Расцепи на усните и непцето -Заjачка уста (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


arh_diz -> Расцепи на усните и непцето -Заjачка уста (20.4.2012 14:26:08)

Расцепите на усните и непцето се наследни
Корекцијата на усната се изведува по навршени три месеци, а на непцето - по првата година

Вродените деформитети расцепи на усната и на непцето се јавуваат со раѓањето како резултат на нарушување во формирањето на непцето и горната усна во раниот ембрионален развој на плодот. Дефектите на горната усна може да бидат расцепи од едната или од двете страни. Расцепот може да се протега и да ја зафаќа целата усна или да продолжува дури до носот, формирајќи т.н. зајачка усна. Додека расцепот на непцето може да се јави како самостоен дефект или во комбинација со расцепот на горната усна. Расцепите на непцето се јавуваат како дефекти на ресичката на грлото, потоа расцепи на мекото непце или, пак, расцепи на мекото и тврдото непце. Медицинските испитувања докажале дека третина од деформациите на горната усна и непцето се наследни и се јавуваат кај потомците во едно семејство. Затоа идните родители при планирање на семејство треба да направат т.н. генетска карта за да се открие присуство на евентуалниот дефект во геномот. Појавата на расцепена усна или непце кај новороденчето е силен шок за родителите особено за мајката. Раната консултација со хирургот и прегледот на новороденчето може да ги успокои родителите со што детално треба да им се објасни деформацијата како и начините за нејзино хируршко лекување.



Отежнато хранење

Првиот сериозен проблем што се јавува кај овие новороденчиња е неможноста за хранење. Доењето е многу тешко. Кај комбинираните расцепи на устата и непцето цицањето или хранењето со цуцла е сосема невозможно поради неможност да се создаде вакуум. Затоа постојат специјални помагала во вид на цуцла, кои го затвораат дефектот. Сепак хранењето бара големо залагање и трпеливост на мајката. По стабилизирањето на исхраната кај новороденото со нормалното зголемување на телесната тежина и соодветен психомоторен развој треба да се планираат оперативните техники за корекција на расцепената усна или непце. Оперативниот зафат го изведуваат тим хирурзи специјалисти по пластична и максилофацијална хирургија. Обично корекцијата на усната се изведува по навршени три месеци, а корекцијата на непцето по првата година. Ако е неопходно, оперативната корекција може да се изведе и во првиот месец по раѓањето.

Постојат повеќе оперативни техники за затворање на примарниот дефект на непцето и горната усна, кои се изведуваат според видот на деформацијата, сложеноста на дефектот и возраста. Заедничко за сите оперативни техники е крајниот резултат - затворање на расцепот на непцето, создавање подвижно горно непце и одвојување на носната шуплина од усната празнина. Со тоа се спречува преминување на храната и течностите кон носот и нормален проток на воздух при дишење. Значи при решавањето на проблемот расцепено непце најважна е функционалноста - нормална исхрана и дишење - а потоа и естетиката.

Оперативната техника за лекување на расцепената горна усна е примарно естетска корекција на дефектот, кој покрај нарушување на функцијата на горната усна силно го нагрдува изгледот. Корекцијата на расцепената усна е комплексен третман бидејќи се затвора расцепот на усната и се коригира деформацијата на носот. При тоа се зема предвид дека детето брзо расте и белегот што се создал при примарната корекција на расцепот може да биде со многу лош изглед давајќи трајно естетско нагрдување. По примарното решавање на деформацијата, лекувањето продолжува со корекција на деформитетите на горната вилица и забите. Неопходна е соработка и




arh_diz -> RE: Расцепите на усните и непцето -Заjачка уста (20.4.2012 14:29:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe bisera

ZDRAVO NA SITE ODAMNA NE SUM PISUVALA NA SAJTOT. SE PORODIV ODNEODAMNA NO BEBETO IZLEZE SO ANOMALIJA "ZAJACKA USTA "VEKE POMINA EDNA OPERACIJA I SEGA SME DOMA I SE OPORAVUVAM KE NE CEKKAT USTE OPERACII I TOA MNOGU TESKI.DALI EKOJ E SRETNAL VAKOV SLUCAJ I KAKO SE PONASSAT DECATA SO GOVOR I RAZVOJ





humana -> RE: Расцепите на усните и непцето -Заjачка уста (20.4.2012 15:27:40)

Мене во 36 недела ми рекоа дека бебушот има зајачка уста,ама фала му на Бога згрешиле,се роди добро.Кога ми рекоа дека има зајачка уста ми рекоа и дека одма се оперирале и дека нема да има никаков проблем ни со говор ни со храна,Се надевам дека ке поминете добро.[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Страница: [1]