Snowhite RR -> RE: Непријатна случка во маркет со мало дете (5.4.2014 14:24:44)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR Инспирирана од мојата денешна авантура,ве прашувам драги мои жени-Како се однесуваат вашите деца во продавница? Со целиот памет трганавме со мм да испазариме за роденденот на А,ама и таа со нас [sm=smiley1.gif] Значи детево мое сакаше да се качува по рафтови,по фрижидери,да дупчи со прсти цени,да крева цели пакети сокови итн итн И на секое наше НЕ ,таа вриштеше и плачеше со цел глас [sm=zz_devil.png] Што и бидна незнам,ама истото ни го направи пред некој ден и во Џамбо-то.А замислете денес учителката ми ја испофали како била многу послушна во последно време,умна и мирна[sm=smiley29.gif] Којзнае дали купив се што ми требаше,ама накако се си мислам дека оваа ,фаза ли е ,што ли е [sm=smiley3.gif] дури не помине,ќерка ми ќе оди само по игротеки и паркови,некаде каде нема штети да направи и мајка и да се срами.Не излуди сосема и мене и мм и сега прво да голтнам кафе,да смирам живци и да се фаќам за работа ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР Мојата ќерка се однесува како да е референт по набавки [sm=zmeden.gif] Влегува во маркет зема корпа и прво што зема е сок со цевче, го пие и почнува: од рафт на рафт си зема се што ќе и фати окото и си става во корпа. И + става тешки работи и ем неможи да ја поткрени корпата, ем не ја дава. Се` знае кај стои и на се мисли...најмногу на бато...на секое одење сака Rexona да му купи и паста за заби [sm=smiley36.gif] И на каса знаат дека обавезно празно сокче ќе платиме [sm=smiley36.gif] Се на се напорно ми е со неа и гледам да не ја носам оти не можам да се разберам, многу е упорна и се расправа со мене [sm=zmeden.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 И ние богами не сме нешто подобри кога одиме во продавница со син ми.И тој секогаш ја зема корпата со намера да ја носи,демек да помогнел и секако првото нешто што секогаш го зема од рафтовите се играчки.Оние што се малите железни количиња,значи дома не знам колку многу имаме,цела колекција.И после ќе почне да зема што ќе стигне и тоа се фаќа за работи што тој воопшто и не ги јаде.Или пак работи што навистина не ни требаат ама не можам никако да се разберам со него,ако не му дозволам да го земе она што го замислил можно е и да легне да земја и да почне да се тркала и да плаче.И затоа во последно време и јас гледам да одам сама во продавница па на тој начин да си заштедам и време и нерви и пари.[sm=smiley1.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR Еј па не знам има ли дете што се однесува примерно во продавница? Јас вчера излегов со мајка ми во град, требаше да купам поклон за роденден и се пишманив сто пати што ја земавме Ј, ме збудале скроз. Кај јас неодлучна што да одберам таа низ продавницата ршум прави, мајка ми де по неа оди де мене ми помага во изборот, и неа ја збудалевме.[sm=smiley36.gif] Сите играчки што и се најдоа на дофат ги проба и на крај едвај ја извлеков надвор.[sm=hudicek1.gif] А и во маркет е исто, влече од рафтови се што ќе и фати око. Единствено спас ни е што во еден маркет има количка за пазарење со количка за неа од напред, онаква пластична со волан, па ако е слободна таа раат сме, ужива внатре и не се омета во пазарење.[sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Јас Никола дури сега почнав понекогаш да го пуштам така да шета низ продавницз а да не е во количката за пазарење. Ама на пример во Џамбо се уште не сум си дозволила тоа да го пробам оти хихи не сум сигурна дали ќе преживееме. Обично кога одиме во продавница каде ќе треба да оди низ неа, а не е во количка, однапред му кажувам што ни треба и демек тој да памти и да го бара тоа за да биде зафатен, и секогаш му дозволувам да си одбере едно нешто за него. До сега не ни се има случено да вришти по нешто, ама да почне да плаче да. љубопитни затоа сакаат се да фатат во продавница, замислете коѓку предизцикувачки за нив изгледаат тие полни огромни рафтови со се и сешто. Јас не очекувам да биде сосема мирен ама и не би сакала да ме доведе до ситуација кога би ме усрамил. Многу му зборувам за тоа што не е убаво да прави во продацница, со еден збор, не се понаша ко ворасен оти не е, но излегуваме на крај со него, хихи не не довел до хистерија, сеуште [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|