Неинформираност на жените (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


Еца -> Неинформираност на жените (1.10.2009 18:12:44)

СКАНДАЛОЗНА НЕИНФОРМИРАНОСТ НА ЖЕНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ

"Кока-кола" место контрацепција

Д-р Татјана Гуржанова била шокирана од изјавите на млади и образовани луѓе, кои кажале дека како контрацепција користат "кока-кола", ракија и сода бикарбона, и оти немаат потреба да користат кондом, анти-беби пилули или каков било друг вид контрацепција пн. Според статистиката, од 1.000 жени во Македонија, дури 20 прават абортуси, а во последно време се во пораст тинејџерските абортуси, односно прекинувањето на бременост кај девојки од 15 до 19 години

Над 61 процент од жените во Македонија никогаш не користеле никакво средство за контрацепција, а во моментов контрацепција користат само 24 отсто. Од нив 17 отсто употребуваат кондом за партнерот, а само 1,6 отсто антибеби пилули. Овие податоци се добиени од истражувањето кое во јуни годинава го спровела маркетинг агенцијата "Брима Галуп" на 500 испитанички на возраст од 15 до 49 години. Испитувањето е правено по европски прашалник за свесност за контрацепција, на барање на фармацевт­ската компанија "Баер фарм", по повод Светскиот ден на контрацепцијата 26 септември.
Според податоците од истражувањето, 94 отсто од младите на возраст од 15 до 19 години воопшто не користат средства за контрацепција, а од 72 до 84 отсто од повозрасните жени воопшто не користеле никаков вид контрацепција, која лекарите ја препорачуваат за да се спречи несакана бременост и последиците кои потоа доаѓаат.
Лекарите велат дека ниското ниво на употреба на контрацептивни средства е резултат на неинформираност, страв дека антибеби пилулите ќе предизвикаат последици врз здравјето на жената и немање навика да се побара помош и совет од здравствените работници.
"Бев шокирана од изјавите на млади луѓе на една од трибините за свесноста за контрацепција. Не само што воопшто не користат никаква контрацепција ниту некогаш се посоветувале со лекар, туку кажаа дека како контрацепција користат 'кока-кола', сода бикарбона и ракија. Според нивните објаснувања, 'кока-кола' ставале во вагината по сексуалниот чин. Велат дека немаат потреба за контрацепција, бидејќи нивните методи секогаш функционирале. Од друга страна, пак, според студиите на медицинските установи, најмал процент на несакана бременост има кај адолесцентите кои минале некаков облик на сексуална едукација во основните и во средните училишта", рече д-р Татјана Гуржанова на вчерашната презентација.
Нискиот процент на употреба на контрацепцијата, според лекарите, е една од главните причини за појава на несакана бременост, а потоа и на абортуси, кои значително влијаат врз репродуктивното здравје на жените.
Испитувањето покажало дека 24 отсто од испитаничките имале по еден абортус, а еден процент од нив имале и по девет абортуси.
Д-р Бранкица Младеновиќ од секторот за превентивна заштита при Министерството за здравство рече дека од 1.000 жени во земјава, дури 20 прават абортуси, и дека во последно време постои пораст на тинејџерски абортуси, односно кај девојки од 15 до 19 години. Таа објасни дека Министерството за здравство подготвува стратегија за контрацепција и репродук­тивното здравје, во која акцент е ставен токму на младите луѓе кои на се помала возраст стапуваат во ризични сексуални односи. (Е.А.)

извор: Вест

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




***Lide*** -> RE: Неинформираност на жените (1.10.2009 18:19:53)

ova so `koka-kolata`na prv pogled e smesno no istovremeno i mnogu stramno i tazno zar vo 21 vek se uste se koristat takvi cuda namesto kontracepcija pa neli odime kon Evropa? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] da ne znaes sto da recis vistina mnogu e cudno kolkava neinformoranost ima kaj mladite vo denesno vreme na olku razviena tehnologija internet i tie stvari sto e problemot dali ne sakaat da se educiraat ili pak si velat deka se znaat toa e prasanje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]





nadica -> RE: Неинформираност на жените (1.10.2009 23:34:15)

податоците се страшни [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] млади девојки жени а незнаат да се заштитат не само од бременост туку и од сексуално преносливи болести


мислам дека некаде низ форумов имам пишано ама да се повторам: во англија девојки и жени БЕСПЛАТНО добиваат инекција која спречува создавање на јајце клетка во организмот па со самото тоа се спречува и несакана бременост

и да бидеме искрени кај нас контрацептивните методи се сведуваат само на кондом и спирали кои имаат нус ефекти [sm=smiley13.gif][sm=zmeden2.gif]




Saturn -> RE: Неинформираност на жените (2.10.2009 11:58:29)

Не е толку страшно како што го прикажуваат медиумите. Што се однесува до анкетата спроведена од реномирана агенција, не се дошло до такви податоци. Тоа бил податок од некоја од (ми се чини) докторките кои презентирале, значи можеби во два-три случаја од илјада. Ова ми е извор од тие што работеле на истражувањето, лица кои беа присутни и презентираа на тој настан. Значи повеќе медиумите (веројатно поради сензационалност) ја потенцираат и ја градат таквата слика околу контрацепцијата на жените отколку што вистински е така. Така е кога новинарите одбираат што ќе презентираат, колку и да е тоа искривена слика за реалноста. Но не би било интересно ако се каже дека најголемиот процент (статистички значаен) од испитаничките користат орална контрацепција, прекинат однос или партнерот користи кондом, каква вест би било тоа - обична. Не викам дека не се користат некакви чудни методи на контрацепција, штетни или неефикасно, но нивниот број е минорен (можеби и помалку од 2% од испитаничките). А според она што беше презентирано испаѓа дека жениве во државава се прости, глупави, заостанати ... и дека најчесто се користи кока-кола-ракија и сода бикарбона.




kiki_riki -> RE: Неинформираност на жените (4.10.2009 17:41:52)

има многу чудни методи за контрацепција, јас на тинејџерките би имја препорачала следнава
НАЈДОБРА МЕТОДА ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА
меѓу колената држи ливче на кое пишува НЕ и никако не дозволувај да ти падне
(можеби сум многу строга ама сум против секс на детски години)




ripce -> RE: Неинформираност на жените (4.10.2009 17:45:58)

жалосно ама сепак вистинито[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Неинформираност на жените (6.10.2009 12:38:49)

значи во денешно време кога ке прочитам за нешто вакво си викам- или нешто не е во ред со мене или нешто не е во ред со нив...од каде таа глупост дека со кока кола нема да збремени? а ус пат знае ли колку бактерии ке си навлече? боже, каде ли им е крајот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




niki -> RE: Неинформираност на жените (6.10.2009 12:50:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn

Не е толку страшно како што го прикажуваат медиумите. Што се однесува до анкетата спроведена од реномирана агенција, не се дошло до такви податоци. Тоа бил податок од некоја од (ми се чини) докторките кои презентирале, значи можеби во два-три случаја од илјада. Ова ми е извор од тие што работеле на истражувањето, лица кои беа присутни и презентираа на тој настан. Значи повеќе медиумите (веројатно поради сензационалност) ја потенцираат и ја градат таквата слика околу контрацепцијата на жените отколку што вистински е така. Така е кога новинарите одбираат што ќе презентираат, колку и да е тоа искривена слика за реалноста. Но не би било интересно ако се каже дека најголемиот процент (статистички значаен) од испитаничките користат орална контрацепција, прекинат однос или партнерот користи кондом, каква вест би било тоа - обична. Не викам дека не се користат некакви чудни методи на контрацепција, штетни или неефикасно, но нивниот број е минорен (можеби и помалку од 2% од испитаничките). А според она што беше презентирано испаѓа дека жениве во државава се прости, глупави, заостанати ... и дека најчесто се користи кока-кола-ракија и сода бикарбона.


Искрено и јас мислам дека е надувано од медиумите, ако логички размислиш со 15-16 години почнуваат со односи, а пак бремености има релативно малку на таа возраст и ако се потпирале само на кока кола тогаш навистина треба да ја прогласиме за контрацепција.




big_mama817 -> RE: Неинформираност на жените (14.10.2009 9:20:34)

свашта немам коментар [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Страница: [1]