RE: невидливо пријателче (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Snowhite RR -> RE: невидливо пријателче (2.11.2013 13:40:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Поттикната од статијата да видиме дали и колку нашите рингерајчина имаат имагинарно пријателче.
М пред извесно време кога играше секогаш си зборуваше и тоа најчесто употребуваше реченици кои ги слушнал од мене, мене многу ми беше интересен дека зборува како мене.
Јас имав имагинарно другарче и тоа подолго време беше присутно во мојот живот, дури му имав и име дадено, се викаше Билјана, не знам зошто, ама не го сакав зашто секогаш кога нешто ќе се разочарав и се обраќав и се карав со нејзе. Како што реков беше присутно дури и кога бев поголема зашто бев свесна и многу пати се прашував дали е во ред тоа што „сама“ си зборувам, дека некој би помислил дека не сум во ред. Не се сеќавам точно кога исчезна од мојот живот





Палешка РР -> RE: невидливо пријателче (18.12.2013 17:14:09)

Замислено пријателче на Миа и е Скуби Ду. Му се крие под биро и си зборува со него [sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: невидливо пријателче (28.2.2014 17:23:34)

Имаме ново имагинарно пријателче - Ку*ле од Орле (овој израз го користи мајка ми, а таа ја чуваше минатата недела).

Ова пријателче и е оправдување кога ќе направи нешто лошо - ако нешто истури, турне, скрши...одма вели - Ку*ле од Орле ме натера/ми ја мрдна раката/ми шепна.
Ако е немирна вели дека Ку*ле од Орле ја лошел.
Ако ја боли нешто Ку*ле од Орле ја штипел.
И навечер кога не спие тој и зборувал...па морала прво него да го заспие за таа да заспие...

И сега со двајца се расправам [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: невидливо пријателче (2.3.2014 22:46:59)

Хахах Миа, Палешκа на голема маκа си, те жалам




mommy_angels RR -> RE: невидливо пријателче (19.9.2015 18:29:53)

Еве ја и ќерка ми си има замислено пријателче,Алек.Си игра со него,си зборува,јас морам да му зборувам,арно ама ме кара кога продолжувам да му зборувам,а тој излегол од соба [sm=smiley36.gif].Така со време почна да ми кажува,за да знам дека Алек си отишол.Туку ова со замислените другарчиња изгледа е некоја финта на овие хиперактивните деца,да си имаат изговор за белјите што ги прават [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]