RE: Исхраната кај вработени бремени жени (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


Felly RR -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (8.9.2014 20:09:07)

Ме изнасмеа Дилина, ова за чоколадово [sm=smiley36.gif] немав слушнато до сега. Ете супер нов податок, за сите трудници да јадат чоколадо без грижа на совест.




LoveableMe RR -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (9.9.2014 13:34:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

.. тоа јадев секој ден по 100 грама милка чоколадо а и викаат трудници кои јадат мн чоколадо раѓаат весели деца [sm=jezicek.gif] еве ја мојава само се кези по цел ден.....[sm=smiley36.gif]



Чоколадото го поттикнува лачењето на серотонин, хормонот на среќата, а преку мајката го добива и детето[sm=smiley1.gif][sm=smiley36.gif]




Dilina -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (9.9.2014 22:38:18)

Yep Yep... но мора многу да се внимава на шекерот, јас имав некогаш низок некогаш нормален, па ми годеше, а и мн стресна работа а се напнам ооп коцка чоколатце и све е пуно рамно [sm=jezicek.gif]
(коцка читај ред) хехе




Mihaela 2010 -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (7.10.2014 9:17:16)

Kraj na 3 mesec sum,so kaceni 1.5-2 kg,nekade citav deka ovie kilogrami se idealni za prvoto tromesecje..
Sto jadam na rabota:

koga doagam na rabota,prvo obavezno edna banana kasnuvam,pa posle eden cas,varen gevrek od tie malite i obavezno jogurt i sirenje (od doma si nosam)
okolu 10-10.30 si varam kafe
pa nakaj 12-1 ovosje si lupam,jabolko,mandarina kruska ..nesto od toa

pa nakaj 14.30 mi se prijaduva,pa obisno si nosam edna kriska od doma i si mackam,dali so zdenka,dali kaskavalce, krem sir kolku da me drzi do rucek doma
i vaka si teram..pocesto po malku,i do sega sum zadovolna




lolla RR -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (7.10.2014 11:47:30)

Михаела и јас досега ко тебе слично, сабајле банана па геврек, па јаболко (летото и други видови овошје), какао, лажица мед, па после или сендвич од дома правен или нешто готово (гледам да е интегрално) или проја од дома или овесни снегулки со вода, суво овошје и мед. Јас сум 19 недела и сум 3ипол кила поправена. Често носам и цеден сок од дома во пивски шишиња хаха. Ич не ми прави ќеф кога морам да купувам бело пециво бидејки ми прави неубав вкус во устата, ама тоа е, некогаш немам избор.

Ајде ако има некој други предлози што од дома да се носи на работа за јадење нека пишува. Јас досега имам вакви идеи:

- сендвич со интегрално лепче, путер, вајкрем, кисели краставички, кашкавал и сецкани маслинки
- домашна проја со интегрални брашна и сиренце
- киноа со кромид, пченка, може краставички и маслинки
- овесни со вода и мед
- летото, салати најчесто шопска со сиренце и интегрално лепче
- бомбици микс од : урми, суви смокви, бадеми, лешници, ореви, кокосово брашно и кокосово масло (ГИОБОЖАВАМ) сето изблендирано
- непечен сочноглед, тиква, бруснмца за грицкање
- чат пат смоки со јогурт
- ориз од дома, тој стои и до пладне
- макарони остаток од претходен ден (по можност интегрални)
- цеден сок спремен од вечер со цвекло, лимон, морков и портокал
- пица од вчера ако останало некое парче (дома праена по можност)
- хумус со на ленти исецкани моркови, пиперка и кисели краставички, јами јами

и тоа е, може ке ми текне и друго, обожавам да јадам [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (7.10.2014 11:53:28)

Epa bravo lolla,jas ne mozam da nosam cedeni sokovi od pricina sto utrata mi se haos,pa nemam vreme

i jas ne gi sakam pecivata,samo stavaat na kilaza,pa taka gledam da e varen gevrek..ama pa zdosaduva sekoj den
Koga pravam proja si nosam od doma, ili vo staklen sad si stavam patlidjance piperka,sirence,nekoja maslinka i so edna kriska leb..gledam da e integralno lepce
e sega neli vo fioka se naoga i po nestio za grickanje neli cisto za zort,pa kupuvam edni integralni soleni keksi,a od blago integralni kolacinja,ama srekja pa i ne me tera nesto na blago,povekje sakam solenko da si kasnuvam..




Mihaela 2010 -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (16.10.2014 9:13:47)

jas vekje nekolku dena si doruckuvam dvopek,so puterce,sirence, kaskavalce ,nekogas krem sir,maslincinja,jogurt i bas mi e nekako lesnicko,i ke prodolzam taka
Vcera doma nemav rucek,ama si izedov edna eva sardina ,so malku kako dodatok ajvarce,i dve tenki kriski leb,pa vecerta na gosti eden lesen kolac i kafe i ne bev voopstvo vekje gladna ,si legnav..
Vlegov vo 4 mesec so + 2 kg pa sega zdravje ke vidime kako ke teram,iako nekako mi e otvoreno apetitce,ama za srekja blago ne me vlece se uste




blond -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (16.10.2014 10:11:52)

Уф јас имам рпоблеми со исхраната на работа. Од утре се враќам на работа и не знам како ќе функционирам. По 15 часа сум излезена од дома и на работа најмалку два оброка треба да имам. Супи ќе носам од дома во тегла, за наутро некоја мачканица или јуфка/тарана.




Hopeful RR -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (16.10.2014 11:39:08)

lolla, ептен имаме ист вкус, се што наброја од списокот би го јадела со задоволство, посебно тие бомбиците ми се хит, иако ме мрзи да ги правам [sm=smiley36.gif]

Инаку секое сабајле - без оглед дали дома или на работа - јадам овошје, и ме држи до 14ч. Паралелно пијам многу вода и чаеви. На работа имаме и блендер, па често си правам smoothie со свежо, јаткасто и суво овошје. После тоа јадам зеленчук салата со нешто што си носам од дома, најчесто грашок, боранија, леќа, ако останало нешто од вчерашниот ручек/вечера, или си купувам геврече, па со салата и маслинки, така некако. Приквечер дома со сопругот јадеме заедно, и или е истото од ручекот (гледам да готвам од претходно, за да ми биде готово и за на работа, и за после по дома), или тој готви нешто подекадентно, со тоа што јадам и тон салата.

Инаку, дека сум поправена од ивф терапијата, немам храброст да се измерам и немам осет колку кила имам, ама секако планирам да се консултирам со нутриционист, бидејќи сум страшно склона на дебелеење [sm=smiley36.gif]




Aleksx2Leon -> RE: Исхраната кај вработени бремени жени (16.10.2014 13:21:05)

Jas i so prvata bremenost i sega (27ma nedela sum) probuvav da se hranam zdravo ama nekako ne mi odi od raka, postojano mi teknuvaat nekoi novi specijaliteti koi se ili so mnogu masnotii ili so mnogu sekeri [sm=smiley36.gif] srekja so ne sum sklona na debeleenje DO TOLKU [sm=smiley36.gif] so prvoto na poragjaj otidov so 11kg + , zasega sum 5kg popravena, uste edna srekjna okolnost e sto poslednive dve tri nedeli pocna tesko da mi pagja od dosegasnata ishrana pa pocnav na rabota da nosam integralno lepce, ceden sok, namazi, kornfleks, jogurtce,integralni gricki,kolacinja.... i bas zasituva i taa hrana a i nemam macnini, doma rucek praktikuvam zaradi sin mi povekje mandji da pravam (grasoce, gravce,lekja, oriz) pa ke vidime kako ke teram do kraj, se nadevam nema pak da me navasaat CRNI MISLI [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]