ripce -> RE: алергија на пеницилин (18.12.2009 14:12:02)
|
Д-р Докиќ вели дека еден од големите стравови на многу пациенти при прием во болница е и страв од алергија на лекови, особено на пеницилинот. ,,Што се однесува до алергии на лекови, како што е пеницилинот, тоа се алергии што се јавуваат на која било возраст, но не се јавуваат при првиот контакт со таа хемиска супстанција, туку се јавуваат по повеќе контакти, бидејќи е потребно време организмот да се сензибилизира, да создаде антитела од типот на ИГЕ против таа супстанција. Значи, никогаш не се добива пеницилински шок од првата инјекција пеницилин, туку се добива подоцна, кога пациентот ќе создаде доволно количество ИГЕ-антитела кои би реагирале со пеницилинот во некоја следна средба. Од друга страна, понекогаш има реакции кај пациенти при првиот контакт со пеницилин, а тоа се објаснува со тоа што, всушност, организмот на пациентот се сретнал со супстанцијата на пеницилинот преку исхраната, затоа што на домашните животни им бил даван пеницилин кој овозможил преку исхраната кај некои луѓе да се создадат ИГЕ-антитела против пеницилинот.
|
|
|
|