почиваат во мир,и јас сум цел ден вознемирена во каков свет ќе раѓаме деца,но што е крива Јанкуловска,што очекуваш да каже ајде сите пушките во раце и излезете на протести,и мислам дека не треба да откриваат премногу информации додека не ги фатат убијците.




Bogdancanka -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 23:14:33)

koga ja vidov temata neznaev zasto se raboti i sega pobarav nesto na net i ja procitav strasnata vest[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]nemam zborovi i nemozam da razberam kako moze nekoj da bide sposoben za takvo nesto,navistina nemam zborovi strasno[sm=smiley19.gif]socuvastvo do semejstvata




Viktori -> RE: Ден на жалост (13.4.2012 23:54:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ketrin 77


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Јас цел ден читам, барам гледам... ама ова ваке веќе не иде.
И онаа Гордана Јанкуловска кога ја гледам на ТВ ми се повраќа. Бидете смирени, ве молам за трпение, да не се подгреваат тензии бла бла бла...
Да си ја работи полицијата работата секогаш, сеа ќе нема потреба да смирува!
Во каква држава живееме - ќе отидеш по риба, куршум во чело ќе уловиш! [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]

Нека почиваат во мир,и јас сум цел ден вознемирена во каков свет ќе раѓаме деца,но што е крива Јанкуловска,што очекуваш да каже ајде сите пушките во раце и излезете на протести,и мислам дека не треба да откриваат премногу информации додека не ги фатат убијците.

Што е крива? Што пруштаат од притвор најчесто се што нетреба, што работат селективно, што наолаќаат казни селективно, што детонираат во Кочани, Штип, Велес, што апсеа вечерва во Радишани и да не редам...




Ikana -> RE: Ден на жалост (14.4.2012 0:20:00)

Сочувство до фамилиите на убиените, денес е тежок, црн и трагичен ден за Македонија. Ова никогаш нема да се заборави, вечно ќе останат во нашите мисли и срца жртвите и нивните семејства. Господ гледа се.
Кој и да е мотивот, што чисто сумњнам дека е етничка омраза, или поттикнување на истата, мора да бидеме силни и да се оградиме од провокациите и создавањето на нетрпение меѓу македонските етникуми. Никој не сака војна, тоа е нешто најстрашно!!!




Pepelaska * -> RE: Ден на жалост (14.4.2012 0:24:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

. Никој не сака војна, тоа е нешто најстрашно!!!

Верувај ми, дека има некој кој сака,




Ikana -> RE: Ден на жалост (14.4.2012 0:28:40)

Не знам што да одговорам на ова. Ќе си преќутам. [sm=smiley13.gif]




jagodica -> RE: Ден на жалост (14.4.2012 0:35:20)

Нека почиваат во мир, Господ нека им даде мир и спокој во рајот. Сочувство до нивните семејства.
цел ден слушам и еве сега ги видов и на Facebook страшно многу страшно и премногу жално [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>