Храната и астрологијата (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


big_mama817 -> Храната и астрологијата (30.9.2009 10:34:02)

ОВЕН
Начин на живеење: интензивно, брзо и авантуристички, немаат многу време да ѝ посветат на храната
Омиленa храна: fast food, месо и зачинета храна (пикантно лута храна)
Кујни: кинеска, индиска и мексиканска
Не сакаат: безлична храна и слатка храна, со исклучок на чоколадо
Храна која се препорачува: овес, риба, зеленчук (особено зелка и цвекло), овошје (грејпфрут и лубеница). Магдоносот и младиот кромид се одлични за нив
Зачини: мелен лук, мајчина душица, шафран, нане, коријандер, рузмарин
Пијалаци кои се препорачуваат: многу лесно се опиваат и алкохолот ги тера на многу непромислени работи. Затоа треба да го избегнуваат. Патат од главоболки и поради тоа треба да избегнуваат да пијат црвено вино со сирење. Подобро е 1-2 чаши шампањ.
БИК
Начин на живеење: топли, срдечни и чувствителни личности кои ја сакаат храната и знаат да уживаат во неа. Тие не готват само за себе, туку сакаат да подготвуваат храна и за другите. Биковите се едни од последните кои внимаваат на сите делови од оброкот
Омиленa храна: биковите сакаат богати оброци кои се дел од традиционалната кујна. Супа со месо, говедско месо, салата со моркови и зелка и добро аранжирана маса ќе го освои неговото срце. За ужина изненадете го со колачиња со путер од кикиритки
Кујни: традиционална домашна
Храна која се препорачува: говедско месо, овошје (портокали, лимони, јаболка, сливи, круши), зеленчук (грашок, спанаќ и домати)
Зачини: магдонос, нане, кари, каранфилче
Пијалаци кои се препорачуваат: кога ќе се напијат знаат да бидат многу незгодни. Затоа, како и поради фактот што се љубители на добро вино, најдобро е да им се понуди црвено или бело вино.
БЛИЗНАЦИ
Начин на живеење: полни со енергија, прилагодливи и спонтани, имаат неверојатна кондиција кога е храната во прашање. Сакаат нови рецепти, нови состојки и продукти
Омиленa храна: луди се по хамбургери, сакаат зачинети јадења, сирење и јаткасти плодови, мешани салати
Кујни: разни кујни со различни јадења, егзотични комбинации
Храна која се препорачува: месо од птици, овошје (кајсии, калинки, сливи), маслинки, кикиритки, зеленчук (карфиол, целер, мешунки)
Зачини: ванила, нане, сусам, жалфија, морско оревче
Пијалаци кои се препорачуваат: ретко пијат, но кога се во друштво може да си дозволат чаша бело вино.
РАК
Начин на живеење: романтични, страствени и сензибилни личности, на кои домот во кој живеат им е нивниот свет. Кујната е во средиштето на нивниот семеен живот. Готват во големи порции, па ако сакате да се изгребете ручек а да не ве погледнат попреку, тогаш отидете ненајавено кај некој рак. Сигурно ќе се прејадете
Омиленa храна: месо приготвено со печење на традиционален начин, сосови и варива. Не сакаат експерименти
Кујни: сѐ што е домашно приготвено
Храна која се препорачува: морски плодови, овошје (кокос, грозје, лимон, лубеница, папаја), зеленчук (зелка, краставица, тиква, компир, залата салата)
Зачини: жалфија, цимет, синап, ванила, мајчина душица
Пијалаци кои се препорачуваат: за раковите оброкот е прав церемонијал. Во тоа влегува и пијалакот. Но, треба да внимаваат на сите пијалаци, па дури и пиво. Најдобро е да пијат вермут.
ЛАВ
Начин на живеење: борци со победнички дух, кои сакаат отмен и луксузен живот. Кога е во прашање храната, сакаат фини, мали коктел залачиња, бидејќи за нив отменоста е пред вкусот
Омиленa храна: ретки врсти на јужно овошје, екстравагантни јадења од медитеранот
Кујни: медитеранска
Храна која се препорачува: овошје (ананас, портокали, мандарини), зеленчук (тиквички, маслинки, модар домат)
Зачини: анис, каранфилче, босилек, кориандер, ѓумбир
Пијалаци кои се препорачуваат: за неговиот префинет вкус само шампањ или врвно вино.
ДЕВИЦА
Начин на живеење: уживаат во мирно, рутинско секојдневие. Кога се зборува за храна тие воопшто не се инвентивни. Јадења со необични имиња и состојки ги оставаат мртви ладни. Но, кога се работи, на пример, за компир или зелка тие ќе го подготвуваат на милион начини и никогаш нема да им здосади
Омиленa храна: мешани салати со свеж зеленчук, ориз и јагнешко месо и овошје како десерт
Кујни: традиционална домашна
Храна која се препорачува: овошје (кајсии, калинки), мешан зеленчук
Зачини: ловоров лист, цикорија, цимет, ванила
Пијалаци кои се препорачуваат: алкохолот делува многу неповолно на нивниот црн дроб. Сепак, чаша бело суво вино може да помине. ●

ВАГА
Начин на живеење: креативни, талентирани и атрактивни со силно изразено чувство за естетика. Сакаат да подготвуваат едноставни јадења. Поради својата вродена нерешителност преферираат шведска маса која ќе им овозможи пробување колку сакаат и што сакаат.
Омиленa храна: несекојдневни салати, врвни сосови и слатки
Кујни:различни кујни и јадења и експериментирање со состојки
Храна која се препорачува: вегетаријанска храна, овошје (јаболка, авокадо, банани, круши, јагоди, малини), зеленчук (домат, спанаќ)
Зачини: анис, змиска трева, темјан, копар, жалфија
Пијалаци кои се препорачуваат: Често пати се опиваат поради тоа што сакаат да им прават друштво на другите што пијат. Тие се повеќе за лесни апертиви и бело вино во текот на оброкот.
СКОРПИЈА
Начин на живеење: скорпиите се сензуални и склони кон авантури, па сакаат лута и зачинета храна. Преферираат јадења кои ги вклучуваат сите сетила, иако не се вистински гурмани
Омиленa храна: морски плодови, месо, зачини, сирење на скара
Кујни: мексиканска и егзотична
Храна која се препорачува: морски плодови, овошје (грејпфрут, лубеница), зеленчук (морков, кромид, тиква, пиперки)
Зачини: босилек, синап, коријандер
Пијалаци кои се препорачуваат:бидејќи со алкохолот не знаат да се контролираат, најдобро е да им понудите пенливо вино.
СТРЕЛЕЦ
Начин на живеење: темперамнетни, динамични, секогаш добро расположени. Сакаат патувања и нови откритија. Во својата потреба за мириси и вкусови ги јадат и оние јадења што другите ги избегнуваат
Омиленa храна: свинско месо со слатко-солен сос и колачиња за десерт
Кујни: ексцентрични (скакулци, змии) и источна
Храна која се препорачува: мала количина месо, многу мешунки, соја, целер, овошје (смокви, манго), зеленчук (артичок, зелка, кинеска зелка)
Зачини: мајчина душица, нане, магдонос, босилек, женшен, мелен лук
Пијалаци кои се препорачуваат: пијат со задоволство. Само да не претеруваат, затоа што знаат да бидат агресивни.
ЈАРЕЦ
Начин на живеење: личности со силна волја, постојан карактер и нагласена практичност, која доаѓа до израз и кога е во прашање храната. Не ги следат трендовите и не сакаат многу зачинета храна. Особено им е важно добро поставена маса и аранжирано јадење.
Омиленa храна: може да јадат сѐ и без никаков проблем тоа и го прават
Кујни: традиционална со балансиран вкус
Храна која се препорачува: јагнешко месо, овошје (дињи, дуњи), зеленчук (цвекло, модар домат)
Зачини: анис, каранфилче, мускатно оревче
Пијалаци кои се препорачуваат: вино, вино и вино. Осообено квалитетен ризлинг.
ВОДОЛИЈА
Начин на живеење: чувствителни, уметнички настроени. Тие создаваат трендови. Не ги сакаат класичните рецепти и при готвењето се потпираат на својата фантазија и креативност
Омиленa храна: сите видови грицки, лесни салати, вкусни предјадења, а на тема сендвичи и нивни варијации се светски прваци
Кујни: вегетаријанска
Храна која се препорачува: морска храна, салати, сите видови зеленчук и овошје (но, имајте предвид дека не ги сакаат сирови, туку приготвени на други начини)
Зачини: нане, магдонос, темјан
Пијалаци кои се препорачуваат: чашка коњак одлично делува на нивното опуштање.
РИБИ
Начин на живеење: нежни, сонувачи, романтични. Многу често се и страствени готвачи. Го сакаат морето и целата храна што доаѓа од неговите длабочини. Но, и кога не скааат да признаат, сепак го сакаат и месото. Најверните посетители на продавниците за био-храна.
Омиленa храна: риба, колачи, торти и пудинзи
Кујни: кинеска и индонезиска
Храна која се препорачува: морска храна, овошје (манго и смокви), зеленчук (артичок, зелка, домат)
Зачини: мајчина душица, кари, ѓумбир, бибер, кора од лимон
Пијалаци кои се препорачуваат: сакаат вино, но, не смеат да мешаат бело и црвено. Освен тоа, припадниците на овој знак се големи обожаватели на обичната минерална вода. ●

извор:gurman.mk




pericka -> RE: храната и астрологијата (1.10.2009 21:40:14)

zanimlivo




Bogdancanka -> RE: храната и астрологијата (1.10.2009 21:43:15)

ЈАРЕЦ
Начин на живеење: личности со силна волја, постојан карактер и нагласена практичност, која доаѓа до израз и кога е во прашање храната. Не ги следат трендовите и не сакаат многу зачинета храна. Особено им е важно добро поставена маса и аранжирано јадење.
Омиленa храна: може да јадат сѐ и без никаков проблем тоа и го прават
Кујни: традиционална со балансиран вкус
Храна која се препорачува: јагнешко месо, овошје (дињи, дуњи), зеленчук (цвекло, модар домат)
Зачини: анис, каранфилче, мускатно оревче
Пијалаци кои се препорачуваат: вино, вино и вино. Осообено квалитетен ризлинг.
Интересно јас сум јарец[sm=smiley1.gif] само јагнешко неееееее никако[sm=zmeden.gif]




mother 29 -> RE: храната и астрологијата (2.10.2009 12:07:22)

точно е,за лав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mother 29 -> RE: храната и астрологијата (2.10.2009 12:09:34)

Омиленa храна: може да јадат сѐ и без никаков проблем тоа и го прават


ова е од јарец,за мм и 100 % погодено.тој само какви блесави комбинации може да јаде лелел....што да кажувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Maca25 -> RE: храната и астрологијата (2.10.2009 12:35:11)

јас сум јарец ама ич не сум по месото, а особено не јагнешко. ама ВИНО сакам!!!!!




penelopa -> RE: храната и астрологијата (2.10.2009 12:43:30)

Hmmm...iako sum riba vo horoskom ne možam da kažam deka obožavam morska hrana....jadam ama ne premnogu...poveke si sakam meso i zelenčuk...Hahaha teško deka mene ke me najdtete vo prodavnici za bio-hrana[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




arh_diz -> RE: храната и астрологијата (24.12.2009 12:12:10)

Skorpija sum ama voopsto ne sum po morskata hrana i po bosilok mnogu jako mi mirisa




jovanka -> RE: храната и астрологијата (24.12.2009 12:27:46)

Ova do nekade e realno prikazuvanje na hranata so astrologijata koga ke gi zemam vo predvid znakot so podznakot se sovpaga.




vezilka RR -> RE: Храната и астрологијата (24.12.2009 12:34:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817


ВОДОЛИЈА
Начин на живеење: чувствителни, уметнички настроени. Тие создаваат трендови. Не ги сакаат класичните рецепти и при готвењето се потпираат на својата фантазија и креативност
Омиленa храна: сите видови грицки, лесни салати, вкусни предјадења, а на тема сендвичи и нивни варијации се светски прваци
Кујни: вегетаријанска
Храна која се препорачува: морска храна, салати, сите видови зеленчук и овошје (но, имајте предвид дека не ги сакаат сирови, туку приготвени на други начини)
Зачини: нане, магдонос, темјан
Пијалаци кои се препорачуваат: чашка коњак одлично делува на нивното опуштање.
извор:gurman.mk


ееееј па ова стварно е така..и прилично се согласуваме со вкусовите за храна со мажле..може оти двајцата сме водолии..:)




Страница: [1]