Bethany -> RE: Заразна еритема /црвенило на образите/ „Петтата болест“ (22.5.2014 11:35:00)
|
Е прв пат слушнав за ова денес од докторката. Таа додуша не е сигурна и не можеше да потврди што е работата, дали уртикарија, рубеола или петтата болест. Сега кога читав погорните коментари има смисла и тоа да е, бидејќи обрзите му се зажарени, црвени, изгледаат како да многу го чешат, а всушност воопшто не се чеше. Ама и целото тело сега се прошири со поситните црвени точки, слично како убод од комарец, ама не се чеше. И на препоните исто му се изражени жар црвени точки, повеќе налиќуваат на тие копривњачи. И бидејќи беше на терапија со антибиотик 10 дена, претпоставувам и имунитет му беше намален па беше поподложен на вирусот. Јас го мачкам само со бебешка пудра, ама ни од тоа нема потреба реално бидејќи не го чеша, и пије само Зиртек, и калцијум и витамин ц. Малку ми е бед филм бидејќи и докторката сама не може со сигурност да каже што е, ама како вика како дошло-тако и отишло, претпоставувам дека ќе се и повлече. Многу олеснителна околност е дека не се чеше. Ама кај син ми изгледа од се по нешто е [sm=zmeden.gif] А не разбрав најдобро, дали ова ќе се појавува понатаму при изложеност на сонце? [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|