RE: Стерилитет кај мажот? (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Kvisko -> RE: Стерилитет кај мажот? (7.2.2014 16:16:59)

Трибестан има во сите аптеки на Еурофарм. Ако одиш на Клиника мислам дека во на влезот аптеката е на Еурофарм.




LadyD -> RE: Стерилитет кај мажот? (7.2.2014 17:03:31)

Zdravoooo jas sum nova na forumov,ve sledam podolgo vreme ama nikako da pisam.So soprugot sme recisi tri godini vo brak i nisto od [sm=duda.gif] [sm=zz_cry.gif][sm=zz_cry.gif] napravivme nekoi ispituvanja kako hsg-dobro,hormoni-dobro, spermogram so dijagnoza teratozoospermia,sega soprugot pie spermotrend pa se nadevame na dobri rezultati.Dali moze da mi kazete drugo sto moze da zema ili ova e dovolno,i ako moze da spodelite nekoe drugo ispituvanje sto bi trebalo da go napravime???




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (7.2.2014 19:28:30)

LadyD добре дојде на Рингераја [sm=smiley1.gif]

Основни се спермограм,спермокултура и уринокултура.
Сподели го и твоето искуство низ темите во делот за Забременување
Во однос на подобрување на спермограмот на природен начин има доста пишувано токму на оваа тема.Ќе издвојам дел
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

...а појачана исхрана и витамини Ц,Е, селен, цинк, фолна киселина, јаткасто овошје, протеини, избегнување газирани пијалази, масна храна, брза храна, пешачење,....мислам добро ви рекла за 3 месеци повторно да проверите, можно е да се подобри....

Сопругот имаше тератозооспермија, испи една доза антибиотици, јадеше се ова што набројав погоре, пешачеше и по неколку месеци имаше не добар - туку (според докторите) одличен спермограм. Позз

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepapa

Kaj nas pisuva leukociti ima i tolku samo nema navedeno broj
A pie veke tri meseci cink, selen, vit. C, speman, jade i od medot so jatkasti plodovi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
Во меѓувреме може да пробаат со лекот со мед (на мм тоа најмногу му помага), цинк, селен, витамин Ц, А и Е и аминокиселнини Л-аргинин (оваа најмногу помага за бројот) и Л-карнитин (за квалитет).

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

L-carnitin го има како посебни таблетки, а инаку во храна го има во: телешко и свинско месо, аспарагус, авокадо, полномасно млеко.
Како мешавина со Л-аргинин го има во Спермотренд суплементи по аптеки.




kapina -> RE: Стерилитет кај мажот? (7.2.2014 22:54:11)

Znam kade e eurofarm na25ke odam na endokrinologija pa ke prasam za niv ke prasam I ovde vo strumica ima apteka eurofarm dali gi ima I kolku pari se mi kazaa oti bile efikasni mnogu




LadyD -> RE: Стерилитет кај мажот? (7.2.2014 23:23:53)

Blagodaram Melanija :) Znaci da prodolzi da si gi pie Spermotrend,jas ovoj mesec prvpat zemam Clomifen,mozam da go napravam ova so medot i da se nadevam na [sm=rozacrtici.gif] :)




moss -> RE: Стерилитет кај мажот? (10.2.2014 10:22:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LadyD

Blagodaram Melanija :) Znaci da prodolzi da si gi pie Spermotrend,jas ovoj mesec prvpat zemam Clomifen,mozam da go napravam ova so medot i da se nadevam na [sm=rozacrtici.gif] :)


Lady D ti preporachuvam i peruanska maka vo prav 2-3 pati na den vo priroden ceden sok po edna lazhichka. Kaj mm imashe znachitelno podobruvanje na spermogramot




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (11.2.2014 9:45:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ana111

pred dve nedeli napravivme spermogram koj pokaza deka vo 1 ml ima 2 milioni spermatozoidi od koj 50-70 posto se kvalitetni,isto taka mi ja sledea ovulacijta i se ustanovi deka folikulite ne rastat dovolno i deka endometriumot mi 10mm. Mozno li e poradi nekvalitetna sperma ili nekvaliteten folikul oplodenata jajce kletka da ne uspeva da se razviva?


ana111, би те замолила да објасниш на што точно мислиш? Мислиш за постапка на ИВФ, инсеминација, природно забременување? Те прашувам затоа што има разлика. Со постапка на ИВФ се контролира растот на фоликулите и може и со слаб спермограм да се оплоди јајце клетка, бидејќи целиот процес е во голема мера контролиран. Дали сопругот пие нешто? Дали ти земаш нешто? Пиши, те чекаме, позз




ana111 -> RE: Стерилитет кај мажот? (11.2.2014 11:45:56)

maz mi od ovoj mesec pie tribestan,a za mene doktorot mi reci koga ke dobijam men.da mi prepise terapija za stimulacija,kolku sto znam toa e za prirodno da zabremnam ,nesto kako sledenje na folikulite i stavane na inekcija za folikulot da pukne




Kvisko -> RE: Стерилитет кај мажот? (11.2.2014 11:51:46)

ana111 со оглед на спермограмот можеби е подобро со инсеминација. Штом веќе ќе примаш стимулација, вака ти е посигурно. Арно ама прво би требало да се испита зошто кај вас доаѓа до спонтани абортуси пред да се почне со стимулација.




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (11.2.2014 14:23:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ana111

maz mi od ovoj mesec pie tribestan,a za mene doktorot mi reci koga ke dobijam men.da mi prepise terapija za stimulacija,kolku sto znam toa e za prirodno da zabremnam ,nesto kako sledenje na folikulite i stavane na inekcija za folikulot da pukne


Се надевам дека со терапијата ќе му се подобри спермограмот. Имаме тема за Повторувачки спонтани абортуси, можеш да најдеш повеќе објаснување. Позз




Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 12:58:36)

Девојки, ние имавме направено еден спермограм пред година и пол во Авицена, и беше ок. Со оглед на тоа, почнавме со инсеминации, кои излегоа неуспешни. Во процесот на собирање документи за ваучер, направивме нов спермограм со спермокултура во Систина, на кој излезе дијагноза тератозооспермија, со 15% нормални сперматозоиди. Следен спермограм треба да правиме тек за месец дена, мора да има растојание.

Немам многу знаење и искуство со ова, бидејќи цело време мислевме дека сопругот има солиден спермограм, но сега веќе од оваа перспектива, што мислите - дали воопшто имало поента да се прават 4 инсеминации? Дали сме згрешиле што не сме направиле уште некој контролен спермограм во меѓувреме и дали сме можеле да си заштедиме и време, и пари, и уште од порано да одиме на IVF? Знам дека сега нема смисла да се зборува за нешто што поминало, но во недоумица сме заради докторот - дали постапил правилно или не, дали не упатувал кон тоа да правиме инсеминации без да бидеме сигурни дека се е ок...




moss -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 13:23:00)

Hopeful мое мислење е дека 95 % од мажите кои биле да прават спермограм во Систина излегуваат со таа дијагноза - тератозооспермија. Истото го имаат забележано и доктори од ГАК, па сега прашањето е зошто? Дали да те наведат веднаш да правиш ИВФ кај нив не знам. Истото се случи и со мм, од солиден спермограм во Систина излезе тератозооспермија. Деновиве ќе прави на друго место само се двоумими дали на клиника бидејќи таму многу се чека. Така да не се грижи многу за резултатите од Систина, моја препорака е да одите на друго место и што побргу да си ги видите [sm=rozacrtici.gif]




Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 13:35:37)

Фала ти moss, ние стварно се вознемиривме од резултатите. Ако стварно е точна дијагнозата, криво ни е за изгубеното време во кое можела да се третира и да не се ни оди на инсеминација, а ако не е, останува отворено што ќе ни кажат во фонд и дали ќе ни дадат ваучер... Си играат со нас како со пиони...
А каде сакате да правите следен? Нели на хистологија биле најсолидни, за таму викаш дека се чека многу?

Дај боже сите наскоро да си видиме [sm=modricrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




moss -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 13:41:14)

Па да се чекало 2 недели а сакаме побрзо за да ги побиеме рез. од Систина[sm=smiley1.gif]. Па сега не знам или Адриалаб или клиника ќе видиме




Kvisko -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 13:41:30)

Hopeful што било биднало. Не се навраќајте на тоа што би можело да биде. Проверете само дали резултатите ќе се поклопат со тие од Систиан или не. Врз основа на тоа решете дали ќе продолжите кај истиот доктор или ќе го менувате.
За ваучер не се секирај. Мислам дека без разлика на причините (дури и ако е се во ред) после 4 неуспешни инсеминации следи ваучер за ИВФ.




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 14:17:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

........ Во процесот на собирање документи за ваучер, направивме нов спермограм со спермокултура во Систина, на кој излезе дијагноза тератозооспермија, со 15% нормални сперматозоиди. Следен спермограм треба да правиме тек за месец дена, мора да има растојание.



Еве јас да ги кажам исто во Систина, на сопругот му најдоа тератозооспермија. Отидовме, направивме брисеви на Микробиологија, имаше бактерија, испи антибиотска терапија, пиеше цинк, селен, витамин Ц, фолна киселина, јадеше јаткасто овојшје (лешници, бадеми, ореви) и потоа правевме спермограм на Хистолоија и потоа пак во Авицена. На двете места му беше одличен спермограмот. Така да, обавезно проверка за бактерија и со оваа терапија гарантирам подобрување на спермограмот. Позз




Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 14:22:34)

Фала ви девојки, малце ме орасположивте, макар што на мм се уште му е тешко... Читав наназад постови на оваа тема, и гледам дека и со оваа дијагноза се препорачува инсеминација, така што иако неуспешни, се надевам дека не сме ги правеле напразно, имало смисла и надеж...

Инаку, со овој спермограм мм правеше и спермокултура, која е со ок резултати, нема ништо. Сега ќе оди на андролог за подетални информации, па да видиме кога следен спермограм.




Zoya -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 15:04:27)

И кај нас беше така. Во Систина дијагноза тератозооспермија и тоа со под 10% нормални сперматозоиди и после 2-3 месеца кога направи на хистологија резултатот беше нормален. Во Систина разликите ги објаснуваат со тоа дека имале „пософистицирана“ опрема отколку останатите лаборатории. Дали е така или не, не знам. Инаку инсеминациите не се напразно и самите доктори од таму за тератозооспермија предлагаат да се направат.




moss -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 15:43:35)

Вртам назад низ форумов и гледам кај многу рр-ајки кои биле во Систина се со тератозооспермија, така ако оди некој таму и излезе со оваа дијагноза да не се нервира да знае дека не е точна [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.2.2014 18:44:17)

Hopeful со таа дијагноза треба 4 инсеминации, и кога сте ги правеле кој бил бројот на прочистени?Сигурно било во ред штом не ви спомнале.
Кај мм прво беше нормалел па по 1 година на Хистологија беше тератозооспермија,не ги знам точните бројки но не земаше терапија.Тие две дијагнози веројатно варираат.
После дијагнозата тератозооспермија после 8 месеци без терапија забременив.Така што ништо не си изгубила напротив сеуште се е можно [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (19.2.2014 10:39:48)

Melanija RR, кај нас ок беше првиот спермограм и докторот рече дека нема потреба од друг. За првата и втората инсеминација имавме по 20 милиони, третата 15 и четвртата 10. Се уште сме збунети дали ако се третирало тоа во текот на тие месеци можеби ќе сме имале поуспешна инсеминација, но сега веќе тоа е помалку битно, помина. Сега ќе одиме на андролог за консултација и следен спермограм за еден месец на Хистологија, па во Фонд. Во меѓувреме, не губиме надеж и за природно, баш ти си ми пример [sm=smiley36.gif]




Zoya -> RE: Стерилитет кај мажот? (19.2.2014 12:24:24)

Hopeful не се оптоварувај сега со инсеминациите. Искрено мене ми се како лотарија, зависи каква ти е среќата. Имам пријателка која остана бремена после првата инсеминација, а материјалот беше 3 милиони и им кажаа да не се надеваат премногу. Ама кога сака, сака и беа најсреќни на свет. Така што, нема правила. И секако постои можност за природно [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (20.2.2014 14:26:38)

Hopeful веројатно нема да влијаело тоа на спермограмот.Зошто?Кај мене најдоа висока АСА и на тој начин можев да забременам само со инсеминација или ИФВ, но беше природно.Како? Одговорот што ми го дадоа е дека спермата се обновува на 3месеци па ситуацијата се менува .Кога сум забременила било точно тука околу 3 месеци.Или неточни резултати или навистина е така




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.2.2014 13:58:34)

Соле, постот е префрлен во Информации за остварување на правото за ИВФ преку ФЗО. Поздрав




Libra88 -> RE: Стерилитет кај мажот? (20.3.2014 12:01:56)

Zdravo,
Bi Ve zamolila da mi preporacate dobar urolog!




Страница: <<   < Претходна страница  36 37 [38] 39 40   Следна страница >   >>