|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дали често сонувате?
29.9.2009 6:07:42   
pericka
sto najveke sonuvate

< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.9.2009 9:09:17 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 6:13:11   
daniel
ne ne sonuvam cesto a ako sonuvam koga se razbudam ne se sekavam na sonotuser posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.9.2009 9:09:30 >

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 11:09:47   
vezilka RR
јас не сонувам многу често..ама кога сонувам најчесто секогаш истата финта..собрани на куп луѓе што ги познавам од сосема различни страни..и сите нешто прават, само јас не можам тоа да го направам..Смешки:)))

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 17:05:41   
Bogdancanka
ако имам некој проблем и цел ден го мислам,сонувам како го решавам ако не на јаве бар во сонuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 17:09:26   
Палешка РР
Често сонувам. До пред да останам бремена најчесто го сонував татко ми...тоа повеќе личеше на астрална средба, отколку на сон. После тоа неколку дена неможев да си дојдам на себе, што од среќа, што од тага.

Сега сонувам се нешто поврзано со бебушката user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 17:10:06   
elle
Во последно време сонувам како перам и пеглам пелени и бебеска облека!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дали често сонувате?
29.9.2009 17:14:55   
nadica
многу сонувам ама и брзо заборавам штом станам од креветот заборавено е user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дали често сонувате?
30.9.2009 7:55:27   
profesorica
Ретко сонувам и обично го памтам до појадокот, потоа избледува од меморијата.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дали често сонувате?
30.9.2009 13:15:49   
penelopa
Sonuvam mnogu, rečisi sekoj den...najčesto toa što mi se slučuva vo životot i toa što najmnogu me zagrižuva (Frojd imal pravouser posted image )

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дали често сонувате?
30.9.2009 16:26:54   
Jasna
Sonuvam mnogu ,e sega nekogas pametam anekogas ne...Ama eve primer sinoka sonuvav eden son so dosta raboti i znam deka ne se custtvuvav dobro vo sonot ,a i denes denot mi e katastrofa....kaj mene cesto pokazuva kakov ke mi e denot ili pak ako cekam odgovor za bilo sto znae da mi navesti

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дали често сонувате?
30.9.2009 23:54:23   
daniel
pa ne bi rekol

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дали често сонувате?
2.10.2009 13:54:47   
mina_m

ИЗВОРНА ПОРАКА: Jasna

Sonuvam mnogu ,e sega nekogas pametam anekogas ne...Ama eve primer sinoka sonuvav eden son so dosta raboti i znam deka ne se custtvuvav dobro vo sonot ,a i denes denot mi e katastrofa....kaj mene cesto pokazuva kakov ke mi e denot ili pak ako cekam odgovor za bilo sto znae da mi navesti

potpis,tocno znam sto mi nosi sonot ....sto sekogas vo misla me stavaat dali za dobro ili loso......

(Одговор на членот Jasna)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дали често сонувате?
2.10.2009 14:20:28   
mother 29
само глупости сонувам во последно време,стравови невидени...еве оној пат бев со Марко во црква ,запаливме свеки за здравје

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дали често сонувате?
4.10.2009 0:13:30   
biser
јас скоро секоја ноќ сонувам вода, т.е.море и тоа длабочини, па некогаш пливам(а не сум некој пливач во стварност),почесто  го гледам од височина.што би рекла мајка ми убаво е да си на високо на сон, ама мене веќе ми здосадија вакви соништа, скоро секоја ноќ.user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дали често сонувате?
4.10.2009 0:17:58   
Еца
Често сонувам и многу пати ми се случи сонот да ми најави што ме чека. Сега и кога сонувам нешто се трудам воопшто и да не помислувам на сонот, бидејќи некако не се чувствувам убаво така.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biser)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дали често сонувате?
4.10.2009 0:26:38   
biser
не знам од каде доаѓа тоа, но и мене тоа ми се случува . најчесто за лоши работи а караница можам со сигурност да предвидам.маж ми често се смее со мене (бидејќи јас се крстив во црква дури на 29 год)
божем сега крстена си и пак нешто ќе предвидиш.мора да е женска интуиција ,па и од многу мислење за се нешто ,тоа и сонувамеuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дали често сонувате?
4.10.2009 0:43:01   
milijana
да..многу често сонувам..И за тоа сонување случајно прочитав во еден весник на православната црква дека ,,сонувањето било знак на недоволна верба кон бога,, тоа го кажал некој мудар старц кој живеел на манастир на света гора.
инаку моите сонови се исполнувачки.Скоро се што ке сонам се исполнува..Некогаш се случува со месеци да не сонам ништо, па велат ,,изморена си била, си легнала , си заспала,, а татко ми има обичај да рече ,,секој сонува за тие што ги познава, што не сонуваш за некој си што никогаш не си го видела,,поззз баш сакам да читам вакви интересни искуства.

(Одговор на членот biser)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дали често сонувате?
5.10.2009 8:15:24   
mami
во последно време секоја ноќ сонувам нешто..и тоа ме нервира, бидејќи се се некои соништа без врска, не поврзани, страшни

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дали често сонувате?
5.10.2009 8:51:21   
Сани
многу често сонувам но непријатно ми е кога не го помнам сонот но чувството ми останува, доколку сонувам нешто лошо цел ден сум вознемирена user posted image

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дали често сонувате?
19.10.2009 10:56:52   
pericka
da mnogu no nezam sto mn retko pamtam  sto sonuvam

(Одговор на членот biser)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дали често сонувате?
16.1.2010 23:46:22   
pacuvce
15 факти за сонувањето


Сонувањето е едно од најмистичните и интересни искуства во животот. Во Романската ера некои соништа биле предложени пред Сентатот да бидат анализирани и толкувани мислејќи дека се пораки од Боговите. Толкувачите на соништа дури и ги придружувале воените лидери во нивните битки!

Но, што всушност знаеме ние за соновите?

1. Забораваме 90% од нашите сонови
Во првите 5 минути од будењето забраваме половина од нашите сонови, во првите 10 минути забораваме дури 90% од соновите.
2. И слепите сонуваат
Луѓето кои ослепеле по раѓањето можат да гледаат слики во нивните сонови.Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но имаат исто толку живи сонови користејќи ги другите сетила за звук, мирис, допир и чувства.
3. Сите сонуваме
Секое човечко суштество сонува, освен во некои случаи на екстремни психолошки пореметување. Ако мислите дека не сонувате, тоа само значи дека ги заборавате соновите.
4. Исклучиво сонуваме лица кои ги познаваме
Нашиот мозок не измислува лица – во нашите соништа гледаме вистински лица кои некогаш сме ги виделе, а кои и не мора да ги памтиме.Сите сме виделе илјадници лица низ животот, па затоа имаме непотрошни залихи на лица кои нашиот мозок ги покажува во соновите.
5. Не сите сонуваат во боја
Цели 12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно и бело. Останатите сонуваат во боја. Студии направени од 1915 до 1950 покажуваат дека повеќето сонови се во црно и бело, но овие резултати почнуваат да се менуваат во 1960 година.Денес, само 4.4% од соновите на оние под 25 години се во црно и бело. Скорешни студии покажуваат дека ова можеби е поврзано со менување на телевизијата од црно и бело во боја.
6. Соновите се симболични
Доколку сонувате на одредена тема, најверојатно сонот всушност и се однесува на тоа. Соновите зборуваат во длабоко симболичен јазик. Каква и да е симболиката на сонот, најверојатно се однесува на самото тоа што го сонувате.
7. Чувства
Најчесто чувство во соновите е чувството на нетрпеливост. Лошите чувства се многу почести од убавите.
8. Можете да сонувате 4 до 7 сонови во една вечер
Во просек, можете да сонувате од 1 до 2 часа секоја вечер.
9. И животните сонуваат
Повеќе студии се направени врз различни видови на животни и сите покажуваат исти мозочни бранови кај животни и кај луѓето кога сонуваат.Набљудувајте куче кога спие. Шепите им се движат како да трчаат и испуштаат чудни звуци како да бркаат плен во сонот.
10. Парализа на телото
РЕМ сонувањето е нормална фаза на спиење која се карактеризира со брзи движења на очите. РЕМ спиењето кај луѓето обично трае 20-25% од вкупниот сон, поточно од 90 до 120 минути од целовечерно спиење.За време на РЕМ спиењето, телото е парализирано од механизам во мозокот со цел да спречи движења кои се случуваат во сонот. Во секој случај, возможно е овој механизам да биде предизвикан и пред, за време и по нормалниот сон во период кога мозокот се буди.
11. Вклучување со соновите
Нашиот мозок ги прима надворешните стимулации со кои нашите сетила се бомбардирани додека спиеме и ги прави дел од нашите сонови. Ова значи дека некогаш слушаме некој звук од реалноста и го влучуваме во сонот.На пример, може да сонуваме дека сме на концерт додека некој додека спиеме во другата соба свири на гитара.
12. Мажите и жените сонуваат различно
Мажите во суштина повеќе сонуваат други мажи. Околу 70% од карактерите во сонот мажот се други мажи. Од друга страна пак, сонот на жената содржи еднаков број на мажи и жени. Исто така, мажите во принцип имаат поагресивни сонови од жените.
13. Предвидувачки сонови
Резултатите од неколку истражувања покажуваат дека 18% до 38% од луѓето имале барем еден сон во кој сонувале нешто што ќе им се случи, а 70% доживеале дежаву.
14. Ако 'рчиш не сонуваш
Овој факт се спомнува на секаде на интернет, но постојат сомнежи дека тоа е вистина затоа што досега не е научно поткрепено.
15. Може да доживеете оргазам во сон
Не само што можете да сонувате дека имате секс и вистински во сонот да го доживеете туку можете да постигнете и оргазам исто како и во реалниот свет.

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дали често сонувате?
18.1.2010 11:37:54   
mother 29
sonuvav deka sum trudna..toa vikaat bilo tezinauser posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дали често сонувате?
18.1.2010 11:49:55   
arh_diz
Jas postojano sonuvam pogotovo nautro. Nokeska sum sonuvala kako sum go izgubila bebeto neznam kako sum se utepala od placenje

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дали често сонувате?
18.1.2010 11:53:06   
Bogdancanka
често сонувам,обично тоа што цел ден ме мачи и на сон пак исто

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дали често сонувате?
18.1.2010 12:02:06   
Zlatka
...сега откако сум бремена многу често сонувам, дури и имам преголема фантазија во соновите смешки user posted image  а синоќа сонував ливади со јаготки и таман да си скинам една полни со бубачки user posted image ....

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?