|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Бебиња - вегетаријанци
12.11.2012 10:38:25   
sandriana RR
Во месото и храната од животинско потекло се застапени есенцијални аминокиселини (оние кои организмот сам не може да ги создаде, туку мора да ги внесе преку храната). Не значи дека нив ги има САМО во храната од животинско потекло - ги има и во растителната храна, но не се квантитативно и квалитативно застапени како кај првата. За да се надополнат потребите од овие (сите) есенцијални аминокиселини, вегетаријанците треба да прават балансирани комбинации од мешункасти плодови - грав, соја, и од ориз.
Мој став е дека на бебе/мало дете, ако нема здравствена пречка, да не му се ускратува внесот на овие материи (кои се градбени единици на протеините) и преку храната од животинско потекло.


(Одговор на членот AndreaS)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Бебиња - вегетаријанци
12.11.2012 10:43:16   
Ikana
Се сложувам со Мила28, некои состојки едноставно не можат целосно да се заменат. Иако знам дека на мои години поздраво е да бидам вегетаријанец, за бебе знам дека потребни се производи од животинско потекло за да се развива убаво и да расте правилно. Се разбира, мора да внимаваме при изборот на месо и живина, но сепак тие се неопходни во раните години.
Многу болести можат да се развијат ако не се внесуваат овие продукти, посебно леукемијата, кога организмот е во изградба, да речам.

Сметам дека тука индустријата нема ништо освен тоа што се рекламираат тие производи, има и здрави и не толку здрави. Поголема штета има од оние кои ги форсираат како замена како и вештачки одгледуваниот зеленчук, односно генетски модифицираните производи од растително потекло. Се модифицираат и тие од животинско, но ако внимаваме при изборот на истите, мислам дека нема штета. Умерената и избалансирана исхрана е клуч за добар развој на организмот.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 12.11.2012 10:44:00 >

(Одговор на членот mila28)
Непосредна врска до пораките: 27
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?