meU87 -> RE: Прашања до стручно лице за јога вежби? (10.3.2012 14:57:31)
|
Здраво, јас сум нова на форумот и имам едно прашање. Почитувана Анче, имам познавање од јогата, вежбав пред година време, а сега дома си практикувам се она што ми е останато посебно пранајамата,не ја изоставам, а и чувствувам голема потреба од тоа со оглед на моменталната состојба во која се наоѓам. Имено бремена сум 7недели, меѓутоа поради одредени компликации ми е забрането движење , работење и препорачано ми е строго мирување до трети месец. Баш поради фактот што на некој начин имам вовед во јогата, знам кои се придобивките од неа , важно ми е да ја применувам и во бременост, посебно ми е важно да поработам на свесноста со што сметам дека би си помогнала во месеците и моментите кои ми следуваат. Би сакала да Ве прашам за мислење, од кога би можела да применувам јога (со оглед на забраната која ја добив од лекарот), и дали ќе ми штетат класичните вежби кои се за трудници или сепак ќе ми биде потребна посебна програма??? Ви благодарам, имајте убав ден
|
|
|
|