Survivor - би учествувале ли ? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Pepelaska * -> Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 14:22:22)

Прв пат во животов го загледав ова реално шоу , интересно било.
Гладуваш,спиеш со луѓе кои може не можеш ни да ги гледаш, и ред други работи.
Сепак е едно огромно искуство. Нема врска колку пари даваат за награда.Кога јас би се пријавила тоа не би ми било важно.
А бидејчи во овој циклус има и мајки , затоа се запрашав би се осмелиле ли ?

Јас искрено би сакала ама не сум толку спремна.
Вие?




kikicka -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 14:26:37)

Јас многу сакам да одам на Преживеан,убаво искуство а богами и манипулации на мозкокот има доста [sm=smiley36.gif].И не за друго барем ке ослабнам[sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 14:32:07)

И јас само за слабеењето би одела и за ништо друго




Maca25 -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 20:31:49)

Јас би учествувала, за да ослабнам и за да се бањам цел ден на некоја прекрасна плажа. Знам дека ќе има еден куп животинчиња и буби околу мене и дека ќе треба да спијам на даска таму 50 дена, ама сепак би отишла. И би јадела ориз секој ден без проблем. [sm=smiley36.gif]




mamicki -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 20:46:56)

Da, bi odela, samo da ne me teraat da "prezivuvam" vo zima, srede snezna pustina[sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (7.5.2012 22:18:18)

ne nitu go gledam prezivean nitu sum zainteresirana da ucestvuvam tamu site se dvolicni  a jas ne podnesuvam takvi luge




Viktori -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 10:58:27)

Не. [sm=smiley36.gif]
Не дека не сакам на Филипини или Костарика да одам, ама доброволно во такви психолошки експерименти не би учествувала.

Баш му кажував на маж ми пред некоја вечер, за мене Срвајвр и Пила филмот се некко на исто ниво. Дури Пила попоента ми има некако. [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 11:35:28)

Не сум јас за таму [sm=smiley36.gif]. Мислам дека не би „преживеала“... и тоа не бубачките и шумските ѕверки [sm=smiley1.gif], туку соживотот, односно балансирањето меѓу десетина различни луѓе, и компетитивната атмосфера.




Martins mom -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 14:17:51)

Јас не сум за тој тип на реално шоу, ама затоа мм е роден за Сарвајвр, одлично се снаоѓа во природни услови, во игрите би бил извонреден, а и на луѓето таму би им ги измачкал очите и би ги „шетал по тавани“. Сите се чудевме како на излетот за 1 Мај експресно за 2 минути запали оган онака од прачки и лисја[sm=bravo.gif]. Чекам некој нареден циклус на шоуто, па да го пријавам, ама по можност една година да остане[sm=smiley36.gif]




mila mama -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 22:50:17)

Никогаш! Јас од мачка имам страв па лажам дека сум алергична, не па до змии да живеам. за гладот ќе го издржам, ама манипилациите и нож у грб не би издржала. И тоа црно да имаш под ноктите да одиш во грмушка по мала и голема нужда, тоа мислам и како девојче во градинка го немам правено...




Beatris -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 23:07:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama RR

Јас од мачка имам страв па лажам дека сум алергична... И тоа црно да имаш под ноктите да одиш во грмушка по мала и голема нужда


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Aлал да ти е за постов ме изнасмеа




mila mama -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (8.5.2012 23:25:29)

Него шо! [sm=smiley1.gif] ова беше онака, прва асоцијација, а за здив у уста да не зборам, а они па на секс ми мислат [sm=hudicek1.gif]




nadica -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (9.5.2012 14:36:32)

NIKAKO. jas obozavam plazi i prekrasen pogled nautro ili navecer ama vo civilizacija
mrazam bubi i strasno panicam ako vidam nekoja a za vlecugugi i higena i krevet koj ne e pod vedro nebo i da ne zboruvam
i neznam kolku pari da mi se nudat bez ni malku razmisluvanje i griza na sovest bi gi odbila




niki -> RE: Survivor - би учествувале ли ? (9.5.2012 19:10:17)

Gledam no ne bi se prijavila, ne sum do tolku egzoticen i egzibicionisticki nastroen tip, da ne zborime kolku ne mi se zivee vo zaednica a ne pak vo copor. I definitivno ne bi mozela sekoj den da jadam oriz. I bi bila neizmerno isfrustrirana zosto se mi nedostiga od dete do sampon.




Страница: [1]