mami -> скандалозни ракавици (30.9.2009 12:15:59)
|
Во Британија владее нов шокантен тренд кој ја ужаснува јавноста. Станува збор за навидум обични, пластични нараквици кои што се многу популарни помеѓу децата над седум години. Шокот се состои во тоа што бојата на нараквицата означува, колку далеку би отишол нејзиниот сопственик во сексуалниот однос со други деца, пишува The Sun. [image]http://vesti.mt.net.mk/images/00skandal.jpg[/image] Секоја боја има свое значење и тоа: Жолта- прегратка на момче Портокалова- љубовно загризување Виолетова- бакнеж во уста Розова- покажување на градите Црвена- танц во скут Сина –орален секс Црна- целосен сексуален однос Златна- се од горенаведеното Доколку некој ја отстрани нараквицата од нечија рака, сопственикот мора да го направи тоа што го симболизира бојата на нараквицата. Најстрашно е тоа што, ако детето не поседува нараквица, другите врсници го избегнуваат и не сакаат да се дружат со него. Кога на тоа ќе се надоврзе фактот што станува збор за малолетни лица, очигледно е дека станува збор за вистински скандал.
|
|
|
|