Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Прашања до стручно лице за јога вежби? 10.3.2012 14:57:31
meU87
Здраво, јас сум нова на форумот и имам едно прашање. Почитувана Анче, имам познавање од јогата, вежбав пред година време, а сега дома си практикувам се она што ми е останато посебно пранајамата,не ја изоставам, а и чувствувам голема потреба од тоа со оглед на моменталната состојба во која се наоѓам. Имено бремена сум 7недели, меѓутоа поради одредени компликации ми е забрането движење , работење и препорачано ми е строго мирување до трети месец. Баш поради фактот што на некој начин имам вовед во јогата, знам кои се придобивките од неа , важно ми е да ја применувам и во бременост, посебно ми е важно да поработам на свесноста со што сметам дека би си помогнала во месеците и моментите кои ми следуваат.
Би сакала да Ве прашам за мислење, од кога би можела да применувам јога (со оглед на забраната која ја добив од лекарот), и дали ќе ми штетат класичните вежби кои се за трудници или сепак ќе ми биде потребна посебна програма??? Ви благодарам, имајте убав ден
RE: Прашања до стручно лице за јога вежби? 18.3.2012 2:29:17
Анче
Здраво и од мене Секоја трудница што прашува кога да започнам со јога часови одоворот е после 12 недела од бременоста, а во вашиот случај се додека трае забраната од лекарот. Кога ке добиете согласност од вашиот лекар можете да започнете со вежбање, би ви препорачала обавезно со инструктор, немојте сама зашто се разликува програмата т.е. вежбите. За овој период бидејќи веќе сте имале искуство со јога можете да ја работите јогиската релаксација и стомачното дишење. И најважно од се бидете позитивна и трпелива, се ке си дојде на свое место. Ви посакувам убава бременост
RE: Прашања до стручно лице за јога вежби? 18.3.2012 2:41:55
Анче
Здраво Надица Интересен е датумот кога си ја пишала поракава, тоа беше последниот час одржан во топ форма, сега часовите за бремени се одржуваат во Планет Ајурведа (подетални информации на сајтот на јога сојузот)