цистична фиброза (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


big_mama817 -> цистична фиброза (1.10.2009 12:12:21)

Цистичната фиброза е честа болест, која кај европската популација афектира околу едно на 2500 новородени деца. Тоа значи дека на 10.000 деца родени секоја година четири ќе имаат цистична фиброза.
Цистичната фиброза (ЦФ) е генатска болест која ги афектира и машкиот и женскиот пол. Децата се раѓаат со ЦФ и тоа не се менува во текот на животот. Тоа значи дека цистичната фиброза не се добива како заразна болест или не поминува од едно на друго дете. Бидејќи детето е родено со ЦФ, таа е исто така позната како конгенитална или наследна болест.
Цистичната фиброза е присутна кај деца кои ги наследиле двата цистично фиброзни гени, по еден од секој родител. Индивидуи кои носат само една копија на генот на ЦФ се наречени ЦФ носители и тие се потполно здрави.
Дете со цистична фиброза се раѓа само кога двајцата родители се носители на ЦФ генот. Постои широка варијација во симптомите и тежината на болеста помеѓу различни ЦФ пациенти. Цистичната фиброза афектира многу органи во организмот, но причинува големи проблеми во белите дробови, цревата, црниот дроб и панкреасот. Некои деца имаат повеќе проблем со белите дробови а некои имаат повеќе тешкотии со цревата. Секој пациент е афектиран различно.
Меѓутоа ЦФ не се одразува на интелигенцијата на децата. За сега не постои лек за ЦФ. Третманот е симптоматски и континуиран во текот на целиот живот.




Еца -> RE: цистична фиброза (12.12.2009 18:55:04)

Цистичната фиброза најчесто се јавува на плуќата или панкреасот и често се манифестира со воспаление на овие органи. Цистичната фиброза уште се нарекува и „невидлива болест", а заболените деца  се нарекуваат „деца со солен бакнеж" бидејќи имаат зголемено количество солена пот, а самата болест пред многу години се констатирала преку бакнеж во челото на новороденчето.

Ова болест е мултисистемска и напаѓа повеќе органи од човечкото телото : панкреасот, белите дробови, црниот дроб, слезината, половите органи...
Кај секој пациент болеста различно се манифестира,кај некој поизразени се проблемите со белите дробови, кај друг проблемите со варењето на храната и.т.н.  Третманот на оваа болест е многу скап и бара голема дисциплина. А секако бара и огромна подршка и помош од другите лица.Секојдневна физикална терапија, инхалациона терапија, хиперкалорична исхрана, медикаментозна терапија.




Julie1 -> RE: цистична фиброза (9.1.2010 19:00:53)

Жолчката од обични кокошкини јајца го намалува бројот на инфекции заканувачки по живот кај пациенти со цистична фиброза, наследно заболување кое најчесто ги оштетува белите дробови, јави денеска Шведското радио.

Ова е резултат на истражувањето спроведено на Академската болница во Упсала, пренесува дописникот на МИА од Гетеборг.

Шведскиот истражувачки тим на пациенти заболени од цистична фиброза им давал да го плакнат грлото и да голтаат екстракт со антитела добиени од жолчки од кокошкини јајца.

Потребата на пациентите за повторување на терапиите со антибиотици била намалена од секој втор месец на секоја четврта година. Антителата ги спречуваат бактериите да се задржат.

Шведските истражувачи веруваат дека антителата ќе можат да се користат и против цревни заболувања.

„Најмногу верувам во успешно лечење на цревни заболувања бидејќи станува збор за препарат кој се голта“, рече Ханс Колберг, професор при Академската болница во Упсала.




Страница: [1]