blue_blue -> RE: разлика машко-женско дете (24.6.2011 10:37:33)
|
Има разлика во карактер сигурно, ама таа е зошто се работи за две деца, а не зошто едното е машко другото е женско. Значи има и женско дете што е живец, што игра со колички, што игра фудбал и трча скока, се качува на дрва, и машко дете кое седи во некој ќош и си црта, си реди колички...Јас имам две женски деца и тотално се различни во карактер. Едната има количка за кукли возење, другата има камион кој го вози на врвка - количка за кукли не ја интересира баш. Она во камион го вози мечето, а другава си ја вози куклата во количка. Разликите во однесување на машките наспрема женските деца ги правиме ние родителите и околината, општеството, па децата со тек на време ги учат и почнуваат да се однесуваат така. Мајките сами се однесуваат различно спрема машко и спрема женско дете. Спрема машкото се попопустливи, односно повеќе му дозволуваат и го размазуваат повеќе оти тоа е машко, син на тато и мама. Ова несвесно се прави, а особено е изразено на овие простори. Машките нели морало да играат со коли и не смееле да плачат - не чинело, демек за женски деца чинело да плачат? Вчера одам во парк и ќерка ми си игра на лизгалка, а камионот седи до мене, доаѓа едно дете да го земе и мајка му му вика „немој, не е твој ќе се лути баткото што е негов камионот“...е, па сега видете дал е до тоа што машките и женските деца се во однесување различни или што ние имаме слика како треба да се понаша машко како женско дете и несвесно им ја всадуваме на децата, п апосле идеме и викаме дека машково дете ни било многу потешко за чување од женсково...
|
|
|
|