Bitolcanka -> RE: скромност (1.6.2010 19:59:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: melody Smetam deka skromnosta kaj eden covek ne e mana voopsto nego e edna prekrasna osobina koja retko koj na denesno vreme ja poseduva.Mrazam licnosti koi se udiraat vo gradi od neskromnost ,a vsusnost se nikoj i nisto.Mrazam koga nekoj na cel glas zbori sto napravil ,a vsusnost nisto ne napravil.Mrazam da bidam vo prisustvo na takvi licnosti i sekogas gi odbegnuvam.Sum skromna po priroda,nikogas nikogo ne sum poglednala od visoko nitu pak sum se udirala vo gradi koja sum i sto sum i pokraj uspesite sto sum gi postignala na muzicki plan vo mojot zivot i sto normalno ke se nizat i ponatamu.Se gordeam so toa sto i pokraj se nikogas i nisto ne se promeni kaj mene,ostanav istata taa sto bev i pred da pocnam da se bavam so ovaa rabota,a se nadevam i ke se trudam da ostanam i ponatamu takva zatoa sto da se promenam ne bi mozela samata sebe da se podnesam.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Преубаво кажано Мелоди. Се сложувам со тебе. Скромноста е доблест, најубава човечка особина. И јас сум иста - скромно амбицозна. Никогаш не сум се преценувала и истакнувала пред околината особено (јас вака и вака направив), за разлика од некои кои ако помрднале и обична гума за бришење разгласиле на секого, придавајќи си значење. Секој е егоист (тоа му е својствено на човекот), но некои, едноставно ги преминуваат сите граници... Забораваат кои биле до вчера, кога под низа околности (среќа, случајност, врски) станале некој и нешто. Тркалото се врти и напред и назад. Навистина е убаво кога ќе се искачиш на врвот - но падот е многу поболен... (Кој високо лета, ниско паѓа). За себе знам дека што и каде и да сум во иднина ќе останам со сите пријателка и човек пред се'. Не е важно човек што работи и каде живее. Важно е човекот да е човек. А ЧОВЕК, гордо звучи. (Максим Горки).
|
|
|
|