Snowhite RR -> RE: Анкетирање на родителите кои имаат деца во градинка (11.5.2012 17:40:14)
|
Кај нас нема ниту анкети, ниту сандаче за критики. Јас засега сум задоволна, мислам не знам дали сум, зашто ние како родители не ги гледаме таму што прават, не знам, можеби во поголемите групи може да се види ефект, сигурно доколку имаат програма, па воспитување и слично. М е уште мал и во градинка е на чување, додуша има научено неколку песнички кои ми ги пее дома. Туку како критика јас би го кажала тоа што сметам дека треба да се отвори уште барем по една група во секоја градинка, зашто не бива една восптувачка и една негователка(при што само 3 часа се заедно, а останатото време секоја сама) на 20 деца. Не е работата само да се примат сите деца кои се пријавуваат, туку треба да им се обрне внимание на сите нив, да се наранат, да се преслечат, да им се зборува, да се воспитуваат и сл. Свекрва ми на пример кога ќе се врати од работа (негователка е) не знае каде е, значи башка тоа што и самите тие се преморени и не можат доволно да им се посветат на децата, а и плус има еден куп млади што чекаат за работа, плус и еден куп деца кои ги одбиваат затоа што нема место. ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR Јас сум задоволна од веспитувачката и негователката, само што не ми се допаѓа што секоја година им ги менуваат учителките. Таман се навикнало детето на нив, оп дошло септември и нови доаѓаат. Исто и мене ова не ми се допаѓа, треба од почеток до крај да бидат кај истите
|
|
|
|