Ikana -> RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон (19.4.2012 23:24:50)
|
Извор: Канал 5 телевизија Македонските ватерполисти далеку од Олимписките игри во Лондон Македонската ватерполо репрезентација не успеа да стане нашиот прв национален тим со извадена виза за учество на олимписките игри во Лондон. Утринава црвено жолтите во решавачкото четвртфинале на квалификацискиот олимписки турнир во Канада загубија од фаворитот Шпанија со 11-7. Нашите ватерполисти и покрај големата желба не успеаја да го остварат сонот на сите спортисти, учество на едни олимписки игри. Црвено жолтите рано утринава во битката за Лондон загубија од силната Шпанија со 11-7. Избраниците на Сашо Поповски одлично го отворија решавачкото четвртфинале. По првата четвртина имавме минимална предност од 3-2. Но нашата агонија започна во втората четвртина кога Шпанците направија серија од 3-0, лошата игра македонските ватерполисти ја продолжија и во третиот период, па решавачката делница силните Шпанци ја започнаа со огромни 8-4 предност што популарната црвена фурија знаеше да ја задржи до крајот на мечот. Во последните 8 минути и покрај добрата игра успеавме само да стигнеме до 3-3 за чесен пораз од големиот фаворит Шпанија од 11-7. Предводник на Шпанија во решавачкото четвртфинале е Гилермо Молина со дури 5 погодоци стрелци на головите за Македонија се Чук, Аксентијевиќ, Ивошевиќ, Летица, Мартиниќ, Чупиќ и Бениќ. Шпанците патуваат на игрите во Лондон и ќе играат во квалификациското полуфинале, нашата репрезентација против Бразил ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на турнирот во Едмонтон Канада. Покрај Шпанија, олимписка виза денеска обезбедија и селекциите на Црна Гора, Романија и Грција. Крсте Галевски
|
|
|
|