big_mama817 -> RE: органски германиум (30.9.2009 10:22:40)
|
Германиумот е минерал чија употреба се смета дека е едно од најновите достигнувања во нутритивниот третман против канцерот. Во неорганска форма тој нема никаков бенефит, освен во електронската индустрија. Меѓутоа, нас нѐ интересира органскиот германиум или попознат како Германиум 132. Долгогодишните истражувања покажаа дека овој германиум го штити телото од развој на канцерогени клетки и од појава на тумори, преку зајакнување на имунолошкиот систем. Освен на ова поле, делува корисно и на други болести поврзани со стареењето и дејствувањето на слободните радикали. Многу растенија кои содржат позначајно количество германиум се користат во исхраната на пациенти. Женшен, лук и алое вера се некои од нив. Според д-р. Казуко Асаи од Јапонија, кој прв успеал да синтетизира органски германиум, тој го стимулира создавањето на интерферон. Таа супстанција го стимулира производството на клетки-убијци, кои се борат против клетките на ракот. Германиумот 132 го зголемува и нивото на кислород во телото, што помага во забавување на растот на канцерогените клетки, па дури и нивно враќање во првобитна состојба. Тоа е поради откритието на д-р. Ото Варбург, за кое доби Нобелова награда, дека канцерогените клетки не можат да преживеат во окружување богато со кислород. Некои од најновите студии велат дека овој елемент ја обнова функцијата на Т-клетките и на Б-лимфоцитите. Особено добро делува при третман и превенција на канцерот на бели дробови, уринарниот тракт, грлото и градите. Од другите болести, германиумот е корисен кај депресијата, астмата, артритисот, труење со тешки метали, инфекција на синуси, дијабетес, висок крвен притисок, леукемија, невралгија и цироза. Германиумот може да го најдете во таблети и капсули. Постои и во форма на прав кој се меша со вода. Понекогаш е дел од комбинација на мултивитамини и минерали. Преземено:gurman.mk
|
|
|
|