Ikana -> RE: Бебиња - вегетаријанци (12.11.2012 10:43:16)
|
Се сложувам со Мила28, некои состојки едноставно не можат целосно да се заменат. Иако знам дека на мои години поздраво е да бидам вегетаријанец, за бебе знам дека потребни се производи од животинско потекло за да се развива убаво и да расте правилно. Се разбира, мора да внимаваме при изборот на месо и живина, но сепак тие се неопходни во раните години. Многу болести можат да се развијат ако не се внесуваат овие продукти, посебно леукемијата, кога организмот е во изградба, да речам. Сметам дека тука индустријата нема ништо освен тоа што се рекламираат тие производи, има и здрави и не толку здрави. Поголема штета има од оние кои ги форсираат како замена како и вештачки одгледуваниот зеленчук, односно генетски модифицираните производи од растително потекло. Се модифицираат и тие од животинско, но ако внимаваме при изборот на истите, мислам дека нема штета. Умерената и избалансирана исхрана е клуч за добар развој на организмот.
|
|
|
|