profesorica -> Свадбена торта (30.9.2009 10:56:08)
|
Тортата со која се завршува свадбената веселба е неизоставен дел од денешните церемонии. Но, она што е интересно е дека овој обичај датира од многу одамна. Првите торти се правеле од пченица, како симбол на плодноста и благосостојбата. Старите Римјани уште пред 1900 години приготувале мал колач од пченица и сол при венчање. За време на свадбата, младоженецот јадел дел од колачот, додека остатокот го прекршувал врз главата на невестата. Тоа се сметало за знак на добра среќа, благосостојба и многу деца. Само децата чии родители го направиле овој адет можеле да имаат повисоки позиции во римското општество. Со оглед дека тие колачи со тек на време станале торти веќе не било изводливо да се кршат врз главите на невестата. Овој обичај е останат и денес, но само во некои области на Шкотска. Во средновековна Англија свадбениот колач всушност бил леб кој се служел и на други прослави. Станува збор за многу мали лепчиња наредени како кула од карти преку кои младите требале да се бакнат. Во текот на 17-от век, за време на венчавката, омилено јадење станала невестинската пита. Нејзина главна состојка била стаклениот прстен. Девојката која ќе го пронајде прстенот е следната на ред за мажење. Но, ова јадење почнува да исчезнува во 19-от век, под налетот на свадбените торти. Во почетокот тортата ја сечела и делела само невестата, но потоа, со зголемувањето на бројот на гостите тоа станало непрактично, па во тоа се вмешал и младоженецот. Од друга страна, за оваа постапка се врзало и верувањето за заедничко хранење на младите, кое ќе доведе до слога и голема љубов во бракот. Првите торти на повеќе катови се правеле за претставниците на англиското благородништво. Кога готвачите и слаткарите откриле како да ги стабилизираат слоевите на тортата, таквите слатки почнале да стануваат неизоставен дел на свадбените церемонии. Некогаш, долниот дел од тортата се јадел на свадбата, средниот се делел на гостите да го однесат дома, додека горниот дел се чувал замрзнат и се користел при крштевката на првото дете. извор:гурман
|
|
|
|