детски игралишта (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


big_mama817 -> детски игралишта (2.10.2009 14:48:12)

Дали сте задоволни од детските игралишта кој постојат во вашиот град? Дали сте задоволни од реквизитите кој се поставен во нив?
Дали сметате дека нивниот бр. е доволен?
Искрено кога го носам син ми во некој дет.игралишта сум забележала дека поголемиот број од малку поставените реквизити се оштетени па ми делуват несигурни, а се поставени за деца.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




zami -> RE: детски игралишта (2.10.2009 15:06:18)

Navistina zalosno....
Pravat novi igralista za deca a potoa nikoj ne se grizi za niv

Od taa pricina prestanav da go nosm sin mi po javni igralista.




pericka -> RE: детски игралишта (2.10.2009 16:29:51)

pa potrebni se i toa kako





nadica -> RE: детски игралишта (2.10.2009 17:12:33)

ние во нег имаме 2-3 игралишта и тоа е се и тие се руинирани и нема шанси да го пуштиш детето само да си игра [sm=smiley21.gif][sm=smiley21.gif][sm=smiley21.gif]




mis. -> RE: детски игралишта (2.10.2009 17:29:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

Navistina zalosno....
Pravat novi igralista za deca a potoa nikoj ne se grizi za niv


Да треба да има некој кој ќе ги одржава но и има луѓе и што ги уништуваат.Најпрво ние треба да ги чуваме а не да кршиме надевајќи се дека после нас некој ќе ги поправи.




Maca25 -> RE: детски игралишта (2.10.2009 17:59:20)

ЈАс каде што живеам нема игралиште и навистина не знам каде ќе го носам детето да си игра кога ќе потпорасне. Во населбата каде што живеат моите има едно игралиште, скоро се е искршено, но барем има деца па би можела таму да одам.
Јас се сеќавам кога бев дете, цел ден го поминував на игралиште, големо, средено, со лулашки и клацкалки, сега нема ништо за нашиве деца. Треба да ги затвараме по игротеки.




Еца -> RE: детски игралишта (3.10.2009 0:13:59)

Кај нас во Ново Лисиче има навистина повеќе игралишта и тоа летово обновени, има дури и чувари, но верувајте има и деца кои за жал се толку исполнети со негативна енергија што се истураат на лулашките, лизгалките.Баш пред некој ден се карав со едно дете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] дете?па имаше сигурно 12 или 13 год. Се качило на лулашката со нозе, се исправило, леле кога го видов ми се идеше да му шлапнам некој шамар ама ептен и Мила беше со мене и кога се закарав дојде чуварот и го избрка.Потоа сакаше да влезе пак, но чуварот му вика додека сум јас тука нема да стапнеш на игралиштето. Мислам и после немало игралишта[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley34.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image]




pericka -> RE: детски игралишта (3.10.2009 4:28:37)

potrebni se i toa mnogu




profesorica -> RE: детски игралишта (3.10.2009 10:20:06)

Во ѓорче кај свеќи има на 2 места детски игралишта ама не се нешто посебно полни со реквизити, јас Дамјан повеќе го носам во детски центри и игротеки.




niki -> RE: детски игралишта (3.10.2009 11:44:11)

Имаме игралишта кои најчесто ги посетуваат деца чии родители не водат многу грижа што им прават децата. И тоа ме вади од такт, кога гледам мајките се размуабетиле а децата ко некои дивјаци и уште ако им речеш нешто ќе ти се нафрлат ко да си им влегол во двор. Затоа избегнувам да ја водам ќерка ми кога има многу деца и не се знае кој што прави и на игралиште одиме во помирните делови од денот кога има помалку деца.




mami -> RE: детски игралишта (10.10.2009 17:09:43)

И кај нас иста песна..игралиште ни за лек[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]за најблискотот треба да го возам 15  минути минимум за да стигнеме таму...ужасно, толкава населба а нема игралиште и што е најтрагично- нема ни простор каде би се поставило и тоа ме вади од такт..Кај моите во градинката зад нив сега ставаа нови реквизити па цело врме е таму со сестра ми..барем некаде да искористи...




mami -> RE: детски игралишта (10.10.2009 18:15:03)

еа знаете колку се изнервирав денес...одиме на оние лизгалкине на улица македонија и таму една мама со неколку деца од кои најголемото имаше некои 10тина години и она мртва ладна си го гледа додека ова со нозе гази по лизгалката која очигледно му е мала за лизгање, ужасно се изнервирав, си прокоментирав на глас за културата и си отидовме со Лука..
После во ГТЦ кај Премаман, на лизгалките едно 5-6 годишно дете ужасно јако ја буткаше клацкалката и можеше да ги повреди тие две три деца што беа возраст на Лука, а мамица си отишла од спроти во продавница за чевли и потоа доаѓа и си го  собира како да е најнормално тоа што го прави..
Ужасно се нервира кога мајката само фино лепо си посматра додека нејзиното дете прави глупости околу наоколу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image]




Felly RR -> RE: детски игралишта (20.7.2011 9:23:52)

Кај нас  (во Прилеп) сликата со игралиштата мислам дека малку е сменета. Како што немаше игралишта до пред некоја година, сега па има во секоја населба. Е сега некои се помали, и се блиску до улица, (не сме ги посетиле и не знам колку се безбедни).
Ние обично кога одиме кај баба, одиме на игралиштето таму. Тоа е прилично големо, но сепак е одржано. Единствено што нема канти за отпадоци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Каква е ситуацијата кај вас, дали вие сте задоволни од детските игралишта?




AnnaMolly RR -> RE: детски игралишта (20.7.2011 9:31:54)

Игралиштето во мојата населба беше ужас! Лулашките испокршени, цело обраснато со трева, мислиш некој крокодил ќе се појави од некаде! Ама пред изборите го средија, ставија нови лулашки, тревата ја искосија АМА не ја фрлија туку ја ставија во еден агол на крајот на игралиштето и сега скапува и смрди труе! А има контејнери на буквално 3 метри од игралиштето, само на никој не му текнува да ја фрли тревата! 




anedespo -> RE: детски игралишта (20.7.2011 10:10:04)

Кај нас во населба има 2 : едното има чувар и се заклучува навечер. Многу е чисто и реквизитите ако се скршат, веднаш се фарбаат обновуваат. Додека второто е без чувар со искината ограда и искршени реквизити кои и да ги сменат веднаш пак се оштетуваат. Лично со свои очи видов дека во доцните часови, игралиштето е посетувано од студенти и студентки кои со својата тежина ги кршат лулашките и лизгалките. Можеби првпат гледаат вакво нешто, па ај начукани со алкохол да си поиграат. Срамота. А децата се деца, некое помирно некое потемпераментно. Играат сите, не се тепаат. 




hrabra -> RE: детски игралишта (11.11.2012 14:59:42)

koga veke ima diskusija i na ovaa tema bi sakala da go izrazam mojot revolt sto vo site naselbi se napravija igralista luslaski i sl.. za malite deca samo za decata vo nasleba lisice od ul Todor Cangov se nema nisto napraveno...Kako rezulatat na toa tie deca po celi denovi i noki ni igraat pod prozorite bozem ulicata e fudbalsko igraliste...i sto e najinteresno roditelite voopsto ne vodat griza za toa dali smetaat na nekoj ili ne[sm=zmeden.gif]....Decata ne se krivi nemaat vo blizina fudbalski teren , no spored mene roditelite treba da im objasnat deka ne e vo red vo 22h ili 23h navecer da se igra fudbal na nekogo pod prozor....ne znam kako e po drugite naselbi ama ovde e strasno...mislam deka e redno da im se napravi nekoe katce na decava da mozat na raat da igraat...




Andriance -> RE: детски игралишта (11.11.2012 22:19:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: hrabra

koga veke ima diskusija i na ovaa tema bi sakala da go izrazam mojot revolt sto vo site naselbi se napravija igralista luslaski i sl.. za malite deca samo za decata vo nasleba lisice od ul Todor Cangov se nema nisto napraveno...Kako rezulatat na toa tie deca po celi denovi i noki ni igraat pod prozorite bozem ulicata e fudbalsko igraliste...i sto e najinteresno roditelite voopsto ne vodat griza za toa dali smetaat na nekoj ili ne[sm=zmeden.gif]....Decata ne se krivi nemaat vo blizina fudbalski teren , no spored mene roditelite treba da im objasnat deka ne e vo red vo 22h ili 23h navecer da se igra fudbal na nekogo pod prozor....ne znam kako e po drugite naselbi ama ovde e strasno...mislam deka e redno da im se napravi nekoe katce na decava da mozat na raat da igraat...


Ќе бидам малку офтопик, ама се надевам ќе ти помогнам.

Дали си се обидела за ова да се обратиш до општина? Тврдам дека во најскоро време ќе имаш видлив одговор. Јас бар така функционирам..

Не знам дали знаеш дека имаат вработени, секој од нив задолжен за одреден реон од населбата, за вакви и слични потреби на граѓаните.
Нас лично пред зграда ни фалеше кош и клупа...за 2 дена беа наместени.

Се пожаливме дека сите патеки направени надвор од предвидените и асвалитарните, се поплочени освен две пред нашата зграда. Денес видов дека и тие до пола ги поплочиле.

Така да обиди се и исконтактирај ги.

поздрав,




Maca25 -> RE: детски игралишта (11.11.2012 23:01:23)

Ние имаме лулашки во близина, на кои се собираат тинејџери и постари од зградите околу и по цел ден пијат и се дерат. Башка што и со мотори влагаат на лулашките. Нит се заградени ни ништо. Сочувани се, ама ич не ми се оди таму, баш заради сите тие насобрано луѓе таму. Не им е гајле што деца мали таму си играат и ги слушаат нивните пијано муабети и дерења. Затоа ако треба да одиме на лулашки пешачиме малце до Зебра или пак во Парк.




Melanija RR -> RE: детски игралишта (20.5.2015 14:41:14)

Какви се игралиштата,лулашките низ населбите низ Скопје и низ градовите?




sandriana RR -> RE: детски игралишта (21.5.2015 21:58:12)

За дечките од Аеродром и Лисиче - во Мај Маркет комплексот е отворена нова занимација за деца - Сено парк се вика, игротека на отворено е и е слободен влез. Ќаруваат од кафето на мајките [sm=smiley36.gif] Ама е навистина ново и невообичаено, бар мене ми е интересно [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: детски игралишта (21.5.2015 22:15:08)

sandriana RR како ме погоди[sm=smiley1.gif] цела недела се токмам да одиме да видиме каде е точно и како е[sm=smiley1.gif] баш ме израдува па може и да се договориме за летово може да биде супер[sm=zz_bounce.gif]




sandriana RR -> RE: детски игралишта (22.5.2015 8:08:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

sandriana RR како ме погоди[sm=smiley1.gif] цела недела се токмам да одиме да видиме каде е точно и како е[sm=smiley1.gif] баш ме израдува па може и да се договориме за летово може да биде супер[sm=zz_bounce.gif]

Веднаш се забележува, карши крстот и црквичето на семафорите после Хемиско училиште, до Еуроимпекс е. Убаво е заградено, има неколку помали реквизити и еден огроооомен балон-замок за скокање. Ме воодушеви каубојскиот стил со коцките сено, да трчаат деца меѓу нив, и да паднат да не исчукаат глави [sm=smiley36.gif]
Да испитам терен и може и РР дружба да удриме таму.




blue_blue -> RE: детски игралишта (22.5.2015 9:24:20)

Бев во саботата и воопшто не ме воодушеви. Прњаво, неудобно за седње, тесно, а долго и ништо интересно за деца за играње. Има фотки на ФБ од реквизитите - две најмали лизгалки пластични кои се големи и за 2 годишни деца, и неколку гумени надувани коњчиња за деца докај 2 години....столчиња и мали масички и ништо друго....Замокот на надувување е преку улица. Да улицата не е прометна ама сепак е улица....местот е на ќош на два прометни булевари и е страшно бучно од коли....спикано е покрај тротоар....мене воопшто не ме воодушеви...додјов, видов и си отидов во Форца кај што има простор и реквизити на кои децава всушност можат да играат




mommy_angels RR -> RE: детски игралишта (22.5.2015 9:39:53)

Да испитам терен и може и РР дружба да удриме таму.

Ми се допаѓа идејата,место за трчање,падни-стани-продолжи е само за ќерка ми.Испитувај побргу и организирај




Страница: [1]