RE: Опрема за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Што ми треба за новороденче?



Порака


Melanija RR -> RE: Опрема за новороденче (11.11.2015 15:03:28)

Kvisko фала на објаснувањето за седиштето и транспортерот,навистина незнаев што и како.[sm=smiley1.gif]

Да бањање во соба каде и се преповива е најдобро. Да скапи се ,комплет ногарки и кадичка.Незнам само ногарки дали воопшто има. А едино на пластичарска но не верувам.Сега ѕирнав на бебесуперкаркет има за 1.6оо ден незнам дали секоја одговара




lolla RR -> RE: Опрема за новороденче (11.11.2015 18:45:15)

Ние од старт го бањаме во купатило, на када со ногарки, бањањето во дневна некако не ми иидеше, чудно ми беше. Нас стратегија ни беше следна; преповивалната како таа на сликата погоре за на кревет ја стававме на машината за перење и таму го пресоблекувавме и сушевме со крпа. Потоа во памучно го носевме во спална и таму си го масирав и облекував. До кај 3 месеци го облекувавме во купатило ама многу топло и спарно беше и решивме во спална. Имаме парно, а за пролет/есен земавме калорифер. Сега колку прска, бањање во дневна треба најлон колку соба да постелам.

Нашиот ортопед препорача седење во спротивна насока до 18 месеци и ние сега зедовме седиште група 0/1 до 18 кг што е, ное нема опција да сњ вади туку само да гледа напред или назад. Единствено за оваа опрема за во кола не сум за половна бидејки безбедноса при возење е многу важна.




Hopeful RR -> RE: Опрема за новороденче (11.11.2015 21:13:18)

Ехее, што убава дискусија се разврзала [sm=smiley1.gif]

Ние на почетокот, првите 2 месеци, ги бањавме бебињата на чешмата од кујнското лавабо, исто како во болница. Неверојатно практично и лесно, ептен препорачувам. Кујната ни е споена со дневната и одма го носев на пресоблекување, со тоа што првите месеци трпезариската маса ни беше baby station, а сега решивме да јадеме како луѓе и ги пресоблекувам на тросед, со непропустлива простирка.

Од бебесупермаркет купив обична када на Бреви без ногарки и сталак, со минималистички дизајн и сум презадоволна - до скоро ги бањав во дневна, на под. Ем не се лизга, ем нема кај да падне, ем го гледам и другиот. Сега бидејќи се преселивме во поголем стан со поголемо купатило, кадичката ја ставам во нашата када и така ги бањам, па потоа завиткани со бањарка ги мачкам, средувам и облекувам во дневна. Со парно сме, така што не е страшно.

Во однос на други работи што треба да земете - не заборавајте тетра пелени! [sm=smiley36.gif] Освен обични тенки, има во Џамбо едни меки фланелски, тие ми се хит. Ги ставам и на креветче, да не спијат на ладен чаршав, и во количка кога е поладно, ептен се супер. Друго, не заборавајте на капчиња и лигавчиња, а за бодија и шпилхозни, од најмалите земете колку што можете помалку, бидејќи одма ќе ги надраснат, за еден месец готово. Знам дека е мерак, ама меракот нека седи за 3-6, 6-9... [sm=smiley1.gif]




SOLE -> RE: Опрема за новороденче (12.11.2015 11:01:00)

еј што убава тема, се изначитав од сабајле, многу корисни работи научив [sm=smiley36.gif] Јас уште ништо не сум купила бидејки сеуште е рано дури и полот уште не им се знае ама едваи чекам да почнам со купување за бебушките, сега за сега само разгледувам и се ми се допаѓа [sm=smiley36.gif]. Вие кога за прв пат и купивте нешто?




Felly RR -> RE: Опрема за новороденче (12.11.2015 11:19:30)

ДИскусијава и мене ме натера да прочепкам на интернет, па најдов и многу работи што за М не сум знаела ни дека постојат [sm=smiley36.gif] е сега за К (пошто темава на тргна на капење) видов едни интересни што се ставаат во туш кабина да го ставиш бебето да си лежи и да го бањаш слободно. Одолзола се со гумчиња, да не се лизгаат, ама има и пластични, и фротирски - такви имам видено од бекутан, мислам даваа на промоции со нивни производи, а има и од сунгер. Овие пластичниве како најсоодветни ми изгледаат, па ќе треба изгледа на пролет, кога ќе се стопли да си набавиме такво. За М имавме голема када и коритцето го собираше внатре, ама сега имаме туш кабина, па оваа опција ми изгледа како најпрактична. ГЛедав имаше и како столчиња, ама детето затворено од сите страни, некако мислам не можеш убаво да го измиеш, можеш само да го поливаш со водичка, а овие за лежење затоа ми се како попрактични.
[img]http://ecx.images-amazon.com/images/I/71EM6HAD5FL._SX450_.jpg[/img]
Само не знам до која возраст би сакало [sm=duda.gif] да лежи во вакво додека се бања[sm=zmeden.gif]




Kvisko -> RE: Опрема за новороденче (13.11.2015 12:31:48)

Felly јас вакво многу слично имам видено дека се става во нормално корито за да го направиш анатомско и така да бањаш бебе. Едни пријатели така го бањаа бебето додека не почна само да седи потоа го еднуваа во корито за бањање. не знам дали поголемо дете ќе сака да седи во ова. Мене ми е ова баш она што го викаат купко за бебиња.




Felly RR -> RE: Опрема за новороденче (13.11.2015 16:05:52)

Да, се ставаат во кадичка, но исто може и во туш кабина на пр, или во обична када. Сега гледав еве, за до 8 месеци се, или до 8 кг.




Kvisko -> RE: Опрема за новороденче (18.11.2015 15:59:58)

Мамички ај пак да ве прашам.
Колку бодиња и колку шпилкозни имавте на почеток и кои бројчиња купувавте (56 или 62)? Некаде читав дека ми требаат 6-8 бодиња и 6-8 шпилкозни. Дали ми е тоа доволно или да зголемам или намалам. Исто гледав и комплетчиња на горно како бенкица/дуксче и како хелнаки со стапалца па се мислам дека и тоа може да е практично од аспект на слоевито облекување па ако му е топло да остане само по боди. Што мислите?
Исто така се мислам да купам два пешкира или само еден па да чекам некој евентуално да ми донесе уште еден или од почеток да си купам 2 па што е сигурно сигурно е.
Се мислам зашто не сакам да се претргнам од трошење пари за почеток кога се се користи кратко а сепак да не останам со кусок на работи.




Hopeful RR -> RE: Опрема за новороденче (18.11.2015 19:04:52)

Kvisko, свежи ми се овие дилеми, истите работи ме измачуваа, па еве како јас поминав.

Таа бројка на облека е преголема, како што се испостави. Јес дека доаѓа зима, ама не дека бебето се валка па ќе се пресоблекува на секои 5 минути. Плус, новороденче ни се лигави, ни се флека, па да треба толку многу облека. Мислам дека доволни ти се 2-3 бодија без ракави, како рамбовки (јас имам 5 за две бебиња и сосема е доволно), и 2-3 бодија со кратки ракави. Шпилхозни - исто би рекла 2 или 3, со тоа што мене ми е поедноставно боди со долги ракави и пантолончиња со стапалки/хеланки, полесно за пресоблекување, а и тоа што викаш - ако е топло, може да седи по боди. Ако имаш вакви 2 комплети, доволни ти се 2 шпилхозни, нема потреба од повеќе.

Во однос на бројот - 56 е најмало, мислам доволно ти е еден пар шпилхозни 56 за од болница и за првите денови, бидејќи одма ќе го надрасне. Останатите земи ги 62. Е сега, зависи и од кој бренд е бројот - на пр. во H&M, Зара се точни, но оние македонските што ги има во Стружанка и Анжи се преголеми, иако 56.

За пешкир - еден, ич не се мисли. Сигурно ќе ти донесе некој, а и нема ни да ти треба повеќе, и да го переш, одма ќе се исуши. Исто и ќебенце, не земај повеќе од едно, бар за почеток. Ракавички - 2-3 пара, капчиња - 3-4. Е сега, ќе ти требаат повеќе лигавчиња, да речеме 5-6, бидејќи ќе бљуцка и повраќа, и тетра пелени - околу 10-12.

Мислам дека ова е основна количина со која ем ќе бидеш покриена за почеток, ем нема да фрлаш пари без потреба. Облеката одма се израстува и знам дека е мерак, ама подобро да се дадат пари за нешто битно, што ќе трае, отколку за алишта. Во секој случај, ако ептен ти притреба нешто плус, лесно е да се докупи [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Опрема за новороденче (19.11.2015 9:29:03)

Мислам дека доволни ти се 2-3 бодија без ракави, како рамбовки (јас имам 5 за две бебиња и сосема е доволно), и 2-3 бодија со кратки ракави

За зимско бебе не знам колку би користеле боди без ракави. Според мене најпрактични се боди бенкиците со долги ракави - некако и по димензија се соодветни за првите 1-2 месеци, и дебелината на материјалот. Бебе би носело таква боди бенкица плус шпикозна или комплетче бенкиче со ѕивриџки/хеланки.
За почеток 5 такви боди, 2-3 пара шпикозни и 2-3 комплетчиња - сосем доволно.




Kvisko -> RE: Опрема за новороденче (19.11.2015 20:21:58)

Големо фала знаев дека ќе ми ги решите дилемите. Инаку водите планирам со долги ракави да бидат зашто ќе биде ептен зимско бебд.




lolla RR -> RE: Опрема за новороденче (19.11.2015 20:37:57)

Моето се роди крај на јануари и користевме боди на долги и одозгора шпилхозни или комплетчиња. Комплетчињата ми беа покорисни. Имав 5-6 шпилхозни и 3-4 комплети и 6-8 бидиња. Причината беше што може да бљуцне, да му пропушти пелена, да се измочка искака баш при пресоблекување итн итн, па некој ке дојде ке го држи па ке си го пресоблечеш после. Иако кратко носени, со мерак си купував а и доста ми донесоа, па еднаш се такви мали црвци. Моја топла препорака е бодињата и бенкиците да ти се на врзување напред, барем почетните, позгодни се за пресоблекување.

Пешкири си купив 1 мал новороденечки, и 2 големи, од истата причина, знаеше баш да се измоча при бришење, и баш тогаш да не треба машина да се пушти. Тетра 10-15 не е лошо да се има и обавезно памучни дебели пелени/ кебенца за секаде ми се наоѓаат сеуште. Капчиња за после капење 1-2-3 пара исто и ракавички. Неколку лигавчиња ако бљуцка. Кебе едно кое се закопчува и едно поларно за во транспортер. Водонепропустливи подлоги се згодна работа исто така.




Hopeful RR -> RE: Опрема за новороденче (19.11.2015 20:47:41)

Водонепропустливи подлоги за пресоблекување се неопходни, и мене најмногу ми се допаѓаат тие од Стружанка, по 250 ден се. Од непропустливите работи, потребна е и прекривка за душече, што доаѓа под чаршавчето, за секој случај. Тие ги најдов најевтини во Анжи, заборавив точно колку.

Инаку, јас како голем с''клетчија, а исто и бебињата, не ни помислив на комбинација долги ракави со шпилхозни, затоа предложив рамбовки и кратки. Плус дома ако сте со парно, мислам дека нема потреба од толку наоблекување, евентуално за шетање надвор.

Btw, боди бенкици со долги ракави и на врзување има во Анжи, и ич не се скапи. И од Зара боди бенкиците се топ, ни тие не се скапи.




lolla RR -> RE: Опрема за новороденче (19.11.2015 20:57:02)

Хоупфул, знам дека многу облека личи, ние сме со парно дома, но така ни рекоа во Систина, така и правевме. На почетокот нели терморегулацијата им е слаба па да ги облекуваме по еден слој плус од нас. Ние боди на кимони дури сега есенва почнавме активно да користиме, за под тенка блуза на долги. Дури и летото цело го мина во тенки боди на кратки да му ја збираат потта.





Bea -> RE: Опрема за новороденче (2.12.2015 9:40:13)

Падна првиот шопинг за синко и тоа online [sm=smiley36.gif]
Имам роднини во Лондон, а начекав една акција на сајтот на mothercare и од мерак купив некои работи, па ќе ми ги донесат за 2 недели.
Купив пакетче од 5 бодиња со долги ракави, 2 пара шпилхозни, 2 капчиња и едно пакетче со 3 пара пижамчиња, кои веројатно и преку ден ќе си ги носи.
Ќе пукнам од радост [sm=smiley1.gif][sm=smiley27.gif][sm=sloncek.gif]




Kvisko -> RE: Опрема за новороденче (2.12.2015 9:43:56)

Супер за вас. Баш е возбудливо кога ќе се почне. Јас се си купив што мислам дека ќе ми треба за почеток и сега за сега сум решена да не фрлам пари ама а ќе видам нешто убаво на нет ме фаќа некој црв да не треба уште да купувам.
Инаку гледај бодињата да се раскопчуваат целосно да не мора преку глава да му ги облекуваш попрактични биле таквите, барем мене така ми кажаа. Кај нас ги има скоро секаде (ги има на Tritex, Kimiko, Waikiki, Zara). Ви принцип ми рекоа се нека биде со целосно раскопчување по нозе и напред/назад полесно било за облекување. [img]http://www.triteks.mk/uploads/195/variations/0721-200.png[/img]




Bea -> RE: Опрема за новороденче (2.12.2015 10:14:51)

Шпилхозните и пижамчињата се откопчуваат од напред, а бодињата се за преку глава. Меѓутоа бодијата ги земав поголемки малку, за после 3 месеци зошто беа ептен на попуст. Се фаќаше 120 денари боди, а органски памук некој.
За сам почеток планирам да земам баш од овие што ги имаш постирано со странично закопчување.




lolla RR -> RE: Опрема за новороденче (2.12.2015 15:23:27)

Боденца на врзување се закон за почетокот, ко на сликата погоре. Јас и сега имам 2 такви најголем број од тритекс за навечер некогаш ако пресоблекувам па да не му баратм околу главчето многу. Обавезно изнакупете тетри 15 - 20 се наоѓаат за се и сешто.

Ефтини боденца и бенкици на врзување има во стружанка на каспер или некоја скопска фирма беа, по 100 ден ние такви многу искористивме.




Felly RR -> RE: Опрема за новороденче (25.12.2015 20:20:34)

Гледам доста информации сте споделиле за душечиња, па ќе ги префрлам во темата ТУКА, да ни останат попрегледни информациите.




*devojce* -> RE: Опрема за новороденче (12.2.2016 9:31:53)

edno prasanje dali imate info kade moze da se nabavi rezerven precnik za kolicka.Mojata kolicka e cangaroo Dayana, megutoa od istiot tip ima jungle lux i chipolino pa precnicite se isti i odgovaraat, megutoa po nasive bebi marketi nemale rezervni delovi.pa sega za eden precnik nemoam nova kolicka da kupucam,a istovremeno e vazen del od kolickata go stiti bebceto.




lukajana RR -> RE: Опрема за новороденче (28.2.2016 8:03:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mimidjon

Здрaвo мaмички,кaкo сте?Јaс сум труднa сo близнaчињa две ку...цa 6 ти месец ...мaлку ке ве гњaвaм ,мнoгу прaшaњa имaм.Кoличкaтa јa oдбрaв oд чипoлинo твикс мислам се викаше a зa транспортерите сaкaв дa се кoнсултирaм дaли ги кoристевте ...oвa ми е воведoт нa книгата хехе истo зa тoa штo спремaвте зa вo бoлницa ,здравје плaнирaм систинa дa биде и зa пелените дaли и кaкo стававте или сaмo пaмерс.Знaм сите сте зaфaтени нo кoгa ке имaте време еден вoвед зa пoчетoк штo би ми кoристелo штo ми треба..





Hopeful RR -> RE: Опрема за новороденче (28.2.2016 21:33:46)

mimidjon, количката е сосема солидна поготово за цената. Разгледајте и други модели, но јас мислам секако да не трошите многу пари на тоа, сите колички се траскаат, се кинат, се удираат, деца ги бљуцкаат, повраќаат, и мислам дека не треба да се потресуваме за тоа [sm=smiley36.gif] Плус па со близнаци, трошоците се секако огромни и не вредат парите за скапа близначка количка.

Бидејќи нема транспортери за со близначка количка, ние купивме обични на Кидо, ги користевме 2-3 месеци за до лекар и после тоа си ги користевме седиштата во кола кои ни се од 0-18, со посебни подлошки за новороденчиња. Транспортерите ми се нови, ако сакаш ќе ти ги дадам [sm=smiley1.gif]

За во болница, ако се породуваш во Систина не ти треба ништо освен облека со која ќе ги одите дома со бебињата, се друго обезбедуваат од таму. За пелените имаме и посебна тема, но на кратко - близначиња се раѓаат помали и од искуство, подобро им лежат Кан Бебе 1, кои се помали од Памперс 1.

Од облека, не купувај премногу, одма ќе ги надраснат, исто и ќебенца и бањарки. Во однос на креветче - ти треба само едно за првите месеци, понатаму уште едно. Козметика - исто имаме посебна тема, ѕирни и таму искуства на РР мајките. Прашувај што друго те интересира и штеди пари, само тоа можам да кажам [sm=smiley36.gif]




mimidjon -> RE: Опрема за новороденче (29.2.2016 21:16:42)

фала ти хоперфул ,за транспортерите прати ми лична порака по можност и слика и здравје ако ни се допаднат ке ги земем и јас не сум за фрлање пари,количката здравје мајка ми ке ја купела таа на чиполина твикс мене многу ми се допага ептенн а за креветче имам исто од снаа ми и брат ми ново е здраво е зошто внуките само преку ден спиеја во нив и толку а за понатаму здравје ке видиме дали и ке купуваме уште едно.Така да ке глеам да не се расфрлам непотребно,се што можам и од облека од внуките ке искористам боденца ,бемкички...Да во систина здравје ке се порагам зошто со инв.две и да ризикувам овде некако не сум баш за а и матичниве не се ок досега ниту еднаш ме немат видено на ехо ...и така за ова чекам слика [sm=zz_dance.gif] ептен сум возбудена ,гушки до вас




Katterina -> RE: Опрема за новороденче (5.9.2016 6:47:21)

Zdravo na site Sega gi citav spisocite na citatelkite, mnogu pati procitav SVEDSKI PELENI kakvi se tie koi se ako moze nekoja da mi objasni , vi blagodaram od napred vi posakuvam na site so lesnini da si se porodite, inace i jas sum okolu 30nedela :) :* so dusa cekam da si ja gusnam mojata måla princezicka:*




sandriana RR -> RE: Опрема за новороденче (5.9.2016 20:29:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Katterina

Zdravo na site Sega gi citav spisocite na citatelkite, mnogu pati procitav SVEDSKI PELENI kakvi se tie koi se ako moze nekoja da mi objasni , vi blagodaram od napred vi posakuvam na site so lesnini da si se porodite, inace i jas sum okolu 30nedela :) :* so dusa cekam da si ja gusnam mojata måla princezicka:*

Шведски пелени или осмици -
[img]http://tekodoo.com/shop/1275-thickbox_default/peleni-shvedski.jpg[/img]


или помодерна верзија

[img]http://roditeljsrbija.com/wp-content/uploads/daj%20daj%20pelene.jpg[/img]




Страница: <<   < Претходна страница  34 35 36 [37] 38   Следна страница >   >>