profesorica -> RE: Кафеав шеќер (30.9.2009 11:23:22)
|
Кафеав или бел шеќер? Веќе подолго време кај нас кафеавиот шеќер е повеќе на цена отколку белиот. Кога одиме на кафе, угостителите ни ги нудат обата типа. Во продавниците и маркетите ги има и едниот и другиот. Некои го користат кафеавиот шеќер, бидејќи е поздрав од белиот, други поради помодарство, трети ги читаат декларациите на кои е наведена неговата енергетска вредност и состав. Но, која е вистината? Дали кафеавиот шеќер го оправдува епитетот „поздрав“, во однос на белиот? Според некои доктори, не постои никаква разлика помеѓу овие два типа на шеќер. Кафеавиот има за нијанса повеќе минерали и витамини. Меѓутоа, со оглед колкава дневна количина консумираме, тоа е занемарливо. Докторите сметаат дека ова е само добар маркетинг трик на трговците и производителите за поголем профит. Од друга страна, според статистиките, секој од нас консумира околу 2 тони шеќер во текот на својот живот, така што не е толку занемарливо што кафеавиот шеќер содржи повеќе витамини и минерали отколку белиот шеќер. Изборот останува на нас, но имаме и една забелешка која се однесува на цената на кафеавиот шеќер. Фактот дека тој е полу-производ, би требало да го направи поевтин од белиот, а не три пати поскап.
|
|
|
|