|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Апел за помош за децата од Велешкото село Слп
19.4.2012 13:24:05   
kikicka
Игор, Спасе, Никола и Филип немаат пари ни за кифла!

На возраст од седум до 13 години секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште "Васил Главинов". Железничката станица Рајко Жинзифов" е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли за ужинка како сите други ученици во училиштето

На маките на четирите деца на Ванчо и Славица од велешкото село Слп, и покрај ветувањата, и понатаму им нема крај. Игор, Спасе, Никола и Филип, на возраст од седум до 13 години, секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште "Васил Главинов". Железничката станица Рајко Жинзифов" е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. А тој често и со часови доцни. А за да стасаат до станицата, треба да испешачат десетина километри по земјен пат. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. На децата им е особено тешко зиме и кога врне. Училиштето во селото Слп не работи со години, зашто жителите се иселени и нема деца. Таткото Ванчо вели дека институциите со години немаат слух за нивните проблеми. Минатата година општината им ветила помош, меѓутоа по само еден месец таа помош престанала. А децата и нивниот татко не бараат многу. Бараат само да им ги платат месечните карти, што Ванчо го чинат околу педесет евра месечно, и децата да добиваат барем по една кифла, како сите други ученици во училиштето.

Лани ни дадоа пари за само еден месец и толку. Повеќе не плаќаат за патните трошоци. Ниту храна во училиштето не им даваат. Нивното школување ме чини скапо. Земам само седум илјади денари од бирото. Од Колска, каде што работев, ме прогласија за технолошки вишок. Сега сум под бирото. Сите само ветуваат, но никој не помага", рече таткото Ванчо.

За да биде проблемот уште поголем, таткото Ванчо ни рече дека од неодамна му бил укинат и месечниот паричен надомест за детски додаток. Од Центарот за социјални работи не му објасниле конкретно зошто му е ускратена помошта, туку, едноставно, откако бил прогласен за технолошки вишок, детскиот додаток му бил укинат.

"До пред неколку месеци земав детски додаток за децата. Со тие пари колку-толку затнував некоја дупка. Но, сега веќе не ги добивам овие пари. Бев таму да ми објаснат зошто ми ги прекинаа, но ништо конкретно не ми кажаа. Ми рекоа дека е така зашто сум бил технолошки вишок. Јас кога работев, земав 15 илјади денари и добивав детски додаток, а сега земам седум и не добивам ништо за децата. Навистина не знам зошто", ни рече Ванчо.

Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли како сите други ученици. Нивниот татко вели дека нема пари да плати, па неговите деца понекогаш од дома си носат парче леб, а многу почесто се гладни. Првите луѓе на Општина Велес, кои наголемо минатата година ветија дека ќе им помогнат на четирите деца од Слп без поголеми проблеми да учат во Велес, не го исполнија ветувањето. Требаше само да им обезбедат месечни карти. Ништо повеќе. Зошто? Одговор не добивме. Секна и едномесечната помош од некои фирми кои им ја дадоа минатата година. Се е по старо.

И без ветената помош четирите деца и понатаму секое утро со воз доаѓаат во училиштето и по наставата повторно се враќаат во својот дом во селото. Тие и нивните родители Ванчо и Славица не ја губат надежта дека некои од институциите ќе им помогнат. Нивниот татко вели дека ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.







Текстот е преземен од весникот Вечер






Ајде РР да им помогнеме на дечињата било како,уште еднаш да покажеме дека сме хумани!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 13:45:50   
Calypso
Ако има нешто жиро сметка или слично да се донираат пари, убаво би било да се сподели. Освен тоа, може да се направи една РР дружба, да се соберат храна, неопходни средства за хигиена, облека и лекови ако е потребно... што велите?

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 13:50:34   
kikicka
Да да секако само да видеме како ке биде одзивот за ова. Информации кога ке ги добиеме ке ги објавиме секако.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 13:59:38   
vezilka RR
Само што прочитав дека децата добија бесплатен билет од Железница за до крајот на школската година, како и бесплатна ужинка. И мислам дека има отворено и жиро сметка.Сепак има луѓе кои сакаат да помогнат и тоа е добро.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 15:52:25   
kikicka
По објавувањето на сторијата за маката на четирите деца од велешкото село Слп на страниците на Вечер, голем интерес пројавија поголем број хумани луѓе. Но сепак најзначајно е што Македонски железници - Транспорт реши овие деца да имаат бесплатен месечен возен билет.

Генералниот директор Оливер Деркоски, откако ја прочитал сторијата, одлучил Игор, Спасе, Никола и Филип Попови да добијат бесплатни месечни карти до крајот на годинава. Таткото на децата денеска од МЖ во Скопје ќе ги подигне картите", телефонски не информираше Моника Стефановска од Македонски железници.

До Редакцијата на весникот Вечер и до таткото на четирите деца, Ванчо Попов, пристигнаа поголем број понуди за помош. Хумани луѓе од сите краишта на Македонија се понудија да им ги скратат маките на децата кои секое утро од својот дом во селото Слп, пеш одат до железничката станица ЌРајко Жинзифов" од каде со воз патуваат до Велес да посетуваат настава во осумгодишното училиште ЌВасил Главинов".

Пари, облека, храна ми понудија поголем број поединци и фирми. Ми се јавија од Скопје, Струга, Битола, Тетово, Куманово, Струмица. Ми се јавија од секаде. Срцево ми трепери. Имало добри луѓе што сакаат да им помогнат на моите деца. Не знам како да им се оддолжам на сите нив што сакаат да ги скратат маките на моите деца. Им упатувам едно големо Благодарам. Тоа го имам", со треперлив глас и насолзени очи ни рече таткото Ванчо Попов.

Помош за децата од велешкото село Слп ќе пристигнува и во наредниве денови. Преку социјалните мрежи веќе се формирани групи кои за викендов најавуваат хуманитарни активности, а потоа она што ќе го соберат ќе го предадат на семејството на четирите деца. И тие разговарале со таткото Ванчо за тоа што на децата им е најпотребно дали облека, храна или училишен прибор.

Извор Тајм.мк

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 15:53:56   
kikicka
Добро никој нема заитересиран за ова да помогнеме??? Ајде бре жени ем ке собереме средства ем ке се дружиме.


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 16:13:01   
libra.n
Ajde, super e predlogot na Calypsouser posted image Da napravime edna sredba slicna na slredbata za samohrana.majka. Ke se druzime i ke pomogneme

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 16:17:36   
Beatris
Може да се организираме, ама сепак треба да се исконтактира со тие луѓе, да се види што им е потребно, тоа што би го собрале како да им го дадеме, да добиеме некоја жиро с-ка ако некој сака да донира пари итн...

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 16:34:28   
JovanaJ
Ova e жиро сметката на таткото на овие дечиња 200001425395689 Стопанска банка, ВАНЧО ПОПОВ.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 17:03:26   
kikicka
Може да се организираме,да собереме средства се и после можеме по брза пратка да им ги достават пакетите.
Е сега би сакала и јас да учествувам,си доаѓам некаде околу 10 Мај незнам точно може и порано. Па до тогаш кој што собере,најде,храна или облека. Ке има време ,што мислите?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 17:08:26   
libra.n
Super Kikicka, te cekame, ke ima ubava druzba a i humanostuser posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 17:12:19   
kikicka
Да се прави список а?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Апел за помош за децата од Велешкото село...
19.4.2012 18:11:54   
Andriance
Ajdeee Kikicka upishuvaj me mene vo spisok...koj so sto moze kje pomogne....

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?