Bogdancanka -> RE: Стерилитет кај мажот? (20.11.2012 14:29:28)
|
ИСПИТУВАЊЕ НА НЕПЛОДНОСТА КАЈ МАЖИТЕОсновни испитувања за да се утврди дали станува за неплодност кај мажите се: Спермограм. Со спермограмот се прави анализа на бројноста, концентрацијата, морфологијата, подвижноста на сперматозоидите, ликвефакцијата ит.н. Спермокултура. Со правење на спермокултура се дознава дали има присуство на патогени микро организми во ејакулатот. Доколку спермограмот укаже на проблеми со плодноста, понатаму се продолжува со испитувањата за да се утврди причината за проблемот. Дополнително се прават: Мануелно испитување на тестисите. Со овој преглед урологот може да утврди многу работи. Може да види дали се работи за варикочела (проширени вени во тестисите). Доколку тестисите се помали и меки, а бројноста на сперматозоидите е мала, најчесто укажува на проблем во создавањето на сперматозоидите. Ако пак тесисите се со нормален изглед, а бројноста на сперматозоидите е мала, тоа укажува дека веројатно постои некоја физичка блокада. При прегледот лекарот проверува и дали има некои абнормалности на простатата. Ултразвучно испитување на тестисите. Може да се забележат проширени вени, кои не може да се утврдат при мануелниот преглед. Испитување на хормоните. Генетско испитување. Се прави во случај кога со другите испитувања не се пронашла причината за проблемот. Понекогаш причината за неплодноста може да биде од генетска природа. Таков е Клинефертеровиот синдром. Кај овој синдром наместо 2 полови хромозоми (X,Y) има три (X,X,Y). Тоа го оневозможува создавањето на сперматозоиди.
|
|
|
|