Масажер (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Техника



Порака


profesorica -> Масажер (1.10.2009 10:47:38)

Користите ли масажери?Какви имате дома?

Ние имаме СЕВЕРИН масажер за стопала, ни го донесоа за свадба и презадоволна сум ги опушта стопалата и пофино се осеќам по напорниот ден а исто имаме и масажер за масирање на вратот и грбот од Цептер, и тој доста го користиме.






daniel -> RE: Масажер (3.10.2009 4:38:26)

pa ponekogas da




profesorica -> RE: Масажер (13.10.2009 12:39:20)

каков вид користите, колку ви е потреба и дали вреди за парите???




srekna mama -> RE: Масажер (13.10.2009 12:43:01)

немам никаков,т.е маж ми е понекогаш масажер.ама сакам некој професионален масажер,па една добра масажа од глава до пети-абе природно си е природно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Масажер (13.10.2009 12:47:38)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] маж масажер да тоа обавезно добивам.почнува со стапалата па нагоре[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Масажер (4.11.2009 8:00:57)

дали користите од оние масажери за вратот или грбот, што се на вибрации и колку ве опушта???




profesorica -> RE: Масажер (29.12.2009 8:56:38)

ааааа анушке...не си го пријавила масажерот за нозе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
инаку ист имаме и топ е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




profesorica -> RE: Масажер (11.5.2010 12:02:11)

баш ми текна да пишам во темава.вчера се масирав со рачен масажер од зептер- леле па тоа е чудо над чудата. има форма како потковица и буквално секој дел од телото може да го масира- врат, нозе, раце, стопала.топло го препорачувам на сите со хронични проблеми




Maca25 -> RE: Масажер (11.5.2010 16:49:32)

Јас имам на Цептер и е супер




niki -> RE: Масажер (11.5.2010 16:55:02)

Немам масажер, ама сега ќе почнат по плажа да шетаат кинези масажери  ќе си платам една сеанса од еден час па ќе ви раскажам како ми било.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Од лани им се мерачам, годинава морам тоа задоволство да си го приуштам, си ветувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




miana -> RE: Масажер (9.8.2011 13:35:32)

Majkammi mi go kupi relax and tone za rodenden..sega za sega e TOP za ponataka ke vidime





miana -> RE: Масажер (12.8.2011 9:43:05)

Девојки дали знаете ,дали е дозволено масирање со масажер во бременост...Го купив Relax and tone но дома видов дека не се препорачува на бремени жени..Кога бев кај др.Станкова ја прашав и таа ми рече ( онака не сигурно) - може на најслабата брзина,само нозете,рацете и никако стомакот.Имала ли некоја од Вас ваакво искуство? Сте прашале ли доктор и што ви одговориле..Па јас не го купив за џабе ова,го купив заради бременоста ( да не се запуштам)




Maca25 -> RE: Масажер (12.8.2011 9:50:37)

јас се масирав со масажер на цептер додека бев бремена, но на најслаба брзина и само стапалата ги масирав. внимателно со вибрациите на масажерот.




miana -> RE: Масажер (12.8.2011 9:54:34)

ама зошто? Некој ти кажа дека не смееш или? Јас бутовите пак си ги масирам на најголема брзина,па неразбирам како масашата на бутовите може да влијае на бебето..Знае ли некој?




Maca25 -> RE: Масажер (12.8.2011 9:56:17)

не ни прашав искрено некој, но не ми беше баш фино нагоре да се масирам.




profesorica back -> RE: Масажер (23.10.2011 11:05:03)

добра работа по напорниот работен ден, особено ако го поминувате на нозе...дали воопшто користите масажер, каков?дали имате време да се опуштите барем половина час...многумина новопечени мајки ќе речат, НЕ немам време а не ми ни текнало.




Martins mom -> RE: Масажер (23.10.2011 14:35:14)

Го имам Relax & Tone, ама некако слабо го употребувам во последно време, а + на грбот треба некој да го држи за да те измасира. Го молев мм, а тој ми рече дека ќе ми заковел шајка на ѕидот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




meU87 -> RE: Масажер (20.4.2012 8:40:51)

Relax and Tone му го купив на татко ми, демек на попуст преку Колектива(мислам беше). Два дена после тоа отидов на Бит пазар и скроз истите ги видов за 500ден, ќе си пукнев од мака. Татко ми вика дека е одличен, но не многу практичен, зошто сам неможеш на грб да се масираш.
Јас сега в о бременоста имам огромна потреба од масажа, па ги користам оние примитивните, рацете на мм , прекрасна работа, исплатлива и практична [sm=smiley36.gif]




Бушавка -> RE: Масажер (12.3.2013 12:29:43)

relax&tone од Топ Шоп




Calypso -> RE: Масажер (12.3.2013 12:42:15)

Јас имам верзија на Relax&Tone, купена од продавница за електроника. Работи, душата му ја извадив последниов месец, ама нешто жичките ми се изместија (читај поткинаа) и сега морам да пазам како го држам кабелот на спојката за да има контакт. Жицата е соголена (толку му е квалитетот де), ама го завиткав тој дел со изолир трака и си се масирам. Најмногу на нозете, ради целулитот. Да, се слабее, ама треба упорност, минимум пола час масажа дневно, и со креми против целулит. Јас имам ефект, колку толку. Освен тоа, многу ми помага за опуштање на мускулите на нозете после вежбање. Грбот не го масирам, страв ми е, оти имам дископатија, па да не зезнам нешто.




Страница: [1]